|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Во организација на МЦМС и Примеко
Прво советување за изготвување годишна сметка за непрофитните организации
Многу малку здруженија имаат правила и прописи за финансиско работење, а она за што најмногу се интересираат од непрофитните организации и за што најмалку знаат се даноците
Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на Економскиот центар Примеко од Скопје, на 20 и на 21 јануари, во х. Континентал во Скопје се одржа Советување за изготвување годишна сметка за непрофитни организации за 2004 г., прво од ваков вид во Македонија.
Советувањето го посетија 150-тина претставници на граѓански организации задолжени за финансиското работење, сметководители и други заинтересирани чиј делокруг на работа е поврзан со раководењето и со финансиите во непрофитните организации.
“Имам сопствена фирма во Битола која се вика ЈТД Калкулатор со основна дејност сметководствена работа. Фирмата постои од 1991 г., а оттогаш и јас работам како финансиски раководител. Уште оттогаш започнав да го водам финансиското сметководство на Технолошкиот факултет од Битола, а од пред неколку години постојано ги вршам сметководствените работи, вклучувајќи ги и завршните финансиски годишни сметки, и на ЗГ ОХО. Во меѓувреме сум ја вршела истата работа и за други граѓански организации”, потенцира Мимоза Жежовска. Таа учествува на советувањето како претставник на Здружението на граѓаните ОХО, со седиште во Битола, но со своја канцеларија во Скопје.
“Обуката беше содржајна, иако од моето долгогодишно искуство доста работи што беа кажани тука веќе ми беа познати. Тука сум како претставник на ОХО, а посакувам организаторот вакви обуки почесто да организира во мојот град”, додаде Жежовска.
“Во друштвото ја имам функцијата претседател, но во своето претходно работно искуство сум се занимавал со финансискиот дел на неколку меѓународни проекти од други организации. Некои од информациите понудени на семинарот ми се познати, но дознавам и многу нови работи. Сметам дека регулативата што се однесува на финансиското работење на граѓанските организации не е доволно јасна и граѓанските организации не се доволно информирани за сите тие правила и норми, затоа што и немале можност, за што зборува и фактот дека ова е прв семинар за ваква проблематика. Затоа сакам да му се заблагодарам и да ги поздравам напорите на организаторот да помогне за успешна работа на граѓанскиот сектор”, изјави Росано Чолаков од КОМАЈА – друштво за развој на уметноста на живеењето, еден од учесниците на советувањето.
На семинарот беа опфатени темите: законска регулатива при изготвувањето годишна сметка за 2004 година, приходи, расходи, ревалоризација, пополнување на даночниот биланс за 2004 година, обрасци кои ја сочинуваат годишната сметка и нивно пополнување и нови законски прописи.
Фросина Аневска, една од обучувачите од Економскиот центар Примеко, од подружницата во Битола, по впечатоците од советувањето, изјави: “Веќе една година работам во Примеко и досега моите советувања сум ги споделила на неколку обуки наменети за граѓански организации. Она за што најмногу се интересираат учесниците се даноците, зашто и најмалку знаат за тоа. Другото, што ми е впечатливо, е тоа дека многу малку здруженија имаат правила и прописи за финансиско работење и се надевам дека преку овие советувања ќе успееме да го промениме тоа”.
На крајот од семинарот беше формиран иницијативен одбор, кој донесе одлука за основање здружение со името Здружение на сметководителите на непрофитните организации на Македонија (ЗСНОМ), чиј претседател ќе биде Зоран Митревски. Новото здружение засега ќе биде сместено на ул. “Никола Парапунов” бб во Скопје, во просториите на МЦМС.
Семинарот го водеа претставници на консултантската куќа Примеко од Скопје.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|