|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Повик за партнерство и соработка
Убиј ги пиштолите
Граѓанската организација “Цивил” упати отворен повик за партнерство и соработка во кампањата за организирање на “Глобалната недела на акција против оруженото насилство” во Македонија која ќе се одржи од 2 до 9 јуни 2008 година. “Цивил” ги поканува сите невладини организации, поединци, неформални групи, уметници, новинари, претставници на локалните и на централните власти и институции во Македонија да го дадат својот глас во полза на глобалните напори да се надмине оруженото насилство и да се спроведе контрола на оружјето преку конкретна акција во нашата земја, на локално и на државно ниво.
Кон глобалната иницијатива на “Меѓународната акциска мрежа за малото оружје (ИАНСА)” граѓанската организација “Цивил” првпат се придружи во текот на кампањата во 2003 година. Основната цел на кампањата е да се запре распространувањето и злоупотребата на малото оружје во светски рамки. Според податоците од документите на ИАНСА, секоја година активистите насекаде низ светот ја користат можноста преку “Глобалната недела на акција против оруженото насилство” да ја зајакнат јавната свест, да се спроведат кампањи за подобрување на законите за оружјето и да се побара построга регулација на меѓународната трговија со оружјето. Во текот на 2007 година акции биле спроведени во повеќе од 60 држави во светот.
Освен “Глобалната недела”, на тематиката поврзана со употребата на оружјето, од 14 до 16 јули 2008 година ќе се одржи “Биенална средба на државите при ОН”, посветена на контролата на оружјето на глобално и на локално ниво.
Главното мото на “Глобалната недела на акција против оруженото насилство” во Македонија е “Пиштолите убиваат, убиј ги пиштолите”. Во текот на “Глобалната недела” предвидено е да се одржи тркалезна маса на темата “Што е потребно да се сопрат пиштолите?”, потоа презентации, кратки состаноци за известување, интерактивни уметнички инсталации, поетска “слам-вечер” за оруженото насилство, видеопроекции, спортски, културни и музички настани. Активностите во текот на “Глобалната недела” ќе се изведуваат во просториите на граѓанската организација “Цивил”, во “Арт кафе” во мултимедијалниот центар “Мала станица” и на плоштадот “Македонија”.
Т.Д.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|