|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Јубилеј на ЗЖ “Бисера” од Охрид
10 години активно за женските прашања
ЗЖ “Бисера” веќе 10 години активно дејствува во повеќе сфери на општествено-политичкиот, културниот и хуманитарниот живот во општина Охрид и пошироко
Здружението на жените “Бисера” од Охрид на 26 февруари годинава одбележа значаен јубилеј - десет години од своето основање. Јубилејот беше одбележан со свечено собрание, кое се одржа во зградата на општината Охрид, со присуство на повеќе од 200 гости – пратенички во Собранието на РМ, членови на Советот на општина Охрид, граѓански организации од Македонија и од Бугарија, кандидатите за градоначалник на Охрид, како и обични граѓани.
“10-годишната активна и плодна волонтерска работа на ‘Бисера’ е јубилеј во време на предизвици, прифаќања и напредок. Јубилејот претставува заокружување на еден успешен период на храбар почеток, работење, радост и идни планови. Тоа е период од 10 години на напуштање на старите сфаќања и погледи, учење и градење нови патишта, процес на создавање нови нивоа на свеста. Горди сме што одиме во чекор со промените во општетсвото. Како женска ГО, се вклучивме во градењето и развојот на новата култура на мирот во третиот милениум, без предрасуди и рушење на бариерите кои постојат меѓу нас, а коишто ни се наметнуваат.
Нови можности за менливост и развој на новиот дух на современата жена која може да оди толку далеку колку што & дозволуваат нејзините можности и врерувањето во себе”, истакна Силвија Попоска, секраетар на ЗЖ Бисера.
Како граѓанска организација, ЗЖ “Бисера” 10 години активно дејствува во повеќе сфери на општествено-политичкиот, културниот и хуманитарниот живот во општина Охрид и пошироко, во интерес на граѓаните, преку волонтерска ангажираност и ентузијазам на членството.
По повод 10-годишнината, ЗЖ “Бисера” на свеченото собрание им додели признанија, благодарници и пофалници на организации и лица коишто го помагале и поддржувале Здружението во текот на десетгодишното работење и зајакнување на локално, на национално и на меѓународно ниво.
Здружението на жените “Бисера” се наоѓа на адресата ул. “Димитар Влахов” бр. 8 во Охрид. Претседателка е Нада Мартиноска, а со Здружението можете да контактирате на телефонот 046/264-469, или по електронски пат на bisera1@mt.net.mk.
Д.М.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|