среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Јуни

   

Награди за граѓанско општество и демократија и одржлив развој

МЦМС ги прогласи овогодинештните лауреати

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) синоќа (8 јуни), во хотелот Холидеј ин, ги прогласи добитниците на Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн“.

Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија се: Аце Коцевски за долгогодишен придонес, Европско движење во Република Македонија за постигнувања во претходната година и ОЖ „Радика“ за соработка.
Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн“ ја добија: Виолета Томовска и Михаил Токарев за долгогодишен продонес и „Специјална олимпијада“ за постигнувања во претходната година.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги воспостави Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој Херт Јан ван Апелдорн, за признание на храброста и на посветеноста на многу лица и организации во поддршката на демократските вредности, на граѓанското општество и на одржливиот развој.

Наградите, оваа година, се доделуваат по четврти пат. Добитниците на наградите се извонреден пример и извор на инспирација за сите нас. Тоа што е постигнато досега сигурно не ќе беше возможно без придонесот на голем број посветени жени и мажи кои работат на поддршка на демократијата, на граѓанското општество и на одржливиот развој. Ние сме свесни дека тие процеси се далеку од завршени, тие се во својот зачеток.

Оваа брошура ги слави годишниве добитници. Сакаме годишнава церемонија да биде настан кој ги одбележува активностите на заслужените добитници.
 
Аце Коцевски е добитник на Наградата за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес. Наградата е доделена за придонес во граѓанското општество со јакнење на учеството и