|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
РОМАНИ ШУКАРИПА-ПРИЛЕП
Здружението на граѓани Романи Шукарипа од Прилеп е формирана во 16.03. 2000 година.
Лице за контакт е Селимоски Тахир, кој е исто така и претседател на Здружението. Телефон: +389 48 423-012; +389 70 590-282; +389 48 427-258; Телефон факс: +389 48 423-012; емаил : romanisukaripa@mt.net.mk Од своето постоење таа има организирано неколку хуманитарни акции во населбата Тризла 2 која се наоѓа во Општина Прилеп. Корисници на помошта беа загрозените лица, невработените, инвалидизирани лица, лица со посебни потреби. Цели на органзиацијата се: Културна еманципација на Ромите од Општина Прилеп; Подигање на степенот на образование на Ромите од Општина Прилеп; Заштита на културно историските традиции на Ромите; Одржување на семинари, трибини за значајот на човековите права и демократијата кај Ромите во Општина Прилеп; Романи Шукарипа-Прилеп има реализирано неколку проекти, од кои би ги издвоиле: Македонско-Ромска соработка, За здрави генерации, Нашата иднина зависи од нашето образование, Што значи човеково право, сите овие проекти се со финансиска поддршка од Фондацијата инстотут Отворено Општество и Швајцарската агенција за развој и обнова,чии проекти одеа преку Центарот за поддршка на НВО-Прилеп. Проектите, Што поголем процент на завршени осмооделенци од Ромска популација, Сите различни но сепак еднакви(изработка на Акционен план на заедницата за населбата Тризла 2-Прилеп), Ајде да учиме(поделба на учебници на 81 ученик од основно и средно образование од Ромска националност. Овие проекти беа финансирани од страна на Институт за трајни заедници-Скопје; Во амплементација се неколку проекти: Граѓански советодавен Центар, чии партнер е Романи Шукарипа, а носител на центрите, кои ги има во повеќе градови и Х.Д.З.Р. “ Месечина” –Гостивар. Социјален клуб , во кој клуб каде што се даваат совети, и брза интервенција од страна на лекар за корисници оштетени од холохаусот. Носител на овој проект е Центар за граѓански иницијатива а Романи Шукарипа е партнер во овој проект. Информативен сервис, каде што секој кој има проблеми, или пак идеи може да се обрави во канцелариите во Романи Шукарипа, која се наоѓа на улица: Авала 16-Прилеп. Носител на овој проект е Центар за граѓански иницијатива а Романи Шукарипа е партнер во овој проект.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|