|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ГПМ, МЦМС и ЦГИ
Семинар за новите даночни одредби за Граѓанските организации
Во име на членките на Граѓанската платформа на Македонија, Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) имаат чест и задоволство да ве поканат на семинар на тема “Новите одредби во даночните закони кои ги засегаат граѓанските организации“ кој ќе се одржи на 28.06.2007 во периодот од 11:00 до 15:00 часот во Фондација за поддршка и развој – Прилеп.
Семинарот е дел од програмата за работа на Граѓанската плаформа на Македонија (2006-2007 г.), ко-финансирана преку проект од Европската унија и раководен од Европската агенција за реконструкција. Семинарот претставува интегрален дел од серија активности во рамките на проектот „Даночни олеснувања за граѓанските организации“, чиј носител и спроведувач е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на компонентата „Подобрување на правната и фискалната рамка за граѓанските организации“.
Претседавач на семинарот е Гоце Тодороски, Извршен директор на ЦГИ, а воведничари се Славко Лазовски, Министерство за финансии и Александар Бужаровски, експерт за сметководство на граѓански организации.
Целта на семинарот е да се запознаат граѓанските организации (ГО) со новините во законите за оданочување на граѓанските организации во земјата. Темите кои ќе бидат предмет на дискусија ќе се фокусираат на повеќе области, меѓу кои: персонален данок и данок на добивка, данок за недвижен имот, данок за подарок и наследување, ДДВ, работа со профит од бизнисите и инвестиционите активности, даночни олеснувања дизајнирани за правните субјекти, итн.
На семинарот, покрај македонските граѓански организации (ГО) членки на ГПМ и останати ГО од Прилеп и земјата, се поканети да земат учество и претставници од Министерство за финансии, Управа за јавни приходи, Одделението за соработка со невладините организации при Владата, локалната самоуправа, деловниот сектор, медиумите и др.
- Пријава за учество (280кб, зип формат)
Повеќе информации за семинарот како и потврда за учество можете да добиете на телефон 3065 – 381 или на е-маил gmh@mcms.org.mk. Лице за контакт во МЦМС е Глигор Михаиловски.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|