|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
AEGEE
Повик за летен универзитет
Студентската организација АЕГЕЕА од Скопје го објавува повикот за студентите за учество на летни универзитети. Летните универзитети претставуваат двонеделен проект, каде 20 до 50 студенти од Европа се собираат на едно место. Во летните универзитети се организираат предавања и работилници за студентите, учење на странски јазици; различни курсеви со посебна тематика, каде посебен акцент се става на мултикултурната соработка како на пример „Да се запознаеме со финската култура„, „Шпанската историја„ или „Грчката митологија„ ; најразлични активности како запознавање со филмот, танцување, готвење, музика, еколошки акции, помош на стари лица. Летните универзитети се случуваат во Европа каде се собираат околу 3000 студенти, од 42 европски земји. Оваа година се организираат 89 летни универзитети.
Која е целта?
Летните универзитети имаат за цел да отворат нова перспектива за учесниците за мултикултурната димензија за европскиот континент, промоција на меѓусебното разбирање меѓу студентите, поместување на националните граници и создавање на единствено европско чувство.
Програма на универзитетите
Програмата претставува клуч на успехот на летните универзитети што привлекува толку многу луѓе. Таа вклучува работилници и предавања, од најразлични области како: историја, литература, култура, филмови, уметност итн. Исто така програмата нуди и можност да се запознаете со традиционалната храна и пијалаци на една земја, да уживате во европската вечер, но и задолжителниот АЕГЕЕ час каде ќе се запознаете со другите култури, а можеби и ќе се откриете себе си! Активните дебати, музиката и младешкиот дух традиционално се дел од програмата на летните универзитети.
Како се аплицира?
Аплицирањето е можно само доколку станете член на АЕГЕЕ Скопје, ќе имате сопствен број за идентификација кој е неопходен за да ја пополните on line апликацијата. Потребно е да се напише мотивационо писмо за секој од трите избрани универзитети.
Кој може да аплицира?
Секој студент може да аплицира без разлика на кој универзитет студира!
Каде може да аплицирате?
Следете го линкот: http://tinyurl.com/6hefxc
Повеќе информации на www.aegee-skopje.org.mk
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|