|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Панел: Децентрализацијата во Македонија : До каде сме?
Градоначалниците главно задоволни од стартот
Градоначалниците на Струга, Кичево, Гостивар, Чаир, Куманово и Карпош ги изнесоа негативните и позитивните аспекти на новиот процес во земјата
Одржувањето на панелот “Децентрализацијата во Македонија: До каде сме?, во рамките на Петтиот НВО саем, организиран од страна на ЦСИД “. Форум, се јавува како резултат на претходно започнатиот проект “Децентрализацијата во Македонија: Приближување на власта до народот, што Форум го реализира во пет општини: Струга , Кичево, Гостивар, Чаир и Куманово, со спроведување на осмислени активности за помош на локалните претставници на цивилното општество, за нивно зголемено учество во функционирањето на општините во рамките на новите закони за децентрализација и локална самоуправа. Проектот е финансиран со грант од Сојузна Република Германија, преку Федералното министерство за надворешни работи на СР Германија и се реализира од декември 2004 до февруари 2006 година.

На саемскиот панел учесниците се фокусираа на позитивните и негативните досегашни резултати од функционирањето на процесот на децентрализација, посочувајќи ги спецификите за одредени општини, но глобално покажувајќи го својот позитивен став кон започнатиот процес.
Андреј Петров, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Карпош, посочи на добро воспоставената соработка со невладините организации и претставниците на меѓународните организации и фондации во земјава, во реализирање на одредени активности во процесот на децентрализацијата, најавувајќи дека идната година во Скопје, ќе се одржи конференција на меѓународно ниво посветена на децентрализацијата во регионот, под покровителство на Советот на Европа, каде би се размениле досегашните искуства во различни области.
Освен проблемите со префрлањето на ингеренциите од државно на локално ниво, тој како најголеми во оваа фаза воМакедонија, ги потенцираше проблемите со финансирањето , менаџментот, но и евидентното влијание на политичките партии во назначување на раководни луѓе на одредени места по партиски одлуки (во образованието).
“Успехот на децентрализацијата ќе зависи од тоа колку ќе им овозможиме на општините да се развиваат” -истакна меѓу другото Андреј Петров
Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџети, смета дека кај најголем дел од граѓаните дури сега се кристализира чувството за постоење на општината како посебна целина. Тој посочи на нејзините проблеми: 70% од територијата не е урбанизирана, постојат проблеми со законската регулатива и финансирањето на општинските дејности, со поделбата на средствата но и со дел од надлежностите (образование, социјала) со Градот Скопје, како и со сеуште до крај, неразјаснетата поделба на билансот со општината Бутел. “Граѓаните стануваат свесни дека локалната власт е таа која им е поблиска” - рече Изет Меџити, кој изјави меѓудругото и дека локалната самоуправа губи многу време на работи кои не се во нејзина надлежност, како што е на пример, невработеноста но и дека верува дека со процесот на евроинтеграцијата ќе се отворат нови перспективи и проблемите ќе се решаваат.
Владо Толевски градоначалник на Кичево, посочи на проблемите во изминатите неколку месеци кои постепено се надминуваат: префрлање на вработените од министерствата, префрлање на потребната документација и архива, потсетувајќи дека Кичево има проблем со задолженоста од 3 милиони евра. “Постои проблем со одвивање на долги стечаи, а и во тој дел има мирис на политика што треба како проблем да се надминува.
Кичево заедно со другите 4 општини со кои треба да се спои во 2008 - 2009 година , започнало според градоначалникот, полека да се подготвува за тој процесс преку заедничка соработка и решавање на одредени постоечки проблеми.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски укажа на фактот дека Куманово е единствена општина со 33 советнички места, а како мултиетничка, има своја специфика во однос на другите. Децентрализацијата им даде можнсот на граѓаните да имаат увид во своите проблеми и да ги решаваат -рече Дамјановски, споменувајќи дека е направен трансфер на надлежностите, но и дека се вложува во видливи промени во функционирањето на одредени објекти: (стриптиз бар е преуреден во училишна библиотека, при што општината не ја добиле најавената помош од одредени НВО); вложени се 3,5 милиони евра во инфраструктурата; започнат е процесот на подготовка за гасификација на градот, уреден е плоштадот и др. Проблемите со образовниот ситем Дамјановски ги смета за најголеми и очекува идната година, со ребаланс на буџетот истите да се решат и да се обезбеди греење во училиштата. Тој очекува идната година да биде година на инвестирање, клучно за развојот и намалување на невработеноста. Во Советот на Куманово , нагласи тој, има 2 -3 НВО кои редовно присуствуваат на седниците и во нив активно учествуваат.
Градоначалникот Ремзи Мерко од Струга, го потенцираше фактот на превземање на надлежностите како процесс кој трае, поради спецификата на Струга со превземање на уште 4 општини. Досегашниот процес на децентрализација на надлежностите, го отцени како добар, очекувајќи идната година да бидат превземени и дел од потребните компетенции во областа на образованието и здравството .
“На полето на културата и спортот и во менаџирањето на полето на екологијата, не ни се даваат можности за обезбедување на потребите средства”, нагласи Мерко, кој го изнесе и проблемот со неможност за менаџирање со градските плажи во Струга, иако општината тоа го побарала од Владата. За досегашниот период на одвивање на процесот на децентрализација, општината е благодарна на централната власт и на НВО за реализирање на поголем број проекти. Ремзи Марко го истакна изминатиот период и како важен во релаксирање на меѓуетничните односи од сите страни, што му дава надеж за подобра Струга.
Невзат Бејта - градоначалник на општината Гостивар, говореше за досегашната усогласена работа на Советот во кој нема опозиција и каде одлуките се донесуваат едногласно, но и за фактот дека советниците Турци побарале и добиле одобрување на седниците да го користат својот јазик, но и на турски да ги добиваат материјалите за работа.,
Според него, досега се исполнети 80% од ветеното на изборите, а Бејта смета дека во Гостивар сега владее позитивна хармонија и соработка,
Министерот за локална самоуправа Ризван Сулејмани на крајот на панелот, направи краток приказ на процесот на децентрализација од почетокот до сега, нарекувајќи го успешен модел на децентрализација што се бара на пазарот на држави кои истиот и го започнуваат.
Успеваме да воспоставиме добри односи меѓу централната и локалната власт на ниво на партнери. Во втората фаза се очекува локалната самоуправа да покаже ефикасност во работењето, а третата фаза, истакна министерот Сулејмани, ќе покаже дали локалната самоуправа ќе биде власт или администратор. Тоа ќе се постиге кога и граѓаните ќе станат свесни за улогата на локалната власт. Форум и сличните НВО имаат големо влијание во развојот на демократизацијата - рече министерот.
Нелко Нелковски упати барање до градоначалниците да работат повеќе во областа на еврорегионот, да обрнат поголемо влијание на развојот на културата како импулс во развивањето на општините.
Димитар Спасеновски од Данскиот совет за бегалци им забележа на градоначланиците дека во мал број го потенцираат значењето и улогата на НВО, во развој општините и соработката со локалните власти, на што тие одговорија дека соработката е континуирана и главно добра, на што најмногу повеќе внимание посветија градоначалниците на Струга и Куманово. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|