среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Натписи

   

Панел: Законски механизми за стимулирање на филантропија и финансиска поддршка на граѓанските организации од државни извори

Процентуалниот закон можен и во Македонија

На 3 декември, во организација на Центарот за институционален развој (ЦИРа), во рамките на НВО Саемот се одржа панелот “Законски механизми за стимулирање на филантропија и финансиска поддршка на граѓанските организации од државни извори”.

Катерина Хаџи-Мицева, од Европскиот центар за непрофитно право од Будимпешта, направи споредба на процентуалната легислатива во Централна и Источна Европа. Таа спомна дека Унгарија е првата држава која го воведе процентуалниот механизам, додека Романија последната. Во државите на ЦИ Европа, во земјите кои го воведоа ова, даночниот обврзник одлучува каде да го насочи одредениот износ од платениот данок на некоја одредена организација. Значи однапред се одредува кому и колку ќе издвои од данокот кој треба да го даде на државата (1% - 2%). Така на некој начин државата ги помага граѓанските организации. Катерина Хаџи-Мицева кажа дека Владата на Унгарија го започна целиот процес и го предложи до унгарското собрание. Учинокот на НВО беше многу минимален. Целта на процентуалниот закон е да се зголемат приходите кои се влеваат во нив со цел да се поттикне филантропската култура. Во државите на ЦИ Европа одреден процент можат да дадат и правни и физички лица, зависно од државата. Па и процентот се движи од 1 до 2 %. Корисници можат да бидат различни субјекти, н.пр. во Унгарија и Словачка сите НВО, во Литванија и Полска организации од јавен интерес, црквите, јавни институции и др.

Друг критериум за добивање на овие средства е годината на постоење, регистрацијата, цели, територија во која дејствува итн. Најчесто средствата се користат за неограничени фондови. Во сите држави, совен во Полска постојат посебни формулари каде се пишува кому се даваат средствата, но невладината организација не дознава од кого ги добива средствата. Во Полска се оди во пошта и се уплаќа соодветен процент од данокот на некоја организација. Организациите кога ќе ги добиват средствата ги користат на неограничен период, освен во Полска, каде треба да се искористат во текот на една година. Во весниците се објавуваат активностите и за што се потрошени средствата.

Славко Лазовски од Министерството за финансии спомна дека во Македонија има неколку вида на финансирање на граѓанските организации. Хуманитарните давања на граѓаните се сосема незначителни. Од јавното (државно) финансирање постојат дотации и грантови, но не се практикуваат многу. Има на пример фондови за заштита на животната средина. Како пример ги издвои приходите на Лотарија на Македонија, кои годишно иснесуваат околу 9 милиони евра, но многу мал дел добиваат граѓанските организации. Тој истакна дека владата со одлука ги распоредува средствата од добивките на игри на среќа. Како карактеристики и слабости тој истакна дека има нецелосна правна заокуженост, преголемо администрирање, преголем простор за дискреционо одлучување, тесна рамка на корисници и недоволна транспарентност. Наредната година ќе се донесе нов закон за огри на среќа и ова е можност за интервенција. Исто така би требало да се донесе посебен закон за финансирање на граѓанските организации со одредба за 1% од унгарскиот пример. ЕУ бара јавно финансирање од 40%, а кај нас е 6%.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA