среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2005

   

Македонија како бренд - колку и како се претставува во светот

Не се работи доволно на промена на сликата за Македонија

Валентин Николовски: “На негативните искуства со брендот Македонија влијаат недоволно искористеното античко наследство и случувањата поврзани со Рамковниот договор и настаните од 2001 година“

“Многу малку досега  сме постигнале во  оформувањето на брендот Македонија, иако во земјата има многу потенцијал што не е искористен“ изјави  меѓудругото воведничарката Калина Јанковска од маркетин агенцијата  “Маркет вижн#, на тркалезната маса  под наслов “Македонија како бренд-колку и како се претставува во светот“, организирана од Македонскиот центар за култура и развој. Тркалезната маса се смета  за своевидна база за формирање и реализирање на стратегија  за брендирање на државата, на која Ценатарот започнува континуирано да работи.

Калина Јанковска укажа на потребата од оформување на бренд, потребен за поврзување со се што излегува од земјата но и со она што како вредност останува во неа. “Најчесто се греши при поврзувањето на брендот со туризмот на земјата. Брендот мора да ја потпомогне воопшто земјата во многу области а туризмот е една од нив, кој сепак не треба да биде нашата единствена  ориентација. Оформувањето на брендот на земјата е поврзано со се што името на Македонија досега го носи во себе. Името Македонија се поврзува  често со многу негативни моменти од историјата, особено со балканското минато. Бавен е процесот на формирање на бренд, поради што е потребно да се направи долгорочна стратегија и да се создаде вредност, која споменувањето на името Македонија ќе го врзе  за одредени елементи од нашата земја“ - изјави меѓу другото Јанковска.

Валентин Николовски  -новинар и уредник во ТВ Сител, ги презентираше своите практични искуства добиени при формални и неформални контакти со странски лица во земјата и надвор од неа. 

“ Моите искуства со брендот на земјава генерално се негативни и сметам дека на нив влијаат два момента: античкиот момент и случувањата поврзани со Рамковниот договор и настаните од 2001 година.

Ние не успеавме да профитираме, за разлика од други земји од античкото наследство на просторот на  Македонија во кое се создадени многу културни и уметнички вредности. Случувањата пак во блиското минато, ги создаваат информациите потребни да се создаде слика за земја со  конфликти и судири запаметени често како екстремни и негативни. И во двата случаи, сме губитници. Во првиот од незнаење и немање идеја, а во вториот  факт е дека ни е потребно многу време и напор да ја промениме сликата , се разбира со  континуирани позитивни активности“ - изјави меѓудругото Николовски. Тој укажа дека малкумина од странците знаат за спецификите на земјата, што се должи на недоволна темелна посветеност на оформување на брендот врз постоечките културни, стопански, уметнички и други вредности. “Невозможно е без државна стратегија да ја промовираме земјата, а според мене, брендот мора да се гради врз работа на премостување на споменатите историски негативности“ - рече Валентин Николовски.

Мирјана Контевска, - магистер за комуникации во менаџмент, се осврна на потребата од градење на дефиниран идентитет, неопходен при оформувањето на брендот, но и од внимателно следење на сигналите од надвор, кои укажуваат што е она што Европа и светот го сметаат за вредно и прифатливо, не земајќи ги  во предвид само нашите желби и убедувања. Таа потенцираше дека  еден од основните начини  за надминување на овој  вид  проблеми е да се препознаат негативностите кои влијаат на формирањето на сликата и доживувањата за она што доаѓа од Македонија, цитирајќи извадоци на  странци забележани при нивниот престој во земјава.

“Со испраќање на нови информации, ќе се потиснат старите, по различни патишта оформени доживувања на  брендот Македонија, но за да се стигне до тоа ниво  се потребни континуирани и темелни истражувања за тоа како сме доживувани  во светот - смета Контевска, која потсети дека брендот на Македонија не се само фотографиите, спомениците на културата, природата туку и полицијата, работата на администрацијата, нашите политичари, економијата ,стопанството и др.

“Задача на интелектуалците е  и да го оформуваат брендот, но треба да се соочиме со вистината, за да можеме да ја корегираме- нагласи  Мирјана Контевска.

Дарко Ангелов -  кој подолго време работел за македонската Влада , а сега и за Советот на Европа, укажа на низа примери за актуелни состојби во државата кои ја создаваат негативната слика за Македонија: непостоењето на директни авионски врски со голем број држави од светот, постоење на несоодветен аеродром, несоодветната сигнализација со европските стандарди кадфе се користи  кирилично писмо, за многумина непознато, користење на сигнализација од времето на  СФРЈ И др. “ Ако дозволевме да влезат дел од најавените странски инвестиции, доколку ние немаме волја или можности,  досега ќе  надминевме многу  проблеми со сигнализацијата и туризмот. Ќе имавме подобри хотели а со тоа сликата за Македонија ќе се менуваше. Ова се проблеми кои говорат за свеста во државата, за затвореноста на клучните одлучувачки структури кои одбиваат поради интерни проифити одредени промени. Проблем е и што Македонија нема функционална  дипломатска  мрежа која ќе работи на активно промовирање на капацитетите на државата.  Амбасадите се неискористени како потенцијал, но за надминување на наведените проблеми  потребен е поголем притисок  на граѓанското општество и НВО“ - посочи  Ангелов. 

Филип Стојановски  -”Метаморфозис“, тргајќи од своето практично искуство како информатичар, потсети дека  Македонија досега не го искористилка Интернет да се претстави во светот, иако станува  збор за евтин начин на презентација. Тој им препорача на членовите на Македонскиот центар за култура и развој, во оформувањето на стратегијата  за брендирање да вклучат што поголем број автори  од различни сфери,  поради со искуство, потврдената поголема посветеност во работата.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA