|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
544 линкови на граѓански организации
ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ МАЛКУ СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ НА ИНТЕРНЕТ
МЦМС ги ажурураше линковите на www.graganskisvet.org.mk . Распоредени во 24 категории на располагање ви се вкупно 544 линкови на граѓански организации. Имајќи предвид дека во Македонија се регистрирани барем 10 пати повеќе граѓански организации и имајќи предвид дека една организација има регистрирано по неколку поддомени, бројот на граѓански организации кои се презентираат преку Интернет е очајно мал.
Иако беа ажурирани сите линкови, посебно внимание беше посветено на линковите со секундарен домен „org.mk“. Според регистарот на МАРНет (Македонски регистратор за интернет поддомени) под овој домен можете да најдете „непрофитни организации и здруженија, политички партии, фондации, синдикати, јавни здравствени организации, фондови и сл., основани според прописите на Република Македонија, странски амбасади, непрофитни странски организации на кои, со меѓународен договор или согласно со закон, им е дозволено да вршат непрофитна дејност во Република Македонија и сл.“. Според истиот извор, до 2008 година регистрирани се вкупно 1156 org.mk интернет поддомени. Од нив, во употреба се 601, додека 555 не функционираат.
Гледајќи ги линковите низ категориите, може да се заклучи дека Интернетот како канал за комуникација и можност за презентација најмногу го користат организациите кои работат на култура и уметност (65), деца, млади и студенти (60), демократија и владеење на правото (55) и образование и наука (51). Овие четири категории сочинуваат 42,4% од вкупниот број на линкови на граѓански организации.
Во групирањето на линковите користена е категоризацијата од Индексот на граѓанското општество, па така 544-те линкови се распоредени на: верски заедници, демократија и владеење на правото, деца, млади и студенти, донаторски организации, економија (вкл. Стопански комори), етнички заедници, жени и родови прашања, животна средина и природа, здравје и здравство, информации, култура и уметност, лица со посебни потреби, меѓународни организации (граѓански), ненасилство и толеранција, образование и наука, развој на граѓанско општество, родољубни организации, рурален развој, синдикати, социјална грижа (хуманитарни), спорт, хоби и рекреација, стари лица, струкови здруженија и други.
Сите функционални адреси се достапни преку менито за линкови. Доколку сакате да ја дополните листата или да укажете на евентуална грешка испратете ни email на: brs @ mcms.org.mk |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|