|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Подигнување на свеста кај жените за рано откривање на ракот на дојката - можности за промена на законската регулатива
За бесплатни прегледи за сите жени
Од 1989 до 2004 година со помош на скрининг биле прегледани 37.000 пациентки, а кај 6.000 од нив биле констатирани малигни промени на дојката. Во Македонија најмалку 14 медицински центри низ целата земја мораат да го имаат ехо апаратот За една жена која е заболена од рак на дојка се издвојуваат 15.000 евра за нејзин третман, а еден ехо апарат чини 25.000 евра
Секоја година с? повеќе жени заболуваат од ракот на дојката. Оваа болест, за која точно не е утврдена причината, може да се спречи или да се открие во најраната фаза на заболување доколку жените навреме ги извршат сите потребни прегледи. На жените им се препорачува барем еднаш годишно да одат на испитувања, да вршат самопрегледи на дојката, а доколку забележат сомнителни измени на градите веднаш да се јават на лекар. Но, факт е дека поради проблемите во нашето здравство голем број жени немаат можности да се прегледаат. Затоа повеќе женски невладини организации покренаа иницијатива за собирање потписи за измена на законската регулатива со што на сите жени, вклучително и на оние кои немаат здравствено осигурување, би им се овозможил бесплатен преглед и скрининг.
Д-р Тихомир Крцковски од Клиниката за тораковаскуларна хирургија, еден од учесниците на панелот: “Подигнување на свеста кај жените за рано откривање на ракот на дојката - можности за промена на законската регулатива” истакна дека статистичките податоци за заболување од ракот на дојката се битни, но: “Ако е и еден процент, а тој еден процент сте вие, тогаш е значајно. Затоа превентивата и раното откривање на заболувањето се многу значајни. “, истакна Крцковски.
Како и зошто се добива ракот на дојката не се знае, во ризична група се жени во чии семејства веќе го имало ова заболување, но сепак жените, внимавајќи и на начинот на живот, ќе делуваат превентивно. Така, добра е диетата со фибри, но не се препорачува диета со високо сатурирани масти. Исто така лекарите, учесници на панелот, нагласија дека жените мораат да внимааваат на одржување на идеалната тежина, а под задолжително спаѓаат и физичките активности. Самопрегледот на дојката, кој е најдобро да се изврши десеттиот ден по менструацијата, е значаен во раното откривање на промените на дојката и спречување на ракот на дојката.
Во земјите од регионот јавноста им дава поддршка на активистките кои се борат секоја жена да има пристап до здравствените услуги и бесплатен преглед. Така, во Хрватска на почеток на 2006 година стапува во сила закон со кој на сите жени ќе им се овозможи бесплатен преглед.
“Од 1989 до 2004 година со помош на скрининг во Македонија биле прегледани 37.000 пациентки, а кај 6.000 од нив биле констатирани малигни промени на дојката. Во Македонија најмалку 14 медицински центри низ целата земја мораат да го имаат ехо апаратот. Со тоа голем број жени ќе бидат и спасени, а и економичноста е голема. На пример. За една жена која е заболена од рак на дојка се издвојуваат 15.000 евра за нејзин третман. А, еден ехо апарат чини 25.000 евра. Сметката е јасна, но најважно од с? е тоа што многу жени ќе бидат спасени и што голем број жени во целата држава ќе имаат можност за целосен преглед на дојките”, истакна Крцковски.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|