среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2003

   

НВО САЕМ

Упатство за изложбен дел


А. ОПШТ ДЕЛ Цел на упатството Со упатството се уредува начинот на организација на изложбениот дел на 3 НВО Саем – Форум на граѓанското опшетство во Македонија (НВО Саем).

Изложбен дел
Изложбениот дел се состои од:
- штандови на кои граѓанските организации ќе можат да ги изложат своите печатени материјали, фотографии и да ги презентираат резултатите од својата работа.
- постер презентација која е наменета за граѓански организации кои немаат изложбен простор и треба да биде со димензија 90см x 70см (димензија на хамер).
- презентација на публикации
- презентација на постери
- АВ презентација која се состои од компјутерско претставување на организациите во “MC Power Point” програма на видео бим.


Б. ПОСЕБЕН ДЕЛ
Пријавување на учество
 Пријавувањето се врши по писмен пат на за тоа одреден образец.

Избор на учесници
Изборот на учесници во изложбениот дел го врши Организациски одбор на НВО Саемот.

Одговорности на Организацискиот одбор
Организацискиот одбор треба да обезбеди термин, простор и технички услови потребни  за презентација на организациите.
- Основен изложбен простор за презентација, кој изнесува 9м2 и се состои од: изработка на штандови од октанорам систем; дуплекс панел табли, покривање на штандови со теписон, инфо-пулт 2 од 50/50, испишување на име на учесник со блок букви на бараниот јазик, маса со 4 столици, осветлување со рефлектор, довод на електрична енергија.
Доколку организациите имаат поинаква идеа или замисла за изгледот на својот штанд, можат самите да го уредат индивидуално, или во соработка со други организации. Секоја дополнителна опрема (посебно важи за организациите кои имаат штанд над 9м2) дополнително се наплаќа и се организира директно со Скопски саем.
- постер држач, на кој ќе може да се постави постер  со димензии 90см џ 70см (димензија на хамер). 
- Простор за изложување на публикации и постери во рамките на “галерија на постери” и “Галерија на книги”.
- опрема за АВ презентација.
Организацискиот одбор ќе обезбеди и општи информации за изложбениот дел во публикациите и огласите за НВО Саемот.

Одговорности на Учесникот
Учесникот е должен да ја организира сопствената презентација.
Организациите треба сами да ги уредат сопствените штандови и да ги изложат своите материјали за презентација.
Постер презентација ја подготвуваат самите организации на постер со димензии 90см џ 70см (димензија на хамер).  
АВ презентација потребно е да биде подготвена во компјутерската програма “MC Power Point” од страна на организацијата, не повеќе од 20 страници. Презентацијата треба да биде доставена во просториите на МЦМС најдоцна до 14 ноември 2003 година до 12 часот на ЦД. Доколку презентацијата е помала од 1 МБ може да се достави на дискета или на следната е – маил адреса нвосаемЖмцмс.орг.мк.
Организациите се должни самите да обезбедат дополнителна опрема која сметаат дека е потребна.

Трошоци за настанот
Учесникот е должен да ја уплати предвидената партиципација до 14 ноември 2003 година (петок).
Трошоците за учество на НВО Саемот се на сметка на учесникот.

Јазик на изложбениот дел
Работен јазик на изложбениот дел е македонскиот јазик.
Имињата на учесниците ќе бидат испишани на македонски јазик, и на друг јазик кој го употребува учесникот на НВО Саемот.
Употребата на јазиците во изложбениот дел е право и одговорност на учесникот.

 Евиденција на посета
 Посетителите на НВО Саемот се евидентираат, односно бројат.
 Евиденцијата ја организира Организацискиот одбор.

 Регистрација
  Учесниците се регистрираат на 19 ноември од 16 до 21 часот кога можат и да го уредат својот штанд. Можат да се регистрираат исклучиво учесници кои ја имаат подмирено партиципацијата. Потврда за уплатата ќе биде копија од уплатницата која може да се испрати по факс (02 30 65 298) или да се приложи на рецепцијата при регистрација на организацијата.
Со регистрацијата се добива пристап кон одредениот изложбен простор и се добиваат иденфикациски беџови.

Работно време
Изложбениот дел е отворен од 09:30 до 19 часот секој ден за времетраење на саемот.

Специјални настани
Учесникот може да организира посебни промотивни активности.
За вклучување во програмата посебните промотивни активности треба да се најава при регистрацијата.

Ред
Претставниците на учесникот треба да носат идентификациони беџови.
Уредноста на штандот е одговорност на учесникот.

Забрана на продажба на штанд
Забранета е продажба на штандовите, со исклучок кога предметите се поврзани со основната дејност на учесникот и во согласност со позитивните законски норми. (пр. Публикации на организациијата, промотивни маици, беџови, пенкала и сл.).

Забрана за партиска и друга активност
 Учесниците не смеат да вршат дистрибуција на партиски, религиозни и други материјали кои не се во согласност со основната дејност на учесникот.

 Забрана на подзакуп на изложбен простор
 Учесникот може да го употребува изложбениот простор само за сопствена презентација.
 
 Забрана на бизнис промоција
 Учесникот не може да врши бизнис промоција или дистрибуција на рекламен материјал за трговско друштво.
 Учесникот може да го истакне знакот и логото на своите финансиери и донатори.
 
 Обезбедување
 Организациониот одбор не сноси одговорност за загуба, оштетување или кражба на изложени експонати.
 Учесникот е должен да води грижа за изнајмениот простор. Секоја настаната штета паѓа на товар на учесникот.
 Изложбениот дел ќе биде заклучен од 21 до 09 часот секој ден за времетраење на саемот.

 Поради одржување на сесии во изложбениот дел строго е забрането пуштање на музика од индивидуалните штандови.

 Затварање
 Учесникот е должен да го испразни изложбениот простор на 22 ноември од 19 до 22 часот и на 23 ноември од 09 до 12 ч.
 По тој период изложбениот простор ќе биде испразнет од организацискиот одбор.







Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA