|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
3 НВО САЕМ – ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
Мобилизација на граѓанското општество – примарна цел на НВО-секторот
Првата носечка тема во Форумскиот дел на 3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија “Како до мобилизација на граѓанското општество?” е посветена на процесот на вмрежување на граѓанските асоцијации - начин на работа кој е се’ поактуелен, посебно поради ефикасни примери на мрежи кои се активираа околу специфични прашања.
Македонија се соочува со предизвикот на Рамковниот договор, сиромаштијата, реформите во јавната администрација и сервисите. Целта на форумската расправа е да ги посочи активностите кои би требало да бидат преземени во функција на мобилизација на граѓанското општество, да се воочат главните пречки и да се види какви се искуствата од земјите од регионот. Расправата ќе започне во 13 часот и ќе трае до 15,30 часот во сала А на Скопски саем. Воведничари во темата ќе бидат Ѓунер Исмаил, Зоран Костов, Владимир Милчин, Јован Донев, Живка Василевска, а претседавач Нафи Сарчини.
Вториот саемски ден од 12 до 14,30 часот, во сала А, ќе се расправа за темата “Како до стратегија за дијалог и соработка меѓу државата и граѓанскиот сектор?”. Темата е иницирана од фактот дека во изминативе десет години поголемиот дел од граѓанските организации, својата соработка и поддршка ја остваруваа со меѓународните организации, а ќе биде спомената и слабата соработка и поддршка од државата, која главно, се должи на лошата економска состојба и неколкуте кризи кои последователно се случуваа. Во периодот кој претстои, граѓанските асоцијации ќе треба да се фокусираат врз потрага по одомаќени концепти и практики на граѓанското општество. Учесниците во расправата ќе се обидат да дадат одговор на прашањата: дали постои интерес за дијалог и соработка меѓу граѓанските асоцијации и државата, какви активности преземаат граѓанските организации и државата за воспоставување соработка и какви се искуствата од земјите од регионот. Воведничари во темата ќе бидат Радмила Шеќеринска, Сашо Клековски, Нафи Сарачини и Бела Јагасик, а претседавач Владимир Милчин.
Вториот саемски ден, од 17,30 до 19 часот ќе биде одржана форумска расправа за “Промени во законот за здруженија на граѓани и фондации – организација од јавна полза”. На трибината ќе се разговара за усвоениот Акциски план за спроведување на препораките од извештајот за стабилизација и асоцијација на европската комисија за РМ за 2003 година од страна на Владата, за пропустите во актуелниот Закон за здруженија на граѓани и фондации, донесен во 1998 година, за тоа што претставува организација од јавна корист и какво е искуството во земјите од регионот во однос на организации од јавна корист. Воведничари во темата ќе бидат Борче Давитковски, Наташа Габер-Дамјановска и Даг Ратцен, а претседавач Жарко Коневски.
Форумската расправа, посветена на “Вистините и заблудите во граѓанскиот сектор” ќе се одржи на 22, ноември, од 12,30 до 15 часот во сала А. На неа ќе се реасправа за корупцијата, која претставува еден од проблемите што го ограничуваат развојот во земјата и е тесно поврзана со намален економски развој на земјата. Прашањето на корупција, секако не го одминува и граѓанскиот сектор и јавноста многу често граѓанските асоцијации ги доживува како продолжена рака на странските интереси и го намалува легитимитетот на нивното постоење. Воведничари во темата ќе бидат Ило Трајковски, Зоран Јачев, Роберт Поповски, Трајко Славевски и Сашо Клековски, а претседавач Мирко Спироски.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|