|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Панел: „Заедно за едНаквост – стратешка рамка за заедничка акцијA за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација“
И во Македонија и во Бугарија дискриминацијата треба да се препознае Панелот „Заедно за еднаквост – стратешка рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација“, одржан во организација на Куќата на човековите права на Македонија, пред мал број присутни слушатели и учесници, на површина ги изнесе актуелните состојби со дискриминацијата во Македонија и Бугарија, чиј заеднички именител беше потребата од поголема едукација на граѓаните, подигање на свесноста за постоење на проблемите, работа на правните рамки.
Воведничарката Мирјана Најчевска го коментираше малиот одзив на присутните како одраз не само на незаинтересираност, туку и како степен на незнаење што се се подразбира под поимот дискриминација во Македонија денес, презентирајќи ја и фактичката, неповолна уставна рамка со затворена листа, која содржи само 9 основи за дискриминација и е помала од т.н отворени европски листи.
„Во Европа, укажа Најчевска, работите се развиваат и годинава е формирана и Европска агенција за базични права (FRA), а во Македонија сеуште не постои позитивна пракса за заштита на луѓето од дискриминација, непрецизно е разграничена директната од индиректната дискриминација“ рече таа.
Како илустрација на бавното менување на свеста, беше посочен развојот на иницијативата за донесување на закон за недискриминација, кој од 2004 година сеуште не е на дневен ред во македонскиот Парламент, а како обид за забрзување на работите, веќе оформеното Координативното тело за размена на информации и за развој на концепт за антидискриминација и иницирање на институционална рамка.
Лулзим Назири од Асоцијацијата за демократски иницијативи, ги презентираше досегашните позитивни резултати во спроведувањето на Рамковниот договор, во надминувањето на одредени основи на дискриминација во Македонија, укажувајќи и на потребата од понатамошна работа тоа поле.
Нели Кирјакова, претседателката на организацијата „Евроинтеграција“ од Бугарија ги презентираше искуствата во изработка и спроведување на бугарскиот закон за антидискриминација, кој оформен од 2004 година и до денес континуирано се надополнува. К.Б
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|