|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Како граѓанските организации во регионот мобилизираат ресурси
ДОВЕРБАТА Е ОСНОВНА ВО СОБИРАЊЕТО СРЕДСТВА
Присутните можеа да слушнат за трите примери на прибирање средства за граѓанскиот сектор во Централна и Источна Европа во Бугарија и во Србија и Црна Гора
“Не може да се воспостави одржливост на целиот граѓански сектор туку на индивидуалните граѓански организации”, им порача на присутните Пламен Димитров, претставник на организацијата 3Нет од Бугарија и еден од воведничарите на панелот “Практики и методи за мобилизирање ресурси за индивидуални организации” што го организираше Центарот за инсититуционален развој (ЦИРа).
Осврнувајќи се на искуствата на граѓанскиот сектор во Бугарија, Димитров потенцираше дека граѓанските организации не треба да заборават дека нивниот вистински капитал е довербата што треба да ја имаат со граѓаните. “Довербата”, вели тој, “сигурно ќе донесе пари, но таа, довербата е основна. Поентата на граѓанските организации во ниту еден момент не треба да биде обезбедување фондови заради фондовите, создавањето пари е работа на приватниот сектор, на банките, а не на граѓанските организации”, вели Пламен Димитров.
Според моделот на одржлив капитал на граѓанското општество, силен граѓански сектор помага да се одржи капиталот на граѓанското општество и односите во заедницата на начин кој генерира граѓанска и политичка доверба, посветеност и соработка помеѓу граѓаните и високо ниво на граѓанско ангажирање и партиципација. Така тие создаваат услови за социјална интеграција, јавна свест, акции за развој и демократска стабилност.
Бугарскиот пример покажува дека грижата и напорите за одржливост ги промениле приритетите на граѓанските организации. Додека во 1990 година 60% од фондовите на граѓанските организации биле насочени кон социјалниот развој и зајакнувањето на демократијата, во 2001 година тој процент изнесува само 25%. Од друга страна, фондовите за проекти за локална економија пораснале од 36% на 62%.
Примерот на Партнерството за животна средина во Централна и источна Европа го образложи Вероника Блиски. Партнерството го сочинуваат шест независни фондации од Централна и Источна Европа. Мобилизирањето на средства тие започнале да го прават преку создавање постојан фонд чијашто основица нема да се користи, но средствата за работа на организациите ќе се обезбеди од каматите. Според Блиски, постојаните фондови започнале да се основаат во втората половина на девеесетите години, а само во неколку земји има развиено законска рамка за нив. Погодни се за организациите кои имаат долга историја и планови за работа во следните децении. “Собраните средства мора да се користат за остварување на мисијата на организацијата”, вели Блиска, “во спротивно организацијата може да се соочи со опасноста да ја изгуби довербата на граѓаните”.
Тања Игнатовиќ од Балканскиот фонд за иницијативи во заедницата од Белград се задржа на мобилизирањето ресурси на организациите во Србија. Истражувањето што оваа организација го направила покажало дека граѓаните и другите сектори се заинтересирани да учествуваат во мобилизирањето на средства но дека не постои стратегија за развој на филантропијата, дека не е транспарентен пристапот до локалните донатори, дека нема едноставен начин за организирање на граѓаните и опсегот на теми за кој се обезбедени фондови е многу тесен, првенствено поради рестриктивните даночни регулативи.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|