УНДП објавува
Конкурс за доделување на награди за новинарски запис и фотографија
Канцеларијата на Обединетите нации во Македонија распишува конкурс за најдобар новинарски запис и најдобра фотографија на тема „Сиромаштијата во Македонија“, објавени во печатлив медиум, а по повод одбележувањето на Меѓународната недела за искоренување на сиромаштијата (17 – 24 октомври).
Во рамките на Меѓународната недела за искоренување на сиромаштијата, од 17 до 24 октомври во Македонија ќе се организираат повеќе настани и активности за подигнување на свеста на граѓаните кои ќе бидат фокусирани како на проблемот на сиромаштијата во Македонија, така и на Милениумските развојни цели на Обединетите нации, кои се всушност серија на временски-определени и мерливи развојни цели поддржани од сите земји членки на Обединетите нации, вклучувајќи ја и Македонија.
Првата Милениумска развојна цел е искоренување на екстремната сиромаштија и гладот до 2015 година. Сиромаштијата е проблем кој се провлекува кај сите етнички групи во сите региони во државата. Ова е еден од приоритетните проблеми на владата, меѓутоа во исто време и еден од проблемите на кои се обврзани да работат сите Агенции на Обединетите нации во Македонија.
Напорите кои ги прават новинарите и фотографите за подигнување на свеста за проблемот на сиромаштија се едни од основните начини за подигнување на свесноста и ставање на проблемот на сиромаштија на програмите на различни институции во Македонија.
Оваа година, Канцеларијата на Постојаниот Координатор на Агенциите на Обединетите нации ќе ги додели следните награди:
- За новинарски запис – прва награда од 1,000 УСД, втора награда од 750 УСД и трета награда во вредност од 500 УСД ќе бидат доделени за најдобрите новинарски остварувања од печатените медиуми, каде предност ќе биде дадена на истражувачките стории;
- За фотографија – една награда од 1,000 УСД ќе биде доделена за предлог фотографии. Секој предлог треба да содржи три фотографии, од кои најмалку една е објавена во Македонските медиуми.
Според г. Фроде Мауринг, постојан координатор на УН во Македонија, во конкуренција може да влезат и написи и фотографии објавени на Интернет, кои спаѓаат во групата на печатливи (без видео или мултимедија).
Сториите и фотографиите мора да бидат поврзани со проблемот на „Сиромаштија во Македонија“. Критериумите за селекција ќе бидат базирани на новинарски квалитет, креативност и влијанието на сторијата.
Овој конкурс е отворен само за граѓани на Република Македонија кои работат независно или во некој од Македонските медиуми. Сториите и фотографиите мора да се објавени во Македонија во периодот помеѓу 24 Октомври 2002 и 10 Октомври 2003. Предлозите мора да содржат копија од објавената статија/сторија и референца каде и кога е објавена. Со влегувањето во овој конкурс, натпреварувачите во двете категории прифаќаат дека нивните предлози можат да бидат повторно објавени во различни публикации на ОН.
Краен рок за доставување на предлозите е 10 Октомври 2003. Победникот ќе биде објавен на приемот по повод на Денот на Обединети нации – 24 Октомври, а локацијата ќе биде дополнително определена.
Предлозите, заедно со сите контакт информации треба да бидат испратени до:
Г-ца Џенифер Браун УНДП Скопје Димитрие Чуповски, 8 П. Фах 305 1000 Скопје Тел. 3116-335, локал. 105
|