среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2003

   

НВО САЕМ - 3 форум граѓанско општество

Младите и другоста: аспекти на културната (де)контаминација

Веќе подолго време во нашата земја, една од клучните теми на кои се кршат копјата се и меѓу-етничките односи, од сите страни и аспекти од кои може да се истражуваат. Постојано се зборува за тоа како тие постојано се нарушуваат, иако ретко кој споменува како е можно да се нарушат кога за истите велиме дека се на самото дно. Во последно време, дури има и мислење дека тие проблеми би ги немало кога воопшто би немале односи меѓу различните етнички групи. Брзајќи во давање заклучоци и теории, не се обврнува многу внимание на вистинските причини кои што лежат на самата основа на оваа проблематика.

Ако младите се иднина на секоја земја, јас не верувам дека иднината ќе ни биде многу блескава. Можеби ни звучат слатко соништата за пристапување кон големото европско семејство - но горчлива е реалноста дека не може да се разбереме со триесетина народи, ако мака мачиме тоа да го постигнеме меѓу себе. 

Општ впечаток е дека во денешното општество, нема многу луѓе кои се грижат за младите и нашата перспектива.  Наместо политиката да води сметка и за младите, младите повеќе претпочитаат да се бават со политика и да се истакнуваат пред нивните идоли. Јас сум убеден дека вината не е кај нас, всушност што друго ни преостана освен и ние да станеме политичари како и останатите два милиони жители на Македонија.


Уште во детството, преку медиумите слушаме како другите се толку лоши, како се ќе беше мирно и фино - само да бевме сами на ова поднебје. Родителите повеќе време трошат на убедување на децата дека треба да се подалеку од другите зошто само така ќе се безбедни и на правилен пат, отколку да видат дали децата одат во школо, или  ја истераат правдата од улица. Друштвото и училиштата стануваат едно-национални клубови, се затвараат во гета, со сесрдна помош од политичките сили и движења на учениците кои сосема спонтано го поддржуваат тој тренд. 

Иако сите ние сме полни со енергија и креативност, имаме прилично исти желби и цели, се бориме за подобар живот или за остварување на соништата далеку од границите на оваа земја - сепак не можеме да се разбереме и да ги најдеме допирните точки. А како би ги нашле кога сме сосема исклучени од другите кои на било каков основ се поинакви од нас, со многу неодговорени прашања и дилеми, со еден куп предрасуди и невиден отпор. Бројките кои што произлегуваат како резултат од различните истражувања се поразителни - лесно се стигнува до заклучокот дека омразата постои во голема мера, и со тек на време се инстументализира со насилство меѓу младите. Контаминацијата и омразата се само последици на подолгата одбивност и недоверба која ја имаме еден за друг, каде што политичките и економските фактори влијаеле премногу, а училиштата не ја завршиле својата задача. Со тек на време, разликите растат - а со тоа и се намалуваат шансите за споделување на просторот на живеење и делување.
Веќе подолг период живееме во општество во кое нема никакви вредности, каде што ги изгубивме старите а не ги стекнавме новите, каде што правилата не постојат или се кршат се полесно.
Пред две години бевме сведоци на рушењето на многу визии и соништа, во најдобар случај - тоа треба да ни биде патоказ за тоа како работите не треба да се развиваат.  Тоа беше неуспех за целото општество, почнувајќи од родителите и образовните институции па се до граѓанските здруженија. Ова не значи дека никој не се труди во правец на намалувањето на омразата, но не поттикнува да размислиме за грешките и за тоа како треба да се гради систем на почитување на разликите. Семејството треба да укаже на придобивките на меѓусебното познавање и во никој случај да не биде прва во градење на предрасуди. Би било добро отворено и искрено да се зборува за тоа до каде сме дотуркале во односите меѓу себе, како може да ги решиме споровите и да достигнеме поголемо вклучување. Граѓанските здруженија се тие кои може најмногу да придонесуваат во овој поглед, со поголемо вклучување на младите и подигање на јавната свест за овие проблеми. Убеден сум дека би постигнале поголемо културно и јазично запознавање, ако на сите им се дава еднаква шанса за изразување на креативноста и способностите - отколку бескрајни предавања кои завршуваат само како такви. Ефектот е многу подобар ако секој сам се убеди и стигне до свои заклучоци, отколку водење на бесцелни дебати за тоа како би требало да изгледаат работите.  Искрениот пристап и целењето кон поголема група се клучни аспекти од кои што треба да тргнат граѓанските здруженија, секогаш имајќи на ум дека подоброто организирање и координирање носи подобри резултати. Идеите треба да произлегуваат од самите млади луѓе, каде што младите се соддржина а не само нем објект за истражување.

Повеќе треба да се внимава на активности кои што ги вклучуваат и се креираат директно од младите, него да се продолжи со старите шеми каде што под активности се подразбира лепење постери или обичен концерт. Да, тие се добри за афирмирање, но лошата страна е што проблемот останува и по нивно завршување.  Не треба да се има визија дека проблемот ќе се реши по завршувањето на одреден проект, тој е таму и бара искрен пристап и воља да се почне неговото решавање. Ние сме тие кои треба да го започнеме тој процес на конкретен начин, преку делување на младите, под услов тоа да не заврши на хартија, туку да иницира создавање простор за искажување на ставовите на секој млад човек.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA