|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ОД 20 ДО 22 НОЕМВРИ НА СКОПСКИ САЕМ
3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) НВО, од 20 до 22 ноември, на просторот на Скопски саем, традиционално го организираат 3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија. Трите главни компоненти на Третиот Форум на граѓанското општество се форумските активности, изложбените активности и социо-културните настани.
Во рамките на форумскиот дел планирани се голем број отворени јавни дебати, панел-дискусии и тркалези маси, на кои во зависност од покажаниот интерес на граѓанските организации, ќе бидат третирани повеќе прашања кои го засегаат НВО-секторот, но и пошироко, македонската јавност. Носечки теми на Форумот се: “Како до мобилизација на граѓанското општество”, “Вистините и заблудите за граѓанскиот сектор”, “Како до стратегија за дијалог и соработка меѓу државата и граѓанскиот сектор?” и “Промени во Законот за здруженија на граѓани и фондации – Организација од јавна полза”. Исто така, е предвиден изложбен дел за презентирање на активностите на граѓанските организации преку штандови, постер паноа, аудио-видео презентации на организациите, нивните проекти и програми. Во изложбениот дел на штандови ќе се претстават околу 200 организации. Покрај презентација на штандови, 15 граѓански организации ќе ги презентираат своите активности преку изложба на постер-паноа. Организациите ќе имаат можност да подготват и аудио-видео презентации за својата организација или пак презентации на свои програми или проекти. Во рамките на изложбениот дел е предвиден и простор за презентација на субјекти од деловниот сектор кои активно соработуваат со граѓанските организации, како што се банки, интернет провајдери и слични организации. За време на НВО Саемот ќе бидат организирани и бројни социо-културни настани, базирани врз креативноста на граѓанските организации, главно, промовирајќи го културното наследство и неговите вредности.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|