(Законот го пренесуваме во нелекторирана форма, како што е дистрибуиран на разгледување.)
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ
Скопје, Јули 2004
-ЗАКОН ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредува: организацијата на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа (во понатамошниот текст: градот Скопје); надлежностите и финансирањето на градот Скопје и на општините во градот Скопје; употребата на јазиците на заедниците во градот Скопје и во општините во градот Скопје; соработката меѓу градот Скопје и општините во градот Скопје; како и други прашања од значење за градот Скопје.
Член 2
Граѓаните во градот Скопје, правото на локална самоуправа го остваруваат преку облиците на непосредно изјаснување и преку демократски избрани органи на градот Скопје и на општините во градот Скопје, на начин утврден со закон.
Член З
Граѓаните на Република Македонија кои имаат постојано живеалиште на подрачјето на градот Скопје се жители на градот Скопје.
Член 4
Градот Скопје и општините во градот Скопје имаат својство на правно лице.
Член 5
Градот Скопје има грб и знаме кои се користат на целото негово подрачје.
Општините во градот Скопје имаат свој грб и знаме, што ги користат истовремено со грбот и знамето на градот Скопје.
Член 6
Одредбите од Законот за локалната самоуправа се однесуваат и на општините во градот Скопје, ако со овој закон не е поинаку уредено.
II ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ
Член 7
на градот Скопје, го сочинуваат подрачјата на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шутро Оризари, во границите утврдени со овој закон.
Член 8
Границата на општина Аеродром започнува од мостот на пруга на реката Вардар (тромеѓе на општините Аеродром, и Гази Баба), и се движи долж Транспортниот центар „Скопје“, по пруга во правец кон Велес до мостот на Маркова Река, продолжува по надворешната граница на КО Долно Лисиче до реката Вардар, свртува спротиводно по реката Вардар до мостот на железничката пруга на реката Вардар (тромеѓе на општините Аеродром, Центар и Гази Баба).
Границата на општина Бутел започнува од западната ограда на Градските гробишта „Бутел“ (тромеѓе на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево), и се движи по улицата „Македонско-косовска 10“ до железничката пруга Скопје Север - Ѓорче Петров, свртува на по железничката пруга до локалниот пат за село Визбегово, односно до тромеѓето меѓу општините Бутел, Шуто Оризари и Карпош, свртува на југ по оградата на касарната „Илинден“ до крстосницата со улиците „Втора македонска бригада“ и „Македонско-косовска бригада“, продолжува на исток по улицата „Втора македонска бригада“ до кртосницата со булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, свртува по булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на југ до Центарот за дератизација и заобиколувајќи го излегува на границата на Парк-шумата „Гази Баба“ (тромеѓе на општините Бутел, Чаир и Гази Баба), се движи по западната граница на Парк-шумата, ја сече улицата „Ферид Бајрам“ и излегува на улицата „Хрватска“, свртува на северозапад по улицата „Хрватска“ до крстосницата со булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, продолжува на север по надворешните граници на КО Бутел, КО Радишани, КО Љуботен, КО Љубанци и повторно се движи по надворешните граници на КО Радишани и КО Бутел до тромеѓето на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево.
Границата на општина Гази Баба започнува од тромеѓето на општините Бутел, Гази Баба и Чаир од став 2 на овој член, и се движи по западната граница на Парк-шумата „Гази Баба“, минува под комплексот на Природно-математичкиот факултет до крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Беласица“ (тромеѓе меѓу општините Гази Баба, Чаир и Центар), свртува по улицата „Беласица“ до мостот на железничката пруга на реката Вардар (тромеѓе на општините Гази Баба, Центар и Аеродром), продолжува по течението на реката Вардар, и по надворешните граници на КО Идризово, КО Јурумлери, КО Трубарево, КО Инџиково, КО Сингелиќ, КО Стајковци, КО Страчинци, КО Црешево, КО Булачани и КО Раштак, продолжува по границата со општина Бутел од став 2 на овој член до тромеѓето на општините Гази Баба, Бутел и Чаир.
Границата на општина Ѓорче Петров започнува од крстосницата на автопатот Скопје - Тетово (пред мостот на реката Вардар), и се низводно по реката Вардар до мостот на проектираната „Циборовски“ („1249“), свртува по улицата „Циборовски“ до со улицата „Ѓорче Петров“, свртува на исток по улица „Пролетерска“ („1462“) до крстосницата со проектираната улица „Ацо Шопов“ и по неа излегува на реката Лепенец, свртува спротиводно по течението на реката Лепенец и продолжува по надворешните граници на катастарските КО Ново Село, КО Волково, КО Орман, КО Никиштане, КО 1, КО Кучково и КО Оризари до крстосницата на автопатот Скопје -Тетово (пред мостот на реката Вардар).
Границата на општина Карпош започнува од железничкиот мост на реката Лепенец, и се движи по границата кон општина Ѓорче Петров од ставот 4 на овој член, до локалитетот Лака на река Вардар, продолжува по надворешните граници на катастарските општини КО Горно Нерези, КО Горно Водно, односно по сртот на планината Водно до месноста Теферич (тромеѓе на општините Карпош, Кисела Вода и Сопиште), свртува на северозапад до над Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија-ИЗИИС (тромеѓе меѓу општините Карпош, Кисела Вода и Центар), продолжува по проектираната јужна обиколница на градот Скопје до улицата „550“,свртува по неа до крстосницата со улицата „Козле“, оди по улицата „Козле“ до крстосницата со проектираната улица која поминува помеѓу населбите Козле и Капиштец и излегува на крстосницата на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Рузвелтова“, продолжува по улица „Рузвелтова“ го сече булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Илинденска“, продолжува по пешачката улица помеѓу Зоолошката градина и првиот дел на Градскиот парк, минува преку пешачкиот мост на реката Вардар свртува спротиводно по реката Вардар, излегува на булеварот „Никола Карев“, свртува на исток по булеварот „Никола Карев“ до влезот на касарната „Илинден“ (тромеѓе меѓу општините Карпош, Центар и Чаир), продолжува по источната ограда на касарната до железничката пруга Скопје Север - Ѓорче Петров (тромеѓето меѓу општините Карпош, Бутел и Шуто Оризари), продолжува по локалниот пат за село Визбегово, по надворешните граници на КО Визбегово и КО до реката Лепенец (тромеѓе на општините Карпош, Ѓорче и Чучер Сандево) и по реката Лепенец до мостот на железничката пруга.
Границата на општина Кисела Вода започнува од надвозникот на пруга и улицата „Трета македонска ударна бригада“ (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар), и се движи по трасата на старата железничка пруга до надвозникот на булевар „Кочо Рацин“, се движи по улицата „Бихачка“, улицата „Црниче“ („437“) и улицата „346“ и излегува над Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија - ИЗИИС, односно на тромеѓето на општините Центар, Карпош и Кисела Вода, продолжува по границата на Парк-шума "Водно" до локалитетот Теферич, продолжува по катастарската граница на КО Сопиште, продолжува по надворешните граници на КО Усје и КО Драчево до железничката станица Драчево, свртува на северозапад по железничката пруга Скопје-Велес, како граница кон општина Аеродром до надвозникот на улицата „Трета македонска ударна бригада“ (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар).
Границата на општина Сарај започнува од крстосницата на автопатот Скопје-Тетово (пред мостот на реката Вардар), и се движи по надворешните граници на КО Кондово, КО Долно Свиларе, КО Горно Свиларе, КО Рудник Радуша, КО Дворце, КО Радуша, КО Копаница, КО Бојане, КО Ласкарци, КО Паничари, КО Раовиќ, КО Чајлане, КО Матка, КО Шишево, КО Грчец и КО Крушопек до реката Вардар (локалитет Лака) и спротивбдно по реката Вардар до крстосницата на автопатот Скопје -Тетово ( пред мостот на реката Вардар).
Границата на општина Центар започнува од крстосницата на улицата „Иво Лола Рибар“ со улицата „Рузвелтова“, и се движи по границата со општина Карпош од ставот 5 на овој член до булеварот „Никола Карев“ и по него на исток до крстосницата со улицата „Славеј Планина“, продолжува по улицата „Славеј Планина“ излегува на улицата „Самоилова“, свртува пред споменичкиот комплекс „Св.Спас“ по улицата „Лазар Танев“, продолжува по улицата „Подградец“ до надвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, свртува лево по булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Крсте Мисирков“, свртува на север по булеварот „Крсте Мисирков“ до булеварот „Никола Карев“, свртува на исток по булеварот „Никола Карев“ до крстосницата со улицата „Беласица“, свртува на југ по улицата „Беласица“ и излегува на реката Вардар на тромеѓето на општините Центар, Гази Баба и Аеродром, и по границата со општините Аеродром и Кисела Вода од ставовите 1 и 6 на овој член до крстосницата на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Рузвелтова“.
