|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Декада на Ромите – 2005-2015 година
Интеграција во сите сфери на општеството
Самиот процес на интеграција и изготвување на страгија за Ромите треба да остави простор за активно слушање на оние кои имаат искуство”, истакна Славица Инџовска. „Проблемот на Ромите не е ексклузивен проблем на македонските Роми туку ексклузивен проблем на Македонија”
Како да се интегрира ромското малцинство во општеството? Ова е основно прашање за најсиромашната етничка група во нашата земја. Иако декадата од 2005 до 2015 година е прогласена за Декада на Ромите, јасно е дека пред Ромите стојат сериозни задачи и напори за интеграција, а Владата мора да изготви стратегија за помош на ромското малцинство.
На тема “Декада на Ромите” се дискутираше на панелот во организација на Центарот за ромската заедница “Дром” на која учесници беа Жаклина Дурмиш, Славица Инџовска од Институтот отворено општество Македонија и Ибраим Ибраими.
Дали во изготвувањето на стратегијата за Ромите треба да учествуваат и оние кои не се Роми или не, беше едно од прашањата на кои жестоко се дискутираше.
“Самиот процес на интеграција и изготвување на страгија за Ромите треба да остави простор за активно слушање на оние кои имаат искуство”, истакна Славица Инџовска. “Проблемот на Ромите не е ексклузивен проблем на македонските Роми туку ексклузивен проблем на Македонија”, додаде таа.
Со оглед на тоа што ромските невладини организации беа исклучително активни во последните десет години општиот заклучок беше дека тие активно треба да учествуваат во сето она што значи ромска декада, иако кај некои од претставниците на ромските невладини организации можеше да се забележи сомнеж во однос на вклучувањето на не-Ромите во ромската интеграција во општеството. “Не-Ромите воопшто не знаат каде и како ние живееме. Не не познаваат доволно”, беше заклучокот на некои од присутните Роми.
Жаклина Дурмиш, пак, се осврна на Образовниот фонд за Ромите кој ќе го финансира Светската Банка и Сорос фондацијата.
“Образованието се посочува како добра почетна точка за кршење на сиромаштијата”, истакна Дурмиш додавајќи дека јазот помеѓу степенот на образованието помеѓу ромските и не-ромските деца е преголем, така што ромските деца практично немаат никаква здрава стартна позиција.
На панелот уште еднаш се предупреди дека странските донации кои доаѓаат како помош за Ромите мора да се даваат таму каде што е потребно, а оние кои работат со странските донации мора на своите сонародници да им даваат отчет за потрошените средства.
“ Во некои земји на ЕУ се слеваат големи пари како помош за ромското малцинство, но најмалку од тоа имаат корист самите Роми. Тоа не смее да се случи и кај нас”, заклучија учесниците на панелот. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|