|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Панел
Децентрализација – департизација како формула за успешна локална демократија
Во организација на ЦСИД “Форум”, на вториот ден од одржувањето на НВО саемот беше одржан панелот на тема “Децентрализација – департизација како формула за успешна локална демократија”.
Вовед во ова даде Ѓунер Исмаел, кој рече дека во изминатиот период многу стана збор околу оваа тема, и околу која се дигна многу прав во јавноста. Тој посочи дка и во наредните две-три години ќе се дискутира многу. Околу овој процес ЦСИД “Форум” ќе започне да работе на проектот “Децентрализацијата во Македонија: Да се приближи власта поблиску до народот”. Во пет општини во Македонија – Струга, Кичево, Гостивар,Чаир и Куманово ќе се спроведуваат осмислени активности за помош на локалните претставници и цивилното општество за нивно зголемено учество во функционирањето на нивните општини во рамките на новите закони за децентрализација и локална самоуправа. Проектот е финансиски подржан СР Германија. Проектот ќе се спроведува до 2006 година.
Елена Петкановска, од Министерството за локална самоуправа истакна дека децентрализацијата е камен темелник за подобро “владеење”и демократски човеков развој. Процесот на глобализација и брзиот развој на технологијата ги присилуваат сите држави во светот да започнат со реформи за дефинирање на политичките и правните система. Во поново време се почесто се употребува терминот демократско владеење, со што се означуваат обврските на власта при донесување на одлуките. Спроведувањето на овој процес вклучува: реформи во оделни сектори, со дефинирање на органите на власта. Со пренесување на властите од централно на локално ниво би требало да се постигне што поголема одговорност и зголемување на нивните права.
Владимир Ристески исто така од Министерството за локална самоуправа истакна дека со децентрализација треба да се постигне и департизација на локална власт за успешна локална демократија. Во тој правец и самите граѓани треба да се заинтересираат повеќе, да знаат кои се членовите на општинските одбори, да има поголема комуникација меѓу нив.
Ѓунер Исмаел на крајот на панелот кажа дека еден од проблемите на македонското општетсво е непознавањето на рамката. Во таа насота е и недостигот на информации, што можеме а што не можеме да правиме, што смееме а штон е. Мора да се почитува изборот на локалните власти. Но ќе има потешкотии поради партизација на локалната администрација.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|