|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Програма за јакнење на капацитетите на женските НВО за здравствена едукација
На почетокот на 2000 година Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Христијанска помош (Christian Aid) од Лондон, отпочна да ја спроведува Програмата за јакнење на капацитетите на женските НВО за здравствена едукација.
Програмата е финансирана од Фаре (Phare and Tacis LIEN) и ќе се спроведува две години.
Целта на програмата е да придонесе за институционално јакнење и одржливост на женските невладини организации и промовирање на концептите за родови односи, развој и здравствена едукација, особено меѓу жените во руралните области и приградските населби.
Во спроведувањето на програмата учествуваат 8 женски НВО: Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), Организацијата на организациите на жените на Македонија (ООЖМ) и Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ), трите од Скопје, Сојузот на албанската жена од Македонија (САЖМ) од Тетово, ОЖ Струмица, ОЖ Штип, РОЖМ „Даја“ од Куманово и Престиж од Битола.
Во рамките на овие организации формирани се седум регионални и еден централен ресурсен центар, чија основна цел е формирање бази на податоци и информации релевантни за нивната работа.
Во интерес на подобрувањето на комуникацијата меѓу женските невладини организации, владините институции и пошироката јавност, женските НВО, партнири во програмата, заеднички го изготвуваат информативното гласило „Перспективи“. Овој билтен излегува двемесечно и е достапен во печатена и електронска верзија. Издавачката, програмската и уредувачката политика на билтенот ја утврдува Издавачкиот совет, составен од претставнички од осумте женски НВО, учеснички во програмата и еден претставник од МЦМС. Во истиот контекст е пуштањето во употреба на оваа веб-страница и веб-страниците на женските НВО, учеснички во програмата.
На почетокот на ноември, во рамките на Програмата, отпочна циклусот Обуки за родови односи и развој. Обуката ја спроведуваат Неда Малеска - Сачмароска од МЦМС и Весна Јованова од ЕСЕ.
За спроведувањето на програмата е одговорен Проектниот тим, составен од вработените лица во Ресурсните центри. Активностите на Програмата ги следи Советодавната група, составена од претставници на женските НВО, претставник од Христијанска помош од Лондон и претствник од МЦМС. Советодавната група е одговорна за одобрување на тековните и завршните извештаи и давање сугестии за понатамошните насоки во спроведувањето на програмата. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|