|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Промовирани две нови публикации
ВИСОКА ПЕРЦЕПЦИЈА НА “СЕБИЧНОСТА” КАЈ ДРУГИТЕ
Македонскиот центар за меѓународна соработка ги промовираше публикациите: “Луѓе од граѓанскиот сектор” и “Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија”.
Македонскиот центар за меѓународна соработка ги промовираше публикациите: “Луѓе од граѓанскиот сектор” и “Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија”.
“Ова е последната публикација во низата адресари што МЦМС ги подготвува и издава веќе 11 години”, рече промоторот Сунчица Саздовска. “Освен граѓанските организации и проектите, сега на едно место ги имаме и луѓето кои се вклучени во граѓанските организации и во спроведувањето на нивните проекти”.
“Луѓе од граѓанскиот сектор” содржи профили на 71 лидер, активисти, волонтери, обучувачи, консултанти итн. Публикацијата ќе им го олесни пристапот на заинтересираните да ги најдат ресурсните лица од граѓанскиот сектор.
МЦМС ја промовираше и “Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротоворството во Македонија”, публикација заснована на две анкети со кои беа побарани одговори од граѓаните на овие теми. “Граѓаните имаат најголема доверба во сличните на себе”, рече Сашо Клековски, еден од авторите на публикацијата. “Довербата во семејството е 94% но таа се намалува со воопштувањето на категориите. Иако најмалку и верува на државата, македонскиот граѓанин сеуште најмногу очекува од неа”, додаде тој. Во солидарноста на граѓаните веруваат само 26,4% од испитаниците што наметнува заклучок за висока перцепција на “себичноста” кај другиот. “Граѓаните имаат поделена доверба во граѓанските организации, 50,3% имаат, а 49,7% немаат”, рече Александар Кржаловски, еден од авторите. Сепак забележително е дека јавноста има позитивно мислење за граѓанските организации. Познавањето е во корелација со профилот на организацијата и секако со социјалните показатели. “Познавачите на граѓанското општество се припадници на средната класа, т.е. се подобро образовани, живеат во град, вработени се во јавниот сектор, имаат повисоки месечни примања и во просек се помлади”, вели Сунчица Саздовска, еден од авторите на оваа публикација. Истражувањето покажа дека 83,2% од граѓаните дарувале во последните 12 месеци иако бројот на оние што тоа го прават редовно е мал (8,3%). “Приоритетите на граѓаните за дарување не се смениле во послените 5 години”, рече Гонце Јаковлеска, еден од авторите. “И во 2001 и во оваа 2006 година тие најчесто даваат за здравје и здравство, за деца и млади и за хенидикепирани лица”. Истражувањето покажа дека на граѓаните им е најлесно да даруваат во пари и дека најчесто тоа се износи од 10 до 100 денари. Убедливо најприфатливо за нив е дарувањето да го прават директно и на рака.
Истражувањето е одговор на потребата да се проверат претпоставките и планирањето на идните активности да се заснова на факти.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|