среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Профили на учесници

   

Организација на жени - Свети Николе

Организацијата на жени на Општина Свети Николе активно работи од 1990 година и претставува континуитет на поранешното женско организирање во општината.

Организацијата е невладина, непартиска и непрофитна организација и работи на подрачјето на општина Свети Николе, а во последно време се направени обиди за заедничка соработка и со други женски НВО од Македонија.

Како невладина, непартиска и непрофитна Организацијата на жени според новите законски прописи изврши пререгистрација и од 28.12.1998 година е запишана во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации во Основниот суд во Свети Николе под број 18, а ќе дејствува на територијата на Општина Свети Николе со седиште на улица Плоштад Илинден - бб; Свети Николе.ПФ.13

Во организацијата членуваат околу 500 жени, од кои 30 се активни волонтерки и вклучени во реализацијата на тековните активности и проекти. Во почетокот организацијата работеше на пружање на хуманитарна помош за социјално загрозени лица, но од 1997 година своите активности ги насочи кон реализација на проекти од различни области.

Организационата структура на Организацијата :

  • Собрание - е највисок орган на организацијата и е со променлив број на членови. Се свикува најмалку еднаш во годината а по потреба и почесто. Истото ја утврдува генералната политика на Организацијата на жените.
  • Претседателство - е извршен орган на Собранието а правата и обврските ги врши врз основа и во рамките на Статутот и општите акти. Брои 17 члена делегирани од Активите на жени од месните заедници, работните организации и институции.
  • Претседател на ОЖ - се избирана седница на Собранието со јавно гласање за време од четири години со право на повторен избор. Ја претставува и застапува Организацијата пред трети лица.
  • Надзорен одбор - се избира на седница на Собранието за време од четири години и се грижи за спроведување на одредбите од Статутот и контрола на наменското располагање со средствата и приходите на Организацијата на жените. Наодите и одлуките Надзорниот одбор ги доставува до Собранието и до Претседателството на Организацијата на жените.

 Основната мисија на ОЖ е да дејствува во правец на унапредување на положбатa na жените во сите сфери како:

  • Еманципација и полова еднаквост
  • Секаков вид на помош ( правна, социјална, хуманитарна и др. )
  • Здравствена едукација и заштита како превентива преку разни форми на предавања и прегледи
  • Човекови права- женски права, семејно насилство
  • Работа со деца, младинци и стари лица преку разни форми-Соработка со други НВО и институции на локално и национално ниво.
  •  Работа со општа популација

Во Организацијата постојат повеќе секции и комисии како што се:

  • Секција за помош и социјална заштита
  • Секција за работа со деца и младинци
  • Секција за култура и рекреација
  • Секција за соработка со други невладини организации
  • Комисија за изработка на проекти и др.

Работата на ОЖ е јавна.Одлуките по одредени активности и проблематики кои се предмет на расправа и договарање се донесуваат на седница на Претседателството и тие се полноважни ако за нив се изјаснат повеќе од половината присутни членки на Претседателството.

Седиште:
 ул.Плоштад Илинден бб, П.Фах 13
2220 Свети Николе,Македонија
 
 
Тел,/факс:  +389 32 444 620
E-mail:  wom_org@yahoo.com 
 
Основана: 1990 година
 


 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA