|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Промоција
Успешно искористување на фондовите ИПАРД
На 9 мај 2007 во Скопје, хотел Холидеј инн, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Македонската развојна фондација за претпијатија оддржаа промоција на публикацијата Успешно искористување на фондовите ИПАРД. Во публикацијата се собрани дел од искуствата на поранешните земји – кандидатки за членство во ЕУ. Публикацијата ја промовираше заменик-министер за земоделство, шумарство и водостопанство, Перо Димшоски. На присутните им се обратија и некои од авторите, Мате Ѓорѓиевски и Валентина Ѓошеска. Промоцијата беше дел од манифестацијата Европски ден на претприемачот.
Публикацијата „Успешно искористување на фондовите ИПАРД“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка и на Македонската развојна фондација за претпријатија ги собира искуствата на поранешните земји – кандидатки за членство во ЕУ со правниот и фактичкиот претходник на ИПА(РД), со програмата САПАРД. Читателите можат да извлечат поуки од тие искуства; да утврдат кои се и какви треба да бидат административните капацитети и структури коишто ќе ја раководат финансиската помош; да се информирааат за начините на раководење со фондовите ИПАРД и за условите под кои Македонија ќе може да ги користи овие фондови. Оваа публикација овозможува јавноста да се запознае со условите и критериумите за одобрување проекти и користење средства од програмата ИПАРД; и да се запознае со методологијата на постапката за изработка и оценување на инвестициските програми итн.
Претпристапната помош за рурален развој (ИПАРД), која изнесува 31,5 милиони евра има специфична долгорочна цел во насока на подготвување на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор кон исполнување на барањата на aquis communitaire, како и ефикасно спроведување на програмите и искористување на фондовите од Европската Унија.
Електронска верзија (пдф-2МБ) |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|