|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Пленарна сесија
Како до мобилизација на граѓанското општество?
Граѓанското општество треба да се фокусира на градење на заеднички основни вредности и на јакнење на граѓанската свест, како и воочување на главните пречки и искуствата од земјите во регионот
„Покрај спонтаното комуницирање и соработка, во последните години, се забележани обиди за структурирана соработка и комуникација меѓу граѓанските организации, главно, како мрежи поттикнати од големите меѓународни или домашни организации“, рече воведничарот, Ѓунер Исмаил, потенцирајќи дека македонското општество е динамично и обременето со многу проблеми, така што на граѓанските организации им треба континуирана обука на човечките ресурси за да одговорат на идните предизвици, како што се децентарлизацијата со нова територијална поделба и евроатлантските интеграции.
Зоран Костов од Евродијалог, рече дека Македонија се уште се наоѓа во „предполитичка состојба“, а нејзините лидери за 13 години не успеаја да ја доведат во „политичка фаза“, бидејќи македонското општество се уште ги нема воспоставено основните вредносни постулати. Единствено граѓанското општество е способно да го направи преминот од предполитичка во политичка состојба, поради што е потребна негова поширока мобилизација.
Владимир Милчин од ФИООМ истакна дека мрежите не смеат да влијаат на програмските определби на организациите и посочи два можни начина на вмрежување – слободна иницијатива и институнализација, при тоа посочувајќи ги предностите и маните на двата начина.
Јован Донев од Евробалкан, истакна дека заедничките проблеми се главен поттик за соработка. Загрижувачко, според него, е отсуството на каква било реакција кога се прекршуваат основните принципи на либералната демократија. Според него, клучен фактор за идна мобилизација на граѓанското општество е чувството на солидарност на главните актери.
Вклучувајќи се во расправата, Сашо Клековски од МЦМС ја изнесе дилемата околу резултатите од досегашните обиди за соработка и за мобилизација на граѓанскиот сектор. Хисен Рамадани, истакна дека граѓанските организации треба да продолжат да ја јакнат граѓанската свест во општеството, но и внатре во самиот граѓански сектор. Според него, посебно е значаен нивниот придонес во деетнизација на државата.
Од расправата произлезе дека граѓанското општество треба да се фокусира на градење на заеднички основни вредности и на јакнење на граѓанската свест, како и воочување на главните пречки и искуствата од земјите во регионот. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|