|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Покана за семинар
НОВИТЕ ОДРЕДБИ ВО ДАНОЧНИТЕ ЗАКОНИ КОИ ГИ ЗАСЕГААТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
На 13 јуни 2007 година (среда), од 11 до 14:45 часот, во ресторанот „Парк“, во Куманово, ќе се одржи семинар на тема: „Новите одредби во даночните закони кои ги засегаат граѓанските организации“. Семинарот ќе одговори на прашањата: Кои се новите измени во даночните обврски за непрофитните организации?; Кои видови на приходи се изземени од оданочување?; Дали треба да плаќаме данок на добивка и на приходите од членарина?; Дали на граѓанските организации им е дозволено да вршат трговска дејност? Семинарот е дел од програмата за работа на Граѓанската плаформа на Македонија (2006-2007), ко-финансирана преку проект од Европската унија и раководен од Европската агенција за реконструкција.
Програмата и пријавата за учество се во прилог.
Организатори на настанот, во име на членките на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), се Ромската организација на жени од Македонија „Даја“ – Куманово, и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Претседавач на семинарот е Дилбера Камберовска, претседател на РОЖМ „Даја“, а воведничари се Славко Лазовски, Министерство за финансии, Александар Бужаровски, експерт за сметководство на граѓански организации и Борче Смилевски, ревизорска куќа КПМГ Македонија д.о.о.
На семинарот, покрај македонските граѓански организации (ГО) членки на ГПМ и останати ГО од Куманово и земјата, се поканети да земат учество и претставници од Министерство за финансии, Управа за јавни приходи, Одделението за соработка со невладините организации при Владата, локалната самоуправа, деловниот сектор, медиумите и др.
Ве молиме вашето присуство да го потврдите по телефон 031/413-662, факс 031/423-654 или на e-mail: daja@daja.org.mk најдоцна до 11 јуни 2007 (понеделник).
Прилог: Програма на семинарот Пријава за учество на семинарот
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|