|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Презентација: Пред колапс – социо-економската положба во Штип
Тешка времиња за текстилната индустрија во Македонија
Центарот за истражување и креирање политики ја организира презентацијата “Пред колапс – социо-економската положба во Штип”, која се одржа на 3 декември во Скопски саем, во рамките на НВО Саемот.
Жидас Даскаловски го истакна фактот дека земјите од Југоисточна Азија одат по нагорна линија во производството на текстил и се едни меѓу водечките држави. Тој кажа дека во Кина се применува висока технологија за прозиводство на текстил. Во Штип не може да зборуваме за врвна технологија, а се очекува пад на вработеноста особено по примена на автоматозирано прозиводство.
Веќе во земјите на ЕУ се подготвува стратегија како инвестиција во истражувања, инвестирање во обуки и политика за јавна набавка, царинските процедури. Со влегувањето на Македонија во СТО од 1 јануари 2005 година сите царински квоти за текстилот ќе бидат анулирани. Ќе има заштитни царински стапки за производи од кожа, памук и волна. Додека увозната тарифа за текстил ќе биде според вредноста на производот. Со САД и ЕУ Македонија има потпишано спогодба за извоз.
Презентерите спомнаа дека ќе има неколку предности за Македонија во иднина, како брзата достава (Македонија е поблиску од Кина до ЕУ), од 1 мај 2005 година, кој сака и од било каде може да купат текстилни производи. Кој користи ефтина работна рака ќе има поголема можност за пласирање на нивните евтини производи. Во првите седум месеци од 2004 година бруто платите во текстилната индустрија во Македонија пораснале за 7%. Исто така предност ќе биде и давањето на целосен пакет на услуги. Странските купувачи од локалните фарбики ќе бараат од дизајн до пакување.
За споредба, во Македонија во 1988 година постоеле 126 фабрики со 62,518 вработени, додека само во Штип имало две. Во 2004 година се регистрирани 329 субјекти со 6,213 вработени.
Како друг проблем беше спомнат и недостигот на образовани кадри, текстилни инжињери. Повеќето од вработените се со средно, па дури и со основно образование. Исто така во Македонија нема дизејнерска школа. Во Штип во моментот има 15 текстилни компании. Околу 70% од нив работат врз основа на договор со странските купувачи.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|