|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Панел: Одржливост на граѓанскиот сектор во РМ- алтернативни можности за финансирање
Тема: Важноста на индивидуални донации и надминување на синдромот на зависност од грантови
Воведничар: Зоран Стојковски, Институт за трајни заедници
Согласно анализата на изворите на финансирање на 200 граѓански организации, направена од ИТЗ во јануари 2003 година се дојде до следниве податоци:
- 74% се финансираат од грантови обезбедени од странски или домашни фондации и донатори
- 10% од средствата доаѓаат од сопствени извори (членарина и само-финасирачки активности)
- 8% доаѓаат од централната или локалната власт
- бизнис секторот учествува со 4% од финасирањето
- 4 % од донации од индивидуалци.
Која е состојбата во државите каде што НВО секторот е развиен и има обезбедено одржливост? Ако ги споредиме овие информации, на пример со САД во минататата година, распределбата е скоро обратна:
76,3% од средствата доагаат од донации од индивидуалци, а само 11.2% од фондации. Бизнис секторот учествува со 5,1 %, а извор кој кај нас и не пости се средства од тестаменти 7,5%.
Што можеме да заклучиме од оваа анализа?
Двете работни претпоставки за обезбедување на долгорочна одржливост на НВО секторот кои ќе ги изведиме од оваа аналза се
1. Предуслов за обезбедување на долгорочна одржливост е во одомаќинувањето на финансиската поддршка и тоа токму со потипрањето врз барањето на поддршка од индивидуални донации.
2. НВОи организации кај нас го имаат развиено синдромот на зависност од странските донации, што долгорочно негативно ќе влијае врз НВО секторот и не обезбедува одржливост на секторот
Кои се причините поради кои е важно НВОи да започнат да прибираат сретсва од индивидуални лица?
- Прибирањето средства е всушност процес на идентификување и стекнување на пријатели на организацијата. Се вели дека FUNDRAISING = FRIENDRAISING ( Прибирањето средтсва = стекнување пријателства оние индивидуи кои немаат или имаа слаби врски со вашата организација сигурно дека нема да чекаат во ред за да дадат.
- При организирањето настани за прибирање средства (годишна вечера, аукција, лотарија, и сл. ) најчесто целта е да се помогне решавањето на специфичен проблем. А тоа е токму суштината на постоењето на НВОи: решавањето проблеми во заедницата.
- Доколку се помине како што треба и со средствата навистина се разреши проблемот, тогаш тоа е одлична реклама за целите на организацијата. На тој начин се подигнување препознатливоста на организацијата во заедницата каде што делува.
- Луѓето кои еднаш донирале средства, постои голема веројатност дека ќе и донираат на таа организација за некој друг проблем. Идејата зад овој концепт е дека организациите се всушност одговорни за создавање на култура на давање средства во заедниците каде што работат.
- За само 2-3 години, тој круг на поддржувачи може да стане доволно голем за обезбедување на значителен процент од годишниот буџет на организацијата од донации од индивидалци. На тој начин се обезбедува организацијата да опстои и да се намали зависноста
- Предуслов за успешно организирање на активности за прибирање средства е ангажирање на многу активисти и волонтери од орагнизацијата. Тие активности се одличен начин вашето членство волонтерски да се вклучи, на подолг временски период.
- Вториот момент е што потребата за одговорност и транспарентност на организациите е мора да биде на максималното ниво, доколку се сака донаторот да ја повтори својата донација следниот пат кога ќе биде побарано од нив
- Прибирањето средства од индивидуалци може да биде многу вредна повратна информација за она за што се залага организацијата. Ако некој е подготвен да направи донација за соодветно прашање за кое се залага организацијата, тогаш тоа значи дека прашањето е вредно. И обратно. Се разбира ова важи доколку организациите ги познваат тајните и вештинте за прибирање средства.
- Организирањето на процесот на прибирање средства преку индивидуални донации е и процес на развој на организацијата. Потребен е одличен систем на раководење и координација, посветени членови и волонтери за организирање на успешна програма за прибирање средства. Транспаретноста, планирањето, протокот на информации, комуникацијата на постигнувањата на организацијата мораат да бидат на највисоко ниво.
