Македонски центар за меѓународна соработка
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата „Граѓански свет“ ја издава публикацијата „Граѓански практики“. Публикацијата содржи текстови важни за граѓанското организирање односно концепти и методологии на граѓанското организирање.
Заради прибирање на текстовите, МЦМС распишува
Конкурс
1. ТЕМИ
1.1 Волонтерството во Македонија
(Историја на волонтерството во Македонија, добри практики, законска рамка, споредба на концептот со земјите од регионот или пошироко итн.)
1.2 Лобирање и застапување на граѓанските организации
(Историја на лобирањето и застапувањето, добри практики, искуства од регионот или пошироко итн.)
1.3 Имиџот на граѓанските организации во јавноста
(Како јавноста го перципира граѓанскиот сектор и фактори кои придонесуваат за таквата перцепција)
1.4 Одржливост на граѓанските организации
(Фактори на одржливост во Македонија, трендови за финансирање на граѓанските организации, модели на финансирање, законска рамка итн.)
1.5 Заштита на човековите права низ механизмите на граѓанските организации
(Зошто преку механизмите на граѓанските организации, искуства во Македонија и пошироко итн.)
2. ДЕТАЛИ ЗА ТЕКСТОВИТЕ
Текстовите може да бидат: анализа, истражувачка приказна или приказ на случај. Големината на текстовите треба да биде 6-10 страници, напишани со новинарски проред.
Авторите треба да достават структура на текстот, односно содржината на текстот во којашто задолжително ќе бидат наведени: насловот на текстот, проблемите/прашањата коишто ќе се третираат со текстот и одговорите на нив.
Веќе подготвени текстови исто така ќе бидат земени предвид.
3. АВТОРИ
Како автори можат да се појават сите заинтересирани граѓани. Тие треба да достават:
- Биографија, и
- листа на објавени/подготвени текстови (доколку имаат).
Се поттикнуваат студентите и постдипломците кои имаат афинитети кон истражувањата на теми значајни за граѓанскиот сектор, особено поврзани со горенаведените теми.
4. РОК
Доставувањето на потребните документи може да се изврши секој работен ден од 8 до 16 часот во просториите на МЦМС или на адресата: ул. Никола Парапунов бб, п. фах 55, 1060 Скопје, односно e-mail: graganskipraktiki@mcms.org.mk, најдоцна до 20 јули 2004 година.
5. ИЗБОР
Изборот на предлозите ќе го врши комисија на МЦМС. Пријавените ќе бидат известени најдоцна десет дена по завршувањето на конкурсот. Првиот рок за испорака на текстовите, за оние кои ќе бидат избрани, ќе биде 1 октомври 2004 година. МЦМС го задржува правото на забелешки на текстовите и дополнителни консултации со авторите.
6. ФОНД НА КОНКУРСОТ
Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 200.000,00 МКД. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 10.500,00 МКД |