|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Сојуз на организации на жени на Република Македонија
СОВЛАДУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО СОРАБОТКА НА НВО И ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ
Главно мерило на сиромаштијата е процентот на лица/ домаќинства кај кои нивото на потрошувачка е пониско од 60 проценти од националниот просек.
Причина за сериозна загриженост е фактот што податоците покажуваат зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста во последниве години. Процентот на лицата под линијата на сиромаштијата се зголеми од 19% во 1997 год. на 22,7% во 2001 год., а последните проценки укажуваат на процент од приближно 25% во 2003 год. Џини коефициентот, кој го одразува степенот на нееднаквост на доходот, се зголеми од 31,6% во 1997 год. на 36% во 2000 год. Иако Република Македонија одржува релативна макроекономска стабислност од 1996 год., ситуацијата со сиромаштијата секако беше под негативно влијание од бегалската криза во 1999 год. и граѓанските немири во 2001 год.
Вработеноста во периодот на транзиција (од 1990 год.) се соочи со економски пад, особено во почетокот на деведесеттите. Индексот на вработеноста се намали од 100 во 1990 год. на 88 во 1995 год., и започна нагло да се зголемува на 96 во 1998 год. Оттогаш вработеноста повторно незначително се намали. Шемата на вработеноста не го следи конзистентно трендот на БДП. Стапката на вработеноста е само околу 40% (во 2002 год.).
Преструктуирањето на претпријатијата бавно се одвиваше во текот на периодот на транзиција. Тенденцијта да се избегнува да се отпушта работната сила, се додека фирмите не отидат под стечај, доведува до намалени шанси за нови учесници да влезат во работната сила.
Проценките на навработеноста покажуваат дека невработеноста е висока во Република Македонија. Анкетата на работната сила (АРС) за 2002 год. покажува стапка на невработеност од 31,9% (32,4% доколку се исклучат лицата на возраст од 65 и повеќе години). Невработеноста е нешто повисока кај жените (32,3% во 2002 год.) за разлика од кај мажите (31,7%). Над 20 000 работници се сеуште во процес на губење на својата работа преку планираната ликвидација на големите претпријатија загубари. Во опасност се уште работни места за работниците во 500 средни приватизирани претпријатија, кои се загубари. Оттука, невработеноста се чини дека во голем дел е структурна. Општо гледано, активните политики на пазарот на работна сила се од ограничена релевантност за зголемувањето на вработеноста во услови на висока структурна невработеност и мал број на слободни работни места.
Постои значителна разлика меѓу регистрираната вработеност (во бироата за вработување) и вработеноста која е регистрирана во анкетите за работна сила. Постоењето на значителен степен на нерегистрирана вработеност покажува дека приоритет на политиките треба да биде намалување на регулаторните бариери за формално вработување.
Значајна карактеристика на пазарот на работна сила е склонста на младите луѓе да мигрираат надвор од Македонија. Неодамнешна студија на Европската фондација за обука за невработеноста кај малдите во регионот покажа дека “Во периодот од 1990 о 1998 год. повеќе од 17 000 лица заминале од Р. Македонија, 70% од нив биле на возраст меѓу 18 и 30 години, од кои 53% имале диплома за завршено средно или повисоко образование. Според податоците од Пописот во 1994 год., над 8% од населението и 10% од работната сила, работеле и живееле надвор од Македонија.
Важно е активната програма за намалување на сиромаштијата и невработеноста да биде водена од реални конкретни таргети. Подолгорочните цели би требало да вклучат таргети насочени кон намалување на делот на населението кое живее под линијата на сиромаштијата. Таргетите можат да се формулираат и за намалување на сиромаштијата на конкретни групи на население. Дополнителните мерки за сиромаштијата понекогаш го вклучуваат степенот на пристап до социјални услуги и сопственост на основни добра за прифатливо ниво на живот. Таргетите понатаму би можеле да бидат формулирани за учеството на работната сила и неврабоеноста, кои можат да се специфицираат по пол, возраст или степен на образование.
Спроведувањето на конкретните мерки на политиката за намалување на сиромаштијата и невработеноста од страна на институциите на системот може и потребно е да биде во координација и соработка со здруженијата на граѓани. Граѓанските организации, како иницијативи од страна на граѓаните на Република Македонија, можат да дадат насоки за таргетирање на одредени мерки на економската политика на краток и долг рок. Работата на граѓанските организации може во многу нешта да помогне во подобрување на животниот стандард и работниот статус на граѓаните.
Сојузот на организации на жени на Република Македонија- СОЖМ, во рамките на програмската шема на работа ја има вклучено и Програмата за економско јакнење на жената. Програма за економско јакнење на жените е одраз на согледувањата, истражувањата и практиката за неповолната економска положба на жените во Република Македонија. Програмата е насочена кон јакнење на свеста на жените за нивниот економски статус и животен стандард; насочување на нивните способности, квалитети и знаења за активно вработување и вклучување на пазарот на работна сила; промовирање на претприемништвото меѓу жените; укажување и насочување кон можностите за самовработување и отварање на мали и средни бизниси.
Во рамките на Програмата за економско јакнење на жените вклучен е и Бизнис Тренинг Центарот за Жени, чија мисија е насочена кон охрабрување на жените за преземање на бизнис акции; воведување и претставување на родовата перспектива во економските текови и појави; и запознавање и поставување на базичниот бизнис план за започнување и опстојување на животниот циклус на еден економски субјект.
Сојузот на организации на жени на Република Македонија активно работи низ тренинзи и обуки на подигање на свеста за економско јакнење на жената и нејзина вклученост и важност во економските текови и појави. Но, особено е важна заедничката работа на граѓанските организации со институциите на системот во процесот на асоцирање, стабилизирање и пристапување кон Европската Унија- ЕУ, и тоа на полето на политиката за вработување и пристап до слободните работни места, родово сензибилизиран буџет и јаз во наплатените наемнини, социјална политика и сигурност и застапување и лобирање од страна на граѓанските организации.
Гордана Тренкоска
Сојуз на организации на жени
на Република Македонија
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|