|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Чествување на граѓанските организации во спомен на претседателот Борис Трајковски
Вечен помен за Претседателот
Претседателот Борис Трајковски несебично се залагаше за развој на граѓанското општество, а и самиот членуваше во Здружението на граѓаните „Мајка Тереза“

Во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, на 3 февруари 2004 година се одржа чествување на граѓанските организации во спомен на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Чествувањето се одржа во организација на НВО Парламентот, Здружението на скопјанката „Мајка Тереза“ и Црвениот крст на Македонија, како и други невладини организации.
На чествувањето говореа Владо Димовски, претседател на НВО Парламентот, Стојан Тренчевски, претседател на Здружението „Мајка Тереза“, Јован Дамјановски, претседател на Црвениот крст на Македонија, Љупчо Ефремов од Сојузот на инвалидските заедници на Македонија и други преставници на граѓанскиот сектор.

Сите тие, за последен пат, му оддадоа почит на починатиот претседател кој и самиот беше дел од граѓанскиот сектор во Македонија и кој, како што истакнаа, несебично се залагаше за развој на граѓанското општество. Претседателот Трајковски членувал во Здружението „Мајка Тереза“, а оваа година ја добил и истоимената награда на здружението.
Чествувањето го проследија и неколку Македонци од дијаспората, пред с‘ од Австралија, кои ги пренесоа изразите на сочувство од Македонците раселени во сите континенти.
Во салата каде што се одржа чествувањето, на крајот, беше презентирана видеокасета, досега необјавена во јавноста, на примањето на наградата посветена на мирот „У Тант“ на Обединетите нации, пред две години. У Тант е поранешен генерален секретар на Обединетите нации, а наградата на претседателот Борис Трајковски му ја предава неговиот личен пријател, духовникот Шри Чин Мои.
Д.М. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|