|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Европски Центар за Малцински Прашања Регионален НВО Ресурсен Центар Куманово
Целта на ЕЦМП НВО мрежата во Република Македонија е да ја зголеми соработката и конструктивната дискусија меѓу домашните НВОи во насока на унапредување и подобрување на меѓуетничките односи, дијалог и почитување на разликите.
Реализирани и тековни проекти во ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Куманово:
1.Без оружје - мир за сите 2.Стоп на насилство 3.Детски права 4.Еко телефон 5.Дрога или живот - изборот е твој 6.Преквалификација 7.Да ја вратиме довербата 8.Сложувалка 9.Различни но сепак исти 10.Мултиетничко радио 11.Минимум стандарди за одговор на катастрофи 12.Преку дружење и игра до подобра иднина
Адреса Трговски центар ,,Локалитет гарнизон,, 1/1-1 1300 Куманово Тел: 389 31 425 456 Фах: 389 31 425 456 Е-маил: ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk www.ecmingonet.org.mk www.ecmi.de
Координатор: Феат Камберовски fkamberovski@arka.org.mk Заменик координатор: Соња Арсовска sarsovska2001@yahoo.com
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Куманово е составен од 14 НВО од различна национална припадност и е дел од националната мрежа на регионални центри на територија на Република Македонија.
Организации членки на ЕЦМП-Регионален НВО Ресурсен Центар Куманово се:
1 .Ф.П.Р.,,Арка,,-Куманово 2. Ѕ.О.Ѕ.-Куманово 3. З.Ж.,,Блесс,,-Куманово 4. У.С.З.М.-Р.О. Куманово 5. Х.З.,,Мајка,,-Куманово 6. Х.О.,,Ел Хилал,,-Куманово 7. Р.О.Ж.М.,,Даја,,-Куманово 8. Е.Д.,,Изгрев,,-Свети Николе 9. З.В.,,Халча ал Брова,,- Куманово 10. З.Ж.,,Коло на српските сестри,,- Куманово 11. Ц.З.Р.,,Дром,,-Куманово 12. З.Г.,,Натира,,-Липково 13. Р.А..Р.-Крива Паланка 14. З.Т.,,Ѓунеш,,-Куманово
Регионалниот НВО Ресурсен Центар Куманово делува на полето на развивање и зајакнување на меѓуетничките односи во градот и општините како и градење на стабилно цивилно општество преку:
- реализирање на најразлични активности (проекти, работилници, трибини)
- подршка и зајакнување на капацитетите на НВО од градот и општините кои имаат понизок степен на организационен и институционален развој
- зајакнување на врската помеѓу НВО и владини институции во изградба на граѓанското општество
- изработен акционен план за делување и лобирање.

|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|