|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Презентација на интер партиска парламентарна лоби група за правата на лицата со хендикеп
За достоинствен живот на оние на кои им е потребна помош
Пет до десет отсто од популацијата во Македонија имаат некаков хендикеп, додека околу 500.000 граѓани на нашата земја на директен или индиректен начин се засегнати од сопствениот хендикеп, хендикеп на членот на семејство или хендикеп на својот пријател. Во 2003 година, која беше прогласена за година на хендикепираните лица, за прв пат во Собранието на Македонија се формираше интер партиската лоби група за правата на лицата со хендикеп.
„Според Уставот сите имаат право на достоинствен живот„ рече Лилјана Поповска, пратеничка од редовите на Либерал-демократската партија која е претседател на интер партиска парламентарна лоби група за правата на лицата со хендикеп. „Она што досега постигна интер парламентарната група е донесување на Декларацијата за заштита и унапредување на правата на лицата со посебни потреби, се измени и дополни Законот за вработување на инвалидизирани лица, а од особено значење беше измената во правилникот за набавка на ортопедски помагала со која партиципацијата од 40 отсто се намали на десет отсто”, објасни Поповска.
Во идните планови на интер парламентарната лоби група за правата на лицата со посебни потреби се измени во Законот за просторно планирање и градба и измени во Законот за царина.
Освен измените во законската регулативе значајно е и тоа што е постигнато на полето на промената на свеста на сите граѓани. Се дојде до ниво на свест кога на хендикепираните не се гледа веќе како на маргинална група, туку како на рамноправни граѓани кои имаат право да бидат и се интегративен дел од општеството. Заклучокот е дека набргу ќе бидат надминати сите форми на дискриминација и
маргинализација.
Следните чекори на лоби групата за правата на лицата со посебни потреби во Собранието се системски закон, механизми за имплементација и заштита, а од особена важност се плановите за формирање на Национален совет кој би имал стратегија како да им се помогне на хендикепираните на ниво на државата , како и формирање на Фонд на државно ниво кој ќе биде во функција на лицата со посебни потреби.
Лицата со посебни потреби добија и ветување од парламентарците дека до мај 2005 година, кога за прв пат ќе се одржат денови на македонското Собрание, ќе можат слободно и лесно со количките да влезат во највисокиот законодавен дом. Ветувањето е дека рампата која требаше да биде изградена пред многу години, најпосле ќе се изгради.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|