среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Мај

   

МЦМС објавува
Повик за експерти 

МЦМС има потреба од двајца експерти кои ќе бидат ангажирани за подготовка на Поимник и спроведување на обука за антидискриминација
 

 

1. Општи податоци
Програма: Македонија без дискриминација

Општа цел на програмата е да придонесе кон праведно општество без дискриминација, каде сите луѓе ги уживаат правата на еднакви можности, како и во придобивките од раз­личностите.

Во рамките на програмата, се спроведува проект за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за периодот мај – октомври 2008 година.

Целите на проектот се:

Да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за промоција на еднаквите можности и недискриминацијата во Македонија, преку застапување, лобирање и вмрежување.
Да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации во полето на европската правна рамка која се однесува на дискриминацијата и еднаквите можности во согласност со европските стандарди и стандардите на ОБСЕ.
 

За потребите на проектот ќе бидат ангажирани две групи експерти за:

спроведување обука за основните човекови права и за концептите за еднакви можности и недискриминација (група 1)
развивање поимник за недискриминација (група 2).
 

2. Задачи и одговорности на експертите:
Експертите од група 1 ќе бидат одговорни:

Да подготват и спроведат релевантни предавања и презентации од областа на недискриминацијата;
Да подготват материјали за обука (вклучително и студија на случаи, практични вежби и сл.) со интерактивна методологија за работа и да се достави до одговорниот соработник во МЦМС седум дена пред одржувањето на обуката;
Да се координираат меѓусебно со цел да се избегнат преклопувања во предавањата и темите;
Да подготват извештај од обуката и да го достават до одговорниот соработник во МЦМС со сите релевантни материјали седум дена по завршување на обуката.
 

Експертите од група 2 ќе бидат одговорни:

·         Да развијат поимник за поширока употреба, кој ќе содржи правни дефиниции, проследени со практични примери од областа на недискриминацијата на македонски и албански јазик;

·         Да се координираат со другите експерти и со Народниот правобранител на Република Македонија;

·         Да го тестираат предлог-поимникот преку вклучување фокус-група сочинета од претставници од граѓанските организации.

3. Квалификации
·         Универзитетско образование од областа на правните или политичките науки и шест годишно искуство релевантно од областа за човековите права /недискриминацијата;

·         Познавање на политиката и правниот систем во државата, како и потребите од лобирање од областа на недискриминацијата;

·         Искуство во испорака на предавања, презентирање, интерактивни обуки и работилници;

·         Истражувачко искуство и искуство за компаративни правни анализи;

·         Искуство во објавување есеи, книги и документи од областа на правото;

·         Докажани способности и желба за работа во тим, со луѓе од различно културно, етничко и религиозно потекло, различни родови и различни политички определби и погледи;

·         Течно зборување и пишување на англиски и македонски јазик. Познавањето на албански јазик е предност. 

4. Избор на експерти
Заинтересираните кандидати треба да се пријават во Македонскиот центар за меѓународна соработка со доставување на нивната биографија по пошта на адреса ул. Никола Парапунов бб, 1060 Скопје (П. Фах 55) или преку електронска пошта на enr@mcms.org.mk. Рокот за пријавување е 22 мај 2008 г.

Врз основа на пристигнатите биографии ќе бидат идентификувани и ангажирани кандидатите кои најмногу одговараат на погоре дадените критериуми.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат известени. Пријавите примени по рокот за пријавување нема да бидат земени предвид.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA