|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Локална демократизација и развој - меѓународни перспективи
Меѓуграничната-соработка извор на стабилност
Од 2002 година е во тек проект за меќугранична соработка меѓу опшштините Гнилане, Прешево, Куманово и Трговиште
Тркалезната маса: “Локална демократизација и развој- меѓународни перспективи” оргазнизирана од страна на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Македонскиот центар за меѓународна соработка на првиот ден од НВО Саемот, преку излагањата на воведничарите Ирена Иванова -Европска агенција за реконструкција и Криси Христ од Институтот Исток - Запад, на присутните им понууди можност да се запознаат со актуелностите во обезбедување на средства од фондовите на Европската Унија, но и со практичното спроведување на проектите на теренот.
Преставничката на Европската агенција за рекострукција Ирена Иванова исцрпно го презентираше првиот документ за градење на регионална соработка меѓу Македонија и соседните земји во регионот, во кој е содржана политиката на градење на стабилност и економски развој. Презентираната програма се однесува на прекугранична, транснационална соработка со цел : одржлив развој во регионот, обезбедување на ефикасни граници, утврдување на активности со вклучување на повеќе групи луѓе во образовни и едукативни групи како и економски развој.
Програмата за развој на земјите соседи, се имплементира во периодот од 2004 - 2006 година преку постоечките програми КАРДС во Македонија и ФАРЕ во Бугарија, а во нејзиното реализирање на теренот се вклучуваат локалните власти , граѓанските здруженија, стопанските комори, универзитетите , фондациите, центрите за обука и сите културни институвии. Во рамките на програмата во 2006 година е најавено реализирање на 3 главни соседски проекти, од кои 2 ќе бидат проекти за меѓугранична програма.
При презентацијата на програмата, е потенцирана отворената можност граѓанските организации да соработуваат со преставниците на нивните колеги преку границите и да се развиваат разни можности за соработка,. Средствата од програмата ќе бидат достапни до 31. 12. 2009 година.
Своите искуства со примената на средства од меѓународни извори со кои се работи на демократизација на власта на теренот, на поврзување на граничните општини на Македонија со Косово и Србија, ја презентираше претставничката на Институтот Ист - Вест Криси Христ, која говореше за досегашното искуство стекнато со проектот наречен ГПКТ во кој се вклучени опшштините Гнилане, Прешево, Куманово и Трговиште започнат во 2002 година. Специфичноста на овој проект, кој покажува штозначи меѓугранична соработка, е како што нагласи Христ и во актуелната позиција на Косово, а неговата цел е и надминување на конфликтите и развој на заедницата. Нејзиното искуство е позитивно, проектот покажал дека се надминуваат меѓусебните предрасудии и тензии на жителите во пограничниот регион.
“Постигнувањето на безбедност во меѓуграничните подрачја е услов за отворање на можност на економски развој, меѓусебни бизниси, проток на капиталот” истакна Христ.
Претставничката пак на здружението “НИТ” од Хрватска Марија Раос, ги пренесе своите искуства во работа на меѓугранични проекти, потенцирајќи дека сеуше нивото на едукација за нивно имлементирање е ниско и дека во изминатите години во Хрватска, дури 30 % од доделените средства останале неискористени. Таа сугерираше донаторите да ги земаа предвид спецификите при правењето програми кои што за жал, се менуваат брзо, а населението не е во можност да се прилагодува со истата динамика.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|