среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Ноември

   

Оглас

Курсеви на МЦМС во месец декември: РПЦ и ВФ

Македонскиот центар за меѓународна соработка е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој, градењето на свеста и социјално–хуманитарната помош.

Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултаци е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 година.

Во програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации во месец декември, 2004 год., МЦМС ги организира следниве курсеви:

Обука време и место на одржување краен рок за пријавување цена на обуката (МКД)
Раководење со проектен циклус 20-24 декември 5 декември 2004 17.500
Вештини на фацилитација 23-24 декември 5 декември 2004   7.000

Услови

- Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на курсот се на сметка на учесниците.
- Членовите и раководството на граѓанските организации можат да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот од страна на МЦМС.
* за потребите на курсот се користи професионална опрема, радио и ТВ-студија и материјали.

 

Содржина на курсевите

Раководење со проектен циклус

Раководењето со проектен циклус е основа на работата во секоја организација. Оваа обука ви нуди запознавање со следните методи: (ЦОПП) Целно ориентирано проектно планирање (како да ги идентификувате проблемите во заедницата и како да ги преобразите проблемите во цели кои сакате да ги постигнете); Логичка рамка која ги содржи основните елементи на еден проект, вклучувајќи ги и индикаторите како начин на мерење на (не)успехот на проектот; Алокација на ресурси, финансиска конструкција на проект; Набљудување и оценка на проект врз основа на показатели утврдени во логичката рамка кои ги развиваат самите учесници.

Добро испланираниот проект овозможува и негово успешно спроведување.

Цели на курсот:
- Стекнување практични знаења и вештини за планирање проекти (логичка рамка);
- Примена на методот „Раководење со проектен циклус во редовната пракса на организациите“.

По завршувањето на курсот Раководење со проектен циклус учесниците ќе стекнат знаења вештини и ставови за:

  • примена на алатките и методите за проектно планирање, спроведување, набљудување и оценување (дијаграм на проблеми и цели, логичка рамка, индикатори);
  • значењето на раководењето со проектен циклус во организациите;
  • процесот на подготовка на проект, негово надгледување и оценување.

Профил на учесници: активисти/ки директно вклучени во планирањето, координацијата и спроведувањето на проекти во организацијата.

 
Вештини на фацилитација

Во секојдневниот живот и работата луѓето учествуваат на многу состаноци кои вообичаено завршуваат со бескрајни дискусии. Прашањето како да се намали загубеното време на бескорисните расправи е постојано присутно во секојдневната работа. Секој што учествува или води некаква дискусија, треба да ги познава основните принципи на фацилитацијата.

Цели на курсот:
- Стекнување практични знаења и вештини за фацилитација и водење ефективни состаноци;
- Примена на методот на фацилитација  во редовната пракса.

По завршувањето на курсот Вештини за ефикасни состаноци учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за:

  • примена на алатките за фацилитација (активно слушање, сумирање, повратени резултати, заклучоци);
  • подготовка и спроведување квалитетни дискусии и состаноци;
  • значењето на ефикасноста на дискусиите и состаноците во секојдневната пракса.

Профил на учесници: лица кои немаат или имаат мало искуство во водење дискусии и состаноци.
 

Пријавување:

Обрасците за пријавување можат да се добијат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, или на веб-сајтот www.graganskisvet.org.mk

Лица за контакт:
Кренар Кука,
kkk@mcms.org.mk
тел.: 02/3065-381


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA