|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
НВО Саем Организатори: Метаморфозис, МЦМС
Воведно обраќање: Предизвиците на информатичкото општество – улогата на невладините организации
Организатор: Метаморфозис/МЦМС
Во земјава постојат иницијативи за примена на ИКТ. Пример за тоа е владиниот сектор, каде се промовира концептот за е-влада за да се исполнат условите за евроинтеграција, но и кај граѓанските организации кои од разни аспекти се соочуваат со локалните предизвици, како што се: инфраструктура, недостиг од знаења и на содржини.
Анис Кан од „Можности“ зборуваше за примената на ИКТ во стопанството, користејќи го примерот на текстилната индустрија.
Слободан Поповиќ од Центарот за развој на Интернет од Белград, ги изложи искуствата од воведување Интернет пристап и за лобирањето на тамошните Влади да нема монопол, да се намалат цените и да се најдат алтернативи за примерите како Телеком Србија и слични на нив
Огнен Фирфов од МТ-Нет истакна дека неговата компанија и покрај тоа што е лидер на пазарот во последните 50 години и соработува со многу НВО за спонзорирање или за субвенционирање на своите услуги се надева дека во Македонија ќе се формираат организации, кои ќе го либерализаираат пазарот. Јован Петров од МАНГО, обратно го постави прашањето - не како може информатиката да има влијание врз развојот на граѓанското општество, туку како може граѓанскиот сектор да помогне во развојот на информатичкото општество. Пред тоа, треба да бидат задоволени неколку претпоставки. На пример: нивото на опременост и едуцираност кај лидерските НВО да биде поголемо од средината во која се наоѓаат, а локалната заедница да има елементарен алат за пристап до информациите. Освен можностите да се пристапува до информациите, граѓанските асоцијации ја имаат таа клучна улога да влијаат и врз квалитетот на достапни информации како од граѓански аспект, така и од медиумски, владин, локален и друг карактер.
Филип Стојановски од МЦМС се осврна на некои глобални трендови во примената на ИКТ во функција на развојот и истакна дека станува збор за глобален тренд, крунисан со одржување на Светскиот самит за информатичко општество во Женева во декември, годинава, тој наведе дека во земјава постојат иницијативи за примена на ИКТ, како во владиниот сектор, каде се промовира концептот за е-влада за да се исполнат условите за евроинтеграција, но и кај граѓанските организации кои од разни аспекти се соочуваат со локалните предизвици: инфраструктура, недостаток на знаења и на содржини. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|