Програма за јакнење на капацитетите на женските НВО за здравствена едукација: ресурсни центри
Ресурсните центри се формираа на почетокот на 2000 година во рамките на веќе постоечките женски невладини организации.
Ресурсните центри се опремени со техничка опрема, соодветна за нивното работење и вработени лица обучени за управување со ресурсниот центар, кои воедно се одговорни за собирање податоци за релевантни невладини организации, проекти, човечки ресурси, меѓународни организации итн.
Вработени лица во Ресурсните центри се: Весна Јованова, ЕСЕ; Дрита Селмани, САЖМ; Јулијана Маркова ОЖ Штип; Јасминка Исмаиловска, РОЖМ „Даја“; Јована Тренчевска ОЖ Струмица; Радмила Стојанова и Билјана Крстеска, „Престиж“; Маја Дилберова, ООЖМ; Светлана Јанева и Наташа Димитриевска, СОЖМ.
Секој ресурсен центар поседува база на податоци за спроведени проекти и обуки во Р. Македонија. Софтверот е изработена на тој начин што е овозможена размена на инфомации помеѓу сите ресурсни центри. Сепак, централниот ресурсен центар сместен во ЕСЕ е одговорен за собирање на податоците на едно место, од останатите седум регионални центри.
Ресурсните центри располагаат и со сопствен библиотечен фонд со соодветна литература.
Од почетокот на октомври Ресурсните центри отпочнаа со анализа на 19- дневни и неделени весници и списанија на македонски, албански и турски јазик.
Во првата фаза анализата содржи квантитативни податоци врз основа на бројот на написи кој се однесуваат на жената, нивната позиција во печатот и темата која е обработена во тие написи. Подоцнежната фаза ќе опфати квалитативна анализа која ќе биде достапна до пошироката јавност.
Сите права се заштитени. © 2000 Македонски центар за меѓународна соработка, Скопје. Обновена: 28-12-2000 |