|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ИО “Димитар Влахов”
55 години извидништво
Извидничкиот одред “Димитар Влахов од Велес, на 19 април 2008 година, го прослави 55 годишното постоење. На свечената седница, која што се одржа во спортската сала СОУ “Јовче Тесличков” во Велес, се собраа претставници на седумте водечки генерации, кои што 55 години го предводеа извидничкиот одред “Димитар Влахов”. Извидничкиот одред е еден од најстарите младински организации во Македонија, а најстар извиднички одред во Република Македонија.
Во текот на 55 години постоење низ одредот поминале околу 32.000 извидници. Членовите на ИО Димитар Влахов во текот на сите години на постоење учествувале на активности ширум целиот свет, промовирајќи го животот во природа, ориентацијата и топографијата, првата помош и заштита и неформалното образование за млади до 20 години. Членството било активно и во раководењето на голем број на младински асоцијации како што биле: РК ССММ, ОК ССММ - Велес, Средношколскиот сојуз на Македонија, Младинскиот сојуз на Велес, Сојузот на невладини организации на Велес.
На свечената седница, во името на Европскиот скаутски регион зборуваше г-дин Јордан Бајрактаров, кои што присутните ги запозна со активностите на Светската организација на извидничкото движење, потоа директорката на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус”, г-ѓа Весна Шкортова, која се осврна за сите големи достигнувања на извиднички одред Димитар Влахов на полето на развојот на граѓанското општество.
За активностите на одредот во последните пет години (2003-2008) зборуваше довчерашниот старешина на одредот Ангелче Гушев, кој за прославата пред пет години ја напиша и Монографијата на одредот „Извидништвото во Велес” 1953 – 2003”.
Во рамките на програмата на свечената седница беше емитуван и документарен фил „Програмските активности на одредот 2003 – 2008” кои што беше изработен од членството на одредот.
На крајот на свечената седница беа доделени и јубилејните признанија наменети за членството на одредот и тоа: ЈУБИЛЕЈНА МАРАМА за 5 години активно учество, Повелба „СОНЦЕ” за 10 години активно учество, МЕДАЛ на извиднички одред Димитар Влахов за 15 години активно учество и ПЛАКЕТА на извиднички одред Димитар Влахов 20 години активно учество во реализацијата на програмата на одредот и голем број на Благодарници и Пофалници за донатори, спонзори и поддржувачи на извидничкото движење во Велес.
Со посебно признание на ИО Димитар Влахов беше одликуван братскиот извиднички одред „Мија Станимировиќ” од Ниш - Србија, со кои веќе 10 години активно ја спроведуваме младинската извидничка програма.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|