|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Презентација :Интегрирана заштита, културен предел-Примена на Европската конвенција од Фиренца; Организатори: Еколошкото друштво “Опстанок” и Урбис
Интегрираната заштита кај нас е мисловна именка
Еколошкото друштво “Опстанок” и здружението Урбис од Скопје, беа организатори на презентацијата под наслов “Интегрирана заштита, културен предел-Примена на Европската конвенција од Фиренца”, на која говореа претставниците Јасмина Хаџиева, Живко Поповски и Ѓорѓи Хаџи Васков, насочувајќи го вниманието на присутните заинтересирани посетители на НВО саемот, на потребата во Македонија да се почитуваат и дополнително и да се регулираат обврските што произлегуваат од потпишната Европска конвенција за интегрирана заштита, културен предел.
Конвенцијата е усвоена во Фиренца а ратификувана во Македонија, но сеуште не е имплементирана во практиката. Говорејќи за поимот и значењето на интегрираната заштита и културниот предел и за актуелната состојба во овој контекст со верификација и заштита на културно-природните вредности кои земјава ги поседува, несомнено неодминлива тема на која тројцата учесници се фокусираа беше скопското Кале Градиште. Тие ја истакнаа потребата и овој предел меѓу другите, со регуларна законска постапка да се заштити како културен предел.
Јасминка Хаџиева се осврна на потребата од менување на пристапот во штитењето на културно - историското и природното наследство во Македонија, потенцирајќи дека тоа е останато на нивото на периодот од 1950 - 60 години. “Интегрираната заштита сеуште е мислена именка а политиката работи на тоа, постоечките видови наследство да се ослободат за економска корист. Овој вид на за Заштита треба да се приклучи кон просторното планирање и урбанизам што кај нас недостасува, а истата треба, како што е и во светот, да биде грижа на граѓаните. Јавните власти терба да превземат мерки за едукација и информирање за вредностите на наследството кое го поседуваат,(што е и обврска со Конвенцијата). Оживувањето на интегративната заштита зависи и од преиспитувањето, ревидирањето на законите за домување, просторно планирање, урбанизам и др. Европа ја препорачува интегрираната заштита , бидејќи овозможува комплексно третирање и заштеда на финансиски средства. Здруженијата на граѓани можат да играат голема улога во разни активности во доменот на интегрираната заштита која се однесува и на културниот предел и на културниот пејзаж, но не можат ништо ако немаат подршка од државата” - истакна меѓу другото Хаџиева.
Проф Живско Поповски ја посочи спорната локација Градиште Кале како дел од еден значаен дел од Скопје, простор меѓу Гази Баба и Ајдер Баба, од Скупи до МРТВ, каде се лоцирани објекти од културна и социолошка содржина, значајни културно - природни вредности што ја потврдуваат неговата комплексност и бараат интегрирана заштита. Третиот учесник на презентацијата Ѓорѓи Хаџи Васков говореше за улогата на граѓанските организации во забрзување на процесот на интегрирана заштита, преку информирање и своевиден притисок за донесување на законски одредби и акти за нејзина имплементација во македонската стварност .
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|