- Постојаното вложување во развој на капацитетите е предуслов за успешно прибирање средства.
- Логиката на успешното прибирање средства, е во т.н мобилизирање ресусри кои постојат во заедницата. Со добивањето подароци во вид спонзорства од бизнис секторот или индивидуи кои потоа се нудат на аукција, лотарија или друг настан, само се задвижуваат ресурсите во заедницата од оние кои имаата кон оние на кои име се потребни средства.
- На тој начин се потенцира активното вклучување на целата заедница во разрешувањето на проблемите, што придонесува кон интегративните процеси.
Доколку направиме анализа кои се активностите со кои регистрираните организации се бават во РМ, предводат младинските и детските прашања, па потоа доаѓаат женските права , проблемите на луѓето со специјални потреби, па меѓуетничките односи и проблемот на невработеност.
Од аспект анализите за кои прашања индивидуалците најмногу даваат средства, редоследот е следен:
1. Помош на деца
2. Физички хендикеп
3. Лица со недостаток на вид, слух
4. Стари лица
5. Ментални болести/хендикеп
6. Болници /здравствена заштита
7. Медицински истражувања
8. Млади
9. Скитници/Домување
10. Права на животните
И согласно програмската насоченост и мисијата НВОи имаат неискористени можности за прибирање средства и остварување на програмските определби.
Сега да се осврнеме на влијанието на синдромот на зависност од странските донации кон долгорочната одржливост на секторот
- Типично, станува збор за финансирање кое се добива за специфични проекти, со краткорочни цели, без никаква гаранција за понатамошно идно финансирање од истиот извор или за истата цел.
- Организациите кои обезбедуваат финансиска поддршка за НВОи, во само мал број на случаи во своите програми работат на развој на стратегии за одржливост на организациите.
- Иако кај донатори, кои имаат развојна компоненета, ќе сретнеме дека целта им е обезбедување одржливост на НВОи, она што всушност се постигнува, е градење на зависност. Тој тип на финансирање честопати претставува 75-100% од буџетот на организацијата. Еднаш штом тој тип на финансирање стане најголем извор за организацијата, тогаш таа постојано се обидува да го одржува тој сооднос на финансирање.
- Честопати фокусот на проектите од странските донации, не одат во прилог на оние членови кои вистински веруваат во клучните вредности кои организацијата сака да ги постигне, а оди во прилог на оние кои се помалку посветени.
- Малите и новите НВОи честопати имаат проблеми во пристапот кон такви фондови, поради недостаток на искуство и вештини во проектниот менаџмент. Поради тоа се добива впечаток дека еден мал круг на организации честопати ја добива поддршката која постои.
- Можностите за долгорочна финансиска поддршка доаѓа од извори кои се самите подложни на промени, поаради честите промени во политиката и приоритетите на странските донатори. Она што се случува, се токму активности за обезбедување на одржливост на донаторите (од нивните финансиери), наспроти другите чинители во граѓанското опшество.
- Зависност од кадри со краткорочни договори. Краткорочноста во финансиската поддршка ги принудува организациите на краткорочни договори со персоналот во организацијата. Согласно истражувањето на ИТЗ во РМ активните НВОи имаат во просек по 1 вработен со целосно време и 1 со половично работно време, додека просекот на волонтери е 3 со целосно време и 8 со половично време во организацијата. Поради тоа поголемиот број на професионално ангажираните лица се лојални кон проектот, а не кон остварувањето на долгориочните цели на организацијата.
Заклучоци:
1. Неопходно е развојните организации да испорачуваат програми за развивање на капацитетите на НВОи за постигнување одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на финансирање.
2. Покрај неповратната финансиска поддршка, донаторите треба да поттикнуваат обезбедување на средства од страна на НВОи преку организрање специјални настани или други активносто за прибирање средства
3. Секоја сериозна НВО треба да развие сопствен план за прибирање средства, притоа вклучувајќи активности за барање средства од индивидуалци и организирање специјални настани.
4. Пожелно е поголемите организации и донатори во РМ, да изградат стратегија за долгорочна одржливост на НВО секторот;
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|