среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Настани

   

Граѓаните во процесот на донесување одлуки

На граѓаните им недостигаат информации за учество во одлучувањето 

Звонко Шаврески го критикуваше донесувањето на законот за граѓански иницијативи, сметајќи дека истиот скратува дел од претходно постоечките можности за граѓаните 



Организиран од страна на граѓанската организација МОСТ, панелот “Граѓаните во процесот на донесување на одлуки“, привлече големо внимание кај учесниците и публиката, иако, според изјавите  на претседавачот Дарко Алексов, незадоволен од условите за неговото одржување,повеќе наликуваше на трибина.

Воведничарите Андреј Петров, Роберт Чатертон -Диксон, Звонко Шаврески и Каролина Ристова Астеруд, со своите излагања ја оформија актуелната слика за процесот на донесување на одлуки во земјава, во што придонесоа и дел од учесниците во публиката.

 Роберт Чатертон -Диксон, амбасадор на Велика Британија во Македонија ја потенцираше клучната улога на граѓаните во процесот на децентрализацијата и демократизацијата на земјата, отценувајќи го воедно и досегашниот процес на спроведување на реформите во земјата како добар, со очекување од позитивно решавање на проблемите со законодавството. Според него, претстојните парламентарни избори ќе бидат мошне важни во самиот процес, поради што, посочи дека истите треба да се одржат со нула толеранција за досега, констатираните неправилности при одржувањето на избори.

“Повторување на злоупотребата на изборите може да биде  катастрофално за Македонија“ - посочи Диксон, осврнувајќи  се и на започнатиот процес на децентрализација  како на голема отворена  можност пред граѓаните  во  донесување на потребните одлуки во функционирањето на општеството. Тој отцени дека граЃаните во Македонија напредуваат во овој процес, барајќи се повеќе одговорност од своите лидери, но нивната активност треба да биде континуирана.  “МОСТ“ и другите граѓански организации можат многу да помогнат во информирањето на граѓаните за нивната улога и можностите при донесувањето на одлуките, во поставување на барања до власта, со посветување на големо внимание на правата но и на одговорностите и на другите субјекти, како што се медиумите“ - рече Диксон..

Каролина Ристова - Астеруд, претседател на Комисијата за европски прашања  при Републичкото собрание, говореше за отвореноста на парламентот  кон граѓаните и граѓанските иницијативи, посочувајќи дека граѓаните во Македонија сеуште не ги знаат надлежностите на државната и локалната власт, поради што во своите обраќања многу често бараат одговори кај несоодветни инстанци на власта.

“Голем дел од прашањата упатени до мене како парламентарец се поврзани со локалната власт“ - рече  Астеруд, која  посочи и дека граѓаните често бараат парламентарците да влијаат на одлуките на судовите, но и во други области, што се коси со ингеренциите на парламентарците.Таа посочи дека на гра”аните им е потребна едукација за да знаат каде да се обраќаат, дека не постои доволна комуникација   меѓу граѓаните и пратениците преку писма, но и дека граѓаните не ја користат доволно можноста да го кажат своето мислење  за одредени прашања, што им е овозможено со закон.

Според Каролина Ристова - Астеруд комуникацијата  на парламентарците со НВО е се подобра, но таа смета дека истата може да  се подобри, доколку бидат надминати одредени  деловнички недовршености во парламентот, со што парламентарците би добиле повеќе време за комуникација со граѓаните. Во оваа прилика, информираше и  за предлогот за  формирање на Национален форум за  евроингерација, произлезен опд Комисјата за европски прашања.

Андреј Петров - претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општината Карпош,  говореше за зголеменото учество на граѓанското општество во процесот на децентрализацијата, за користа  на  граѓаните, за можностите од воспоставување на поблиска врска со локалната власт.  Посочи на потребата од деполитизирање на образованието, од зајакнување на граѓанското општество преку  училишните одбори, од внимателно користење на можноста  граѓаните да влијаат на урбанистичките процеси во општините, Од досегашните новини, како успешни ги издвои оформувањето на едношалтерскиот ситем, како сервисен центар за граѓаните, отвореноста  на  Советите на општините за јавноста.

“Проектите кои ги работевме се плод на успешна соработка со НВО, истакна Петров, укажувајќи дека на граѓаните континуирано, преку засилена кампања е потребно  да им се потенцира отворената можност на локалните власти за комуникацијата, која освен по пат на писма, телефон најдобро е да се остварува преку електронска пошта.
Андреј Петров информираше дека за прв пат до сега, поголем дел од буџетските средства за општините ќе им бидат доделени на опозициопнерските градоначалници, што прествува добар чекор во демократските промени  во државата.

Звонко Шаврески - претседател на  Полио плус , најавен како  претставник на организација која  практично ја спроведува  граѓанска иницијатива од локално ниво до Парламентот, со актуелното собирање на 10 000 потписи потребни за донесување на  закон за хендикепираните лица, говореше за  досегашната практична реализација на иницијативата.

“Иницијативата потекна минатата година, од страна на организации кои  работат на полето на заштита на лица со хендикеп, а јас бев одбран да им ја предложам на парламентарците  во Лоби групата во Парламентот,  по што тие без проблем ја прифатија“ - рече Шаврески, информирајќи дека  нацрт законот е во согласност со конвенцијата  против дискриминацијата што се подготвува во ОН. Тој потсети дека ова е прва граѓанска иницијатива на национално ниво, која засега се одвива успешно, при што  се собрани околу 6 000 потписи. 

Шаврески го критикуваше донесувањето на законот  за граѓански иницијативи, сметајќи  дека  истиот ги скратува можностите  за поднесување на иницијативи, го ограничува времето  кое претходно го имаа граѓаните за средба со пратениците.

“Ние ја искористивме законската можност за поднесување  иницијатива во последен момент“ - рече тој и посочи на потребата  од подигање на свеста кај населението, од широк консензус  за надминување на проблемите на хендикепираните лица. Укажа на  присутната инертност и дефетизам, илустрирајќи ги со нереализираната а понудена можност, на првиот ден од НВО саемот, дел од граѓаните, со организиран превоз да одат до неколку скопски општини и да  го дадат својот потпис за законот.

Каролина Ристова-Асдтеруд, посочи дека Македонија има најлиберална уставна законска рамка, на што, Нелко Нелковски, обраќајќи се пред присутните, се надоврза дека наспроти тоа, постои најригорозниот  закон за граѓанско  учество. Нелковски  запраша за позицијата на месните заедницо во процесот на децентрализацијата, на што Андреј Петров информираше  дека тие функционираат како и до сега , но дека е во тек изготвување на правилник за месна управа. .

Претставникот на Советот на Европа Мишел Риволие, укажа дека децентрализацијата не е само  механизам, туку во неа најголема улога имаат ме”усебната доверба на граѓаните и политичарите, доверба што треба постепено да се гради.

Славица Биљарска - МОСТ ја потенцираше потребата од дискусија  за граѓанско донесување на одлуки, но и од акција , наведувајќИ  го искуството со дел од проектите на нејзината организација  за  воспоставување на контакт , комуникација на граѓаните со претставниците на Парламентот.

“На почетокот парламентарците не беа заинтересирани, но сега дел од нив покажуваат потреба од комуникација со НВО, со експерти во донесувањето на одредени одлуки“, рече меѓудругото Биљарска, укажувајќи на фактите од постоење на игнорантски однос кај дел од пратениците по упатените  барања за комуникација. Таа упати барање до Каролина Ристова Атеруд и Андреј Петров, за влијание во зголемувањето на комуникацијата на државно и локално ниво со граѓаните и граѓанските организации. 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA