среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Воведни излагања

   

Отворање на НВО Саем 3 Форум на граѓанското општество во Македонија 20 – 22 ноември 2003 година, Скопје


Воведно обраќање: Сашо Клековски

Почитуван г. Борис Трајковски, претседател на РМ,
Почитувани екселенции,
Почитувани граѓани,
колеги и пријатели

Веројатно е тешко да кажам нешто ново по веќе кажаното од претходните високо ценети говорници, по веќе кажаното на Вториот НВО Саем. Ништо ново, веројатно. Премногу долго говориме за истите проблеми за истите предизвици пред нас. Сепак, ќе си дозволам да уште еднаш ги набројам.

Говориме за безбедноста, за мултикултурно општество, за партиципативната демократија и децентрализацијата , за економскиот развој и вработувања. Колку повеќе говориме толку повеќе нови проблеми, толку повеќе нови дилеми.

Дали ќе се врати безбедноста во земјата? Дали ќе се разоружаме? Дали разоружувањето е возможно кога (не) културата на насилство се негува од детска возраст? Со семејното насилство, со насилните програми за деца. Со некултура каде поклонувањето оружје е највисока почест. Дали разоружувањето е возможно кога во земјата е вдомаќен организиран криминал, трговци со луѓе, криумчари на дрога и цигари?

Дали Македонија развива мултикултурно оштество? Или бикултурно општество?  Дали Македонија е држава на Македонците, на Македонците и Албанците, или на сите граѓани што живеат овде? Дали имаме само различни перцепции или и различни пристапи? Дали хетерогеноста е предност или слабост? Дали може да градиме мултукултура без култура? Дали културата е нашиот водич низ транзицијата на морална криза и асоцијално однесување?

Дали децентрализација ќе води во локална демократија? Дали е возможна партиципативна и плурална демократија? Дали е возможна децентрализација во услови на слаба држава (weak state)? Што се децантрализира во слаба држава?

Дали безбедноста, мултикултурното општество и демократијата се возможни во услови на деиндустријализација, невработеност и сиромаштија? Дали неопходниот економски развој мора да биде по цена на уништување на нашата природа и нашето здравје? Дали знаеме да ја охрабриме општествената одговорност на деловниот сектор, на претприемачите?

Многу проблеми, многи дилеми. Дали можеме? Дали можеме да во неколку години го постигнеме тоа што на другите нации им требале генерации, децении и векови?

Се барат и се нудат решенија. И веќе има подобрувања.

Но граѓаните очекуваат повеќе и подобро. Многу луѓе ја губат надежта и трпението.

Очекуваат „волшебни стапчиња“ кои ќе ги расчистат сите проблеми. Без разлика дали тоа „волшебно стапче“ е Рамковниот договор или интеграцијата во Европска унија.

Што очекуваат граѓаните од Рамковниот договор? Зошто најчесто изречените забелешки за неспроведување на Рамковниот договор од граѓаните во Липково, во Вратница, се забелешки за сиромаштијата и невработеноста?

Дали е тоа е истото очекување кое го имаме од евроинтеграциите? Дали големата желба не води во фатална привлечност? Дали треба да станеме членови на Европската Унија за да си ја вратиме довербата во себе? Дали можеме да станиме дел на Европската Унија, дел од глобалниот свет без самодоверба и потпирање на самите себе? Без расправа и дебата што тоа значи за нас самите?

Дали нашиот раст и развој ќе го темелиме само на странскиот капитал и тоа најчесто странска помош?

Не постои таков договор или таква интеграција што ќе ги решат нашите проблеми без нас самите.

Многу проблеми, многи дилеми. Дали можеме?

Не смееме да дозволиме да не надвладее апатија и помирување со судбината. Така стануваме губитници.

Не треба да стравуваме поради нашите разлики, разномислие. Не треба да стравуваме од дебати и полемики. И треба да дебатираме и полимизираме. Треба да се соочиме со меѓусебните стравови, заблуди, стереотипи. И со стравовите, заблудите и стереотипите за самите нас, за граѓанскиот сектор: за про-владиноста, за “петтата колона”, за тоа дали сме организирани за вредности или за пари. Нема ништо толку добро како директна комуникација и директен однос.
 И затоа ќе говориме и размислуваме и дебатираме и полемизираме. Ќе разменуваме искуства. Ќе се договараме за нови и делотворни активности. И повторно. И со многу труд. И со многу трпение.

Да направиме пат за меѓусебен респект и конструктивна соработка и партнерство. Конструктивна соработка и партнерства меѓу сите актери во општеството.

Без исклучување, сите заедно. И НВО, и синдикатите, и медиумите, и црквите и верските заедници. И општествено одговорниот приватен сектор. И државниот сектор, вклучувајќи ја  и позицијата и опозицијата,  и  политичарите и  јавната администрација.

Само со меѓусебен респект и конструктивна соработка и партнерство, од губитници ќе станеме победници.

Зошто? Да останам и да се соочам. Јас живеам овде. Ние живееме овде. Овде е мојот и нашиот дом со генерации. Овде се нашите блиски и пријатели. Овде е мојот и нашиот сон и иднина. Со сите нас.

Сашо Клековски


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA