|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Здружението на граѓани “ Палома “ –Прилеп
Здружението на граѓани “ Палома “ –Прилеп е регистирано на ден 23.08.2002 година во Основниот суд при Општина Прилеп со регистарски број 29/2002; Законски застапник, да го преставува здружението пред другите здруженија, институции, фондации и Аризанкоски Рубин.
Адреса на здружението е Диме Димески бр: 18. Цели и задачи на здружението се: - Реализирање на разновидни активности со кои ќе се остваруваат и задоволуваат социјалните, едукативните и здравствените цели; - Подобрување на меѓуетничките односи во Општина Прилеп и околните места; - Организирање на младински работни акции и заштита на младите од криминал и дрога; - Организирање на хуманитарни и културни активности со организирање на културно-спортски натпревари и користење на добиените средства за финансирање на хендикепирани деца и деца без родители; Здружението на граѓани “ Палома “ –Прилеп ја има својата целосна документација и според член 5 од Статутот на здружението дејствува на територијата на РМ; Банка депонент на З.Г. “ Палома” е Комерцијална банка А.Д. Скопје филијала –Прилеп и со жиро сметка 300020000252914 и даночен број 4021002135606 како и брохј на деловен субјект БДС-5675103. Здружението на граѓани “ Палома “ – Прилеп брои триесет членови и каде десет се активни а останатите пасивни жленови и се поделени во неколку сектори: -Сектор за образование; -Сектор за детски и младински прашања; -Сектор за родови прашања; -Сектор за спорт и физижка култура; -Сектор за екологија; -Сектор за правни прашања; -Сектор за сообраќај; Мисија на организација е: Индитификување на проблемите и потребите од секојдневниот живот на граѓаните во локалната заедница и ефикасно разрешување со едуцирање преку разни семинари, обуки, трибини, работилници со соработка со стручни лица од соодветната проблематика или област. Приоритети на организација се: Демократија и човекови права, Семејно насилство, корени и последици, Подигање на еколошката свест кај граѓаните за чиста и здрава животна средина и женски прашања. До сега имаме одржано една работилница на тема: Жените кои ги сакаат мажите и мажите кои не знаат како да ги сакаат жените, Во фаза на подготовка за старт е Телефонот на доверба. Контакт телефон на организацијата е : +389 48 428-603; +389 48 420-208; +389 70 761-296; Конкат лица: Аризанкоски Рубин и Крстески Панче. Емаил адреса: palomango@mt.net.mk ; ngopaloma@yahoo.com
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|