Границата на општина Чаир започнува од булеварот „Никола Карев“ кај влезот на касарната „Илинден“, и се движи по границата кон општина Центар од ставот 8 на овој член, до крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Беласица“ (тромеѓе меѓу општините Чаир, Центар и Гази Баба), продолжува по границата со општина Гази Баба од став 3 од овој член, до Центарот за дератизација (тромеѓе помеѓу општините Чаир, Гази Баба и Бутел), продолжува по границата со општина Бутел од ставот 2 на овој член до тромеѓето на општините Чаир, Бутел и Карпош, продолжува по источната ограда на касарната „Илинден“ до крстосницата пред влезот на касарната „Илинден“.
Границата на општина Шуто Оризари започнува од тромеѓето на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево и се движи по границата кон општина Бутел од ставот 2 на овој член, до тромеѓето на општините Шуто Оризари, Бутел и Карпош, продолжува по локалниот пат од железничката пруга Скопје Север-Ѓорче Петров кон село Визбегово, продолжува по надворешната граница на КО Горно Оризари до тромеѓето на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево .
Член9
Во градот Скопје, надлежностите во областите утврдени со Уставот ги извршуваат органите на градот Скопје и органите на општините во градот Скопје,
Работите од локално значење што се функционално неделиви и подеднакво значајни за целото подрачје на градот Скопје, ги вршат органите на градот Скопје.
Работите од локално значење што се функционално деливи по својот карактер и се од значење за општините во градот Скопје, ги вршат органите на општините во градот Скопје.
III НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ
а) Надлежности на градот Скопје
Член 10
Надлежности, односно работи од јавен интерес од локално на градот Скопје се :
1. Планирање и уредување на просторот
- донесување просторен план на градот Скопје;
- донесување генерален урбанистички план на градот Скопје;
- давање мислење за предлогот на деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места што ги донесуваат општините во градот Скопје ;
- уредување градежно земјиште;
- утврдување стандарди и давање согласност за поставување објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје.
2. Заштита на животната средина и природата;
- заштита, превземање мерки и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење на подрачјето на градот Скопје.
3. Локален економски развој
- планирање на локалниот економски развој на градот Скопје;
- утврдување развојни и структурни приоритети на ниво на градот Скопје ;
- водење локална економска политика на ниво на градот Скопје;
- утврдување стратегија и давање поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото;
- развој и поттикнување алтернативен и културен туризам;
- подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје и туристичко пропагандно информирање.
4. Комунални дејности
- изградба, користење, заштита и одржување на магистрални и
собирни улици и други инфраструктурни објекти;
- категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади,
мостови и други инфраструктурни објекти;
- снабдување со вода за пиење од единствениот водоснабдителен
систем на градот Скопје;
- одведување и пречистување на отпадните води;
- одведување и испуштање на атмосферските води;
- обработка и испорака на технолошката вода;
- изградба и одржување на јавното осветлување на магистралните
и собирните улици на подрачјето на градот Скопје
- собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид на неопасен отпад;
- одржување на депониите за комунален и друг вид на неопасен отпад;
- уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз
на патници;
- одржување на јавната чистота на јавните сообраќајни површини;
- одржување и користење на градските паркови, парк-шумите на
подрачјето на градот Скопје, водените и спортско-рекреативни зони,
утврдени со генералниот урбанистички план и други заштитени подрачја
во согласност со закон;
- одржување на зеленилото на магистралните и собирните улици;
- изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од
значење за градот Скопје, утврдени со урбанистички план;
- поставување, замена, отстранување и одржување на сообраќајните
знаци и заштитната опрема на локалните патишта и улици;
- утврдување услови и режим на сообраќајот на подрачјето на градот Скопје;
- одржување на гробовите, гробиштата, крематориумите и давање
погребални услуги на градските гробишта, утврдени со урбанистички план;
- снабдување со природен гас и топлинска енергија;
- изградување, водење, одржување и користење на единствен географски информационен систем на градот Скопје;
- регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови;
- дезинсекција на подрачјето на градот Скопје;
- изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на градот Скопје;
- ерадикација на животните скитници;
- определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување;
- украсување на градот Скопје.
5. Култура
- институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти од значење за градот Скопје;
- негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
- организирање културни манифестации; поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
- одбележување на настани и личности од значење за градот Скопје;
6. Образование
- основање, финансирање и учество со свои претставници во органите на управувањето на јавните средни училишта на подрачјето на градот Скопје, во согласност со закон;
- именување директори на јавните средни училишта и на ученичките домови, во согласност со закон;
- организирање превоз, исхрана и сместување на ученици во ученичките домови, во согласност со закон.
7. Спорт
- обезбедување услови за развој на квалитетен спорт во градот Скопје;
- организирање, поттикнување и помагање спортски манифестации и приредби од значење за градот Скопје;
- изградба и одржување на спортски објекти од значење за градот Скопје.
8. Социјална и детска заштита
- остварување на социјална грижа за инвалидни лица; деца без
родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми, деца
со посебни потреби, деца од еднородителски семејства, деца на улица,
лица изложени на социјален ризик, лица засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик;
- сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи - домови за стари лица, во согласност со закон;
- сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи - детски одморалишта , во согласност со закон;
- учество со свои претставници во органите на управување во јавните установи за деца - детски градинки, на подрачјето на град Скопје, во согласност со закон.
9. Здравствена заштита
- учество во управувањето со мрежата на јавните здравствени организации и објектите за примарна здравствена заштита од значење за градот Скопје;
- преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
- здравствено воспитување;
- унапредување на здравјето;
- превентивни активности;
- здравствен надзор над животната средина и над заразните болести.
- помош на пациенти со специјални потреби.
10. Заштита и спасување
- координација на активностите за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;
11. Противпожарна заштита
- противпожарна заштита на подрачјето на градот Скопје.
12. Надзор
- надзор над вршењето на работите од надлежност на градот Скопје.
Мислењето од ставот 1, точка 1, алинеја 3 на овој член, градот Скопје го дава најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на предлогот на планот, а доколку во овој рок истото не се даде, ќе се смета дека е дадено позитивно мислење.
Надлежноста од ставот 1, точка 4, алинеја 15 на овој член се врши во согласност со органот на државната управа надлежен за работите од сообраќајот.
Органите на градот Скопје можат да вршат и други работи определени со закон.
Член11
Градот Скопје во вршењето на работите од своја надлежност, донесува и обезбедува примена на единствена регулатива, се грижи за исто ниво на услуги и подеднаква достапност до граѓаните, со примена на исти стандарди.
Член 12
Градот Скопје, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, има право на подрачјето на градот Скопје да ги врши работите од јавен интерес од значење за градот Скопје, што не се исклучени од неговата надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
Член 13
Градот Скопје , за вршење на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежност, може да основа јавни служби, во согласност со закон.
Член 14
Градот Скопје ги врши и работите што произлегуваат од карактерот на градот Скопје, како главен град на Република Македонија.
На градот Скопје, како на главен град на Република Македонија, Републиката може да му даде определени права или да му довери вршење определени работи.
б) Надлежности на општините во градот Скопје
Член 15
Надлежности, односно работи од јавен интерес од локално значење на општините во градот Скопје се :
1. Планирање и уредување на просторот:
- покренување иницијативи за донесување, измена и дополнување на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
- давање мислења по нацртите на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје
- донесување детални урбанистички планови и урбанистички планови за населените места во општината;
- спроведување урбанистички планови и проекти и издавање документација за изградба на објекти од локално значење (услови за градба, урбанистичка согласност, одобренија за градење);
- издавање одобренија за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема;
- уредување на градежно земјиште во делот на опремување на градежното земјиште со објекти и инсталации од секундарната инфраструктура.
2. Заштита на животната средина и природата
покренување иницијативи и преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и од нејонизирачко зрачење.
3. Локален економски развој
- планирање на локалниот економски развој на општината;
- утврдување развојни и структурни приоритети на општината;
- поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото во општината.
4. Комунални дејности
- изградба, одржување, реконструкција и заштита на сервисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти;
- одржување на јавната чистота на сервисните и станбените улици;
- организирање, изнесување и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад;
- изградба и одржување на јавно осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината;
- одржување на гробовите и гробиштата и давање погребални услуги на општинските гробишта утврдени со урбанистички план;
- изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината утврдени со урбанистички план;
- одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбените улици;
- отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини;
- одржување и користење на јавните пазари;
- дезинфекција и дератизација;
- изградба и одржување на јавни санитарни јазли.
5. Култура
- институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти од значење за општината;
- негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
- организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
- одбележување на настани и личности од значење за општината;
6. Образование
- основање, финансирање и учество во управувањето со основните
училишта на нејзиното подрачје, во согласност со закон;
- именување директори на основните училишта, во согласност со закон;
- превоз и исхрана на учениците во училиштата од нејзина надлежност, во согласност со закон.
7. Социјална и детска заштита
- сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи за деца - детски градинки , во согласност со закон;
- преземање мерки од областа на социјалната заштита во согласност со закон.
8. Здравствена заштита
- преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
- здравствено воспитување;
- унапредување на здравјето;
- превентивни активности;
- здравствен надзор над животната средина и над заразните болести.
- помош на пациенти со специјални потреби.
9. Заштита и спасување
- заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од неа.
10. Надзор
- надзор над вршењето на работите од надлежност на општината.
Плановите од ставот 1, точка 1, алинеја 3 на овој член општината ги донесува по претходно добиено позитивно мислење од градот Скопје и согласност од органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот.
Работите од ставот 1, точка 1, алинеја 5 на овој член се вршат во согласност со утврдени стандарди, а по претходно добиена согласност од градот Скопје.
Работите од ставот 1, точка 4 алинеа 3 на овој член се вршат во согласност со градот Скопје.
Работите од ставот 1, точка 9 на овој член се вршат во соработка со градот Скопје.
Член 16
Градот Скопје е должен за сите покренати иницијативи и дадени предлози од општините во градот Скопје да заземе став и за тоа да ја извести општината во градот Скопје.
Член 17
Општините во градот Скопје, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на подрачјето на општината да ги вршат работите од јавен интерес од значење за општината, што не се исклучени од нивната надлежност, не се во надлежност на органите на државната власт или во надлежност на органите на градот Скопје.
Член 18
Општините во градот Скопје, за вршење на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежност, можат да основаат јавни служби, во согласност со закон.
IV ОРГАНИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ
Член 19
Органи на градот Скопје и на општините во градот Скопје се: совет и градоначалник.
Член 20
Советот на градот Скопје го сочинуваат 45 членови.
Бројот на членовите на советите на општините во градот Скопје се утврдува во согласност со закон.
Член 21
Право да бидат избрани за членови на советот на градот Скопје и за градоначалник на градот Скопје имаат жителите на градот Скопје.
Право да бидат избрани за членови на советот на општина во градот Скопје и за градоначалник на општина во градот Скопје имаат жителите на градот Скопје со постојано живеалиште на подрачјето на општината каде се врши изборот.
V ФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ
Член 22
Градот Скопје и општините во градот Скопје се финасират од сопствени извори на приходи, приходи од даноци, приходи од Буџетот на Република Македонија и буџетите на фондовите, приходи од задолжување во согласност со закон и од други приходи утврдени со закон.
Член 23
Заради обезбедување рамноправни услови за функционирање на општините во градот Скопје и задоволување на заедничките потреби на граѓаните во градот Скопје се формира Заеднички фонд на градот Скопје и на општините во градот Скопје ( во понатамошниот текст: Заеднички фонд).
Заедничкиот фонд на градот Скопје и на општините во градот Скопје се формира од средствата од персоналниот данок на доход, комуналната такса за фирма и комуналната такса за користење на улиците со патнички, товарни и приклучни возила и други средства, во согласност со закон.
Градот Скопје и општините во градот Скопје приходите од Заедничкиот фонд ги остваруваат согласно со методологија за распределба на средствата од Заедничкиот фонд.
Методологијата од ставот 3 на овој член ја донесува министерот за финансии.
а) Извори на приходи
Член 24
Сопствени извори на приходи на Ггадот Скопје и општините во градот Скопје се:
- локални даноци ( данок на имот; данок на промет на недвижности;
данок на наследство и подарок; други локални даноци утврдени со закон);
- локалните такси ( комунални такси, административни такси и други локални такси утврдени со закон);
- локалните надоместоци (надомест за уредување на градежно земјиште; надомест од комунална дејност; надомест за просторни урбанистички планови; други локални надоместоци утврдени со закон);
- приходите од сопственост (приходи од закупнина на имот; приходи
од камати; приходи од продажба на имот);
- приходи од самопридонес;
- приходи од казни утврдени со закон;
- приходи од донации;
- други приходи утврдени со закон.
1.) Приходи од локалните даноци
Член 25
Приходите од локалните даноци се приход на градот Скопје и општините во градот Скопје и се распределуваат меѓу градот Скопје и општините во градот Скопје.
Член 26
Приходот остварен по основ на најниската даночна стапка за данокот на имот, данокот на наследство и подарок и данокот на промет на недвижности, утврдена со закон, се распределува во сооднос 50% за градот Скопје и 50% за соодветната општина во градот Скопје.
Член 27
Градот Скопје може да утврди повисока стапка на данокот на имот од најниската стапка на данокот на имот утврдена со закон, најмногу до 0.05 %.
Општините во градот Скопје можат да утврдат повисока стапка на данокот на имот од најниската стапка на данокот на имот утврдена со закон , најмногу до 0.05%.
Приходите остварени по основот од ставот 1 на овој член се приход на градот Скопје.
Приходите остварени по основот од ставот 2 на овој член се приход на општината во градот Скопје.
Член 28
Градот Скопје може да утврди повисока стапка на данок на промет на недвижности од најниската стапка на данок на промет на недвижности, утврдена со закон, најмногу до 1 %.
Општините во градот Скопје можат да утврдат повисока стапка на данок на промет на недвижности од најниската стапка на данокот на промет на недвижности, утврдена со закон, најмногу до 1 %.
Приходите остварени по основот од ставот 1 на овој член се приход на градот Скопје.
Приходите остварени по основот од ставот 2 на овој член се приход на општината во градот Скопје.
Член 29
Градот Скопје ја утврдува стапката на данокот на наследство и подарок во рамки утврдени со закон и ги прибира средствата како приход на градот Скопје и на општините во градот Скопје
Средствата од ставот 1 на овој член се распределуваат во сооднос 50% за градот Скопје и 50% и за соодветната општина во градот Скопје.
2.) Приходи од други даноци
Член 30
Градот Скопје и општините во градот Скопје остваруваат приход од персонален данок на доход согласно со закон.
Приходите од ставот 1 на овој член се приход на Заедничкиот фонд .
Член 31
Распоредувањето на приходите на градот Скопје и општините во градот Скопје од други даноци пропишани со закон, се утврдува со посебните закони.
3.) Приходи од комуналните такси
Член 32
Комуналните такси од кои градот Скопје и општините во градот Скопје остваруваат приходи се:
- такса за фирма ,односно назив на деловна просторија;
- такса за користење на улици со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли;
- такса за користење на површини во кампови за подигање на шатори и друга слична привремена употреба;
- такса за користење музика во јавните локали;
- такса за користење на простор пред деловна просторија за вршење дејност;
- такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места;
- такса за поставување на витрини за изложување на стоки надвор од деловните згради;
- такса за користење на плоштадите и друг простор во градовите и другите населени места со цел за изложување предмети, приредување изложби и други забавни приредби за вршење на дејност;
- такса за користење и одржување на јавното осветлување;
- други комунални такси утврдени со закон
Член 33
Приходите од комуналните такси, како приход на градот Скопје и општините во градот Скопје се распределуваат меѓу градот Скопје и општините во градот Скопје.
Член 34
Градот Скопје ја утврдува таксата за фирма, односно назив на деловни простории и таксата за користење на улици со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли во рамки утврдени со закон.
Средствата од ставот 1 на овој член се распределуваат во сооднос 50% за градот Скопје и 50% во Заедничкиот фонд.
Член 35
Градот Скопје ја утврдува таксата за користење на површини во кампови за подигање на шатори и друга слична привремена употреба и таксата за користење на музика во јавните локали во рамки утврдени со закон.
Средствата од ставот 1 на овој член ги прибира градот Скопје.
Средствата од ставот 1 на овој член се распределуваат во сооднос 70% за градот Скопје и 30% за општините во градот Скопје.
Член 36
Градот Скопје и општините во градот Скопје во рамки утврдени со закон, утврдуваат::
- такса за користење на простор пред деловна просторија за вршење дејност;
- такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места;
- такса за поставување на витрини за изложување на стоки надвор од
деловните згради;
- такса за користење на плоштадите и друг простор во градовите и дугите населени места со цел за изложување на предмети, приредување изложби и други забавни приредби за вршење на дејност.
Таксите од ставот 1 на овој член се прибираат од градот Скопје или од општините во градот Скопје , во зависност од тоа кој е надлежен за одржување на јавниот простор што се користи.
