|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Mеѓународнo истражувањe кое се спроведува во 41 земја од Европа, Северна Америка и Русија
Истражување „Младите и здравјето“
Опфатени повеќе од 165 000 деца на возраст од 11, 13, и 15 години.
Пред неколку дена беше објавен меѓународниот извештај „Студија за однесувањето„, поврзано со здравјето кај децата на училишна возраст (ХБСЦ). Студијата за однесувањето е меѓународнo истражувањe кое се спроведува во 41 земја од Европа. Со студијата се опфатени повеќе од 165.000 деца на возраст од 11, 13, и 15 години.
Целта на студијата е стекнување нови увиди и подобро разбирање на здравјето и условите за подобро здравје на децата во различни животни контексти. Студијата гледа на "здравјето како на значаен ресурс на секојдневното живеење, што ги обединува сите облици на здраво живеење, а не како состојба на отсуство на болести...". Поврзано со здравјето таа ги истражува и семејството, училиштето, врсниците. Локалната средина во која учат и растат младите, проучувајќи го нивното влијание врз детската добросостојба. Целта е подобро разбирање на децата и нивното однесување поврзано со здравјето.
Македонија се приклучи на Студијата во 1998, со пилот истражување на примерок од 1.680 испитаници. Стана нејзин полноправен член во 2002 година со истражување на национален примерок од 4800 деца, на три возрасти (11,13, 15) и два јазика - македонскиот и албанскиот. Истражувањето во Македонија ги следи однесувањето, навиките и животниот стил на децата и младите во различни и променливи животни услови. Опфаќа од две етнички заедници (македонската и албанската) споредувајќи ги со навиките поврзани со здравјето кај децата од другите региони во светот. Резултатите од Студијата се користат за информирање, но и како главна насока во градењето стратегии за унапредување на здравјето и здравственото образование, и политиката за млади, на национално и меѓународно ниво.
Истражувањето за Македонија го реализираше Центарот за психосоцијална и кризна акција од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието на Република Македонија и поддршка на Светската Здравствена Организација - канцеларијата во Скопје. Главен истражувач за Македонија е Лина Ќостарова-Унковска, директор на ЦПКА.
Досега, од македонскиот национален извештај, излегоа 3 сепарати: Кога младите експериментираат со „ризици“; Младите, исхраната и сликата за своето тело; Младите, физичката активност и седечките однесувања.
Истражувањето е спроведено во 41 земја. Обезбедува споредливи и детални податоци за многу исходи по здравјето на децата, за нивните однесувања и контекст на случување. Како на пример состојби на субјективното здравје и добросостојба, пушењето, користењето марихуана, алкохолот, сексуалното здравје, физичката активност, навиките во исхраната, прекумерната тежина, сликата за своето тело, оралното здравје, малтретирањето и тепачките меѓу врсници, повредите, релациите со родителите и искуствата со училиштето. Резултатите од меѓународната студија, објавени во бројни публикации и научно истражувачки статии се достапни на официјалната веб страна на студијата - www.hbsc.org . |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|