Член 37
Комуналната такса за користење и одржување на јавното осветлување се утврдува и прибира во согласност со закон.
4.) Приходи од административните и од други локални такси
Член 38
Приходите од административните и од други локални такси утврдени со закон кои се во врска со вршење на работи од надлежност на градот Скопје, се приход на градот Скопје.
Приходите од административните и од други локални такси утврдени со закон кои се во врска со вршење на работи од надлежност на општината во градот Скопје, се приходи на општината.
5.) Приходи од надоместоци
Член 39
Приходите од локалните надоместоци како приход на градот Скопје и на општините во градот Скопје се распределуваат меѓу градот Скопје и општините во градот Скопје.
Член 40
Приходите од надоместокот за уредување на градежно земјиште се распределуваат во сооднос 60% за градот Скопје и 40% за општината во градот Скопје во која се уредува градежното земјиште.
Приходите од надоместоците од комунална дејност, надоместоците за просторни и урбанистички планови и од други надоместоци, утврдени со закон кои се во врска со вршење на работи од надлежност на градот Скопје, се приход на градот Скопје.
Приходите од надоместоците за комунална дејност, надоместоците за просторни и урбанистички планови и други надоместоци, утврдени со закон кои се во врска со вршење на работи од надлежност на општината, се приходи на општината
6.) Приходи од Буџетот на Република Македонија, буџетите на фондовите и од други приходи
Член 41
Градот Скопје и општините во градот Скопје од Буџетот на Република Македонија и од буџетите на фондовите добиваат:
- наменски дотации;
- блок дотации;
- капитални дотации;
- дотации за делегирани надлежности.
Член 42
Приходите од сопственост на градот Скопје се приход на градот Скопје.
Приходите од сопственост на општината во градот Скопје се приход на општината.
Член 43
Приходите од самопридонес што го распишал градот Скопје се приход на градот Скопје.
Приходите од самопридонес што го распишала општината во градот Скопје се приход на општината.
Член 44
Приходите од казни утврдени со закон се приход на градот Скопје или на општината во градот Скопје, согласно со одредбите од посебните закони.
Член 45
Приходите остварени од донации на градот Скопје се приход на градот Скопје.
Приходите остварени од донации на општините во градот Скопје се приход на општината.
Со приходите од донации градот Скопје и општините во градот Скопје самостојно располагаат.
Член 46
Другите приходи утврдени со закон, се приход на градот Скопје и приход на општините во градот Скопје, согласно со одредбите од посебните закони.
7.) Задолжување
Член 47
Градот Скопје и општините во градот Скопје можат да се задолжуваат во земјата и во странство според услови утврдени со закон.
Градот Скопје и општините во градот Скопје можат во согласност со закон да даваат гаранции и да преземаат обврски кои произлегуваат од долгорочни заеми на јавните претпријатија што тие ги основале.
б) Наплата на приходите
Член 48
Работите на утврдување и наплата на локалните даноци на градот Скопје и општините во градот Скопје ги врши даночната администрација на Градот Скопје.
Работите на утврдување и наплата на таксите и надоместоците кои се приходи на градот Скопје ги врши даночната администрација на градот Скопје.
Работите на утврдување и наплата на таксите и надоместоците кои се приходи на градот Скопје и општините во градот Скопје ги врши даночната администрација на градот Скопје.
Работите на утврдување и наплата на таксите и надоместоците кои се приходи на општините во градот Скопје ги врши даночната администрација на општинита.
Работите од ставот 4 на овој член општините во градот Скопје можат да му ги доверат на градот Скопје.
Даноците, таксите и надоместоците кои се наплатени од даночната администрација на градот Скопје, а се приход на општините во градот Скопје се распределуваат месечно.
Член 49
Градот Скопје доставува до општините во градот Скопје квартални извештаи за наплатата и распределувањето на приходите.
VI УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ И ВО ОПШТИНИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ
Член 50
Во градот Скопје службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Во градот Скопје покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, службен јазик е и јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од жителите на градот Скопје.
За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на градот Скопје, одлучува Советот на градот Скопје.
Прописите кои се однесуваат на употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на градот Скопје, се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Советот на на градот Скопје, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство жители во градот Скопје.
Член 51
Во општините во градот Скопје службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Во општините во градот Скопје покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, службен јазик е и јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од жителите во општината.
За употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите во општините во градот Скопје одлучува советот на општината.
Прописите кои се однесуваат на употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на општината, се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните членови на советот на општината , при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство жителите во општината.
VII ОДНОСИ И СОРАБОТКА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ
Член 52
Во вршењето на работите од својата надлежност градот Скопје и општините во градот Скопје остваруваат меѓусебна соработка преку:
- размена на материјали од своја надлежност заради меѓусебно информирање или давање согласност;
- иницирање на акти и мерки за уредување на работи од заеднички интерес за градот Скопје;
- преземање заеднички акции и мерки за решавање и вршење на работи од своја надлежност;
- давање стручна помош во извршувањето на закони и други прописи.
Член 53
За остварување на меѓусебна соработка на градоначалникот на градот Скопје и градоначалниците на општините во градот Скопје се основа Координативно тело на градоначалници (во понатамошниот текст Координативно тело).
Координативното тело го сочинуваат градоначалникот на градот Скопје и градоначалниците на општините во градот Скопје или од нив овластени преставници.
Со Координативното тело раководи градоначалникот на градот Скопје.
Член 54
Координативното тело:
- разгледува и дава препораки за прашања од заеднички интерес на градот Скопје и општините во градот Скопје во насока на одржлив и хармоничен развој на градот Скопје и општините во градот Скопје;
- ги усогласува стратегиите и плановите кои влијаат на развојот на
градот како единствена просторна и функционална целина;
- задолжително ги усогласува ставовите во врска со деталните и
генералниот урбанистички план, плановите за јавниот превоз, техничките
инфраструктурни планови, администрирањето и наплатата на сопствените
приходи, приходните и расходните потреби на градот и општините;
- донесува деловник за својата работа.
Член 55
Координативното тело одржува седница најмалку еднаш во месецот. Седниците се подготвуваат и организираат од страна на администрацијата на градот Скопје.
VIII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 56
На наредните локални избори за избор на членови на советот на градот Скопје, бројот на членовите на советот на градот Скопје ќе се определува согласно со членот 20, став 1 од овој закон.
Член 57
Конститутивната седница на новооснованите општини во градот Скопје ќе ја свика претседателот на советот од претходниот состав на општината од која произлегла новата општина.
Член 58
Просторни, материјално-технички услови и други средства за отпочнување со работа на новооснованите општини во градот Скопје ќе се обезбедат од средствата од приходите остварени над утвредниот износ согласно Законот за ограничување на изворните приходи за финансирање на јавните потреби за 2004 година.
Висината, начинот и условите за користење на средствата од став 1 на овој член ќе ги утврди Владата на Република Македонија.
Член 59
Органите на новооснованата општина до обезбедување на услови за отпочнување со работа, ќе работат во просториите на општината од која произлегле.
Административните работи за новооснованата општина до донесување на акт за организација и систематизација, ќе ги врши општинската администрација на општината од која произлегла новоснованата општина.
Член 60
Во рок од 60 дена од денот на конституирањето на советите на општините на новооснованите општини и општините од кои произлегле ќе се изврши делбен биланс на недвижниот имот според местоположбата односно припадноста на имотот на подрачјето на соодветната општина.
Делбениот биланс ќе го спроведе комисија формирана од Владата на Република Македонија од претставници на општините од став 1 на овој член и претставник на Владата на Република Македонија
Член 61
Општините во градот Скопје од кои произлегле новоформираните општини, се должни документацијата, евиденцијата и архивата во врска со работите од надлежност на новоформираните општини, да им ги предадат во рок од 30 дена од денот на конституирањето на советите на општините
Член 62
Предметите и започнатите постапки кои не се завршени а се во надлежност на новоформираните општини, ќе ги преземат и завршат новоформираните општини, во согласност со закон
Член 63
Вработувањата во новооснованата општина согласно актите за организација и систематизација на работните места во општинската администрација, може да се врши по претходно дадено позитивно мислење од Агенцијата за државни службеници и обезбедени средства во буџетот на новооснованата општина
Член 64
Методологијата од член 23 став 3 на овој закон ќе се донесе во рок од 3 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 65
Градот Скопје и општините во градот Скопје ќе ги донесат или усогласат општите акти во рок од 3 месеци од денот на конституирањето на советите на градот Скопје и на општините во градот Скопје.
Член 66
Со почетокот на примената на овој закон, престанува да важи Законот за Градот Скопје („Службен весник на РМ“ бр. 49/96 и 53/01).
Член 67
Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од наредните локални избори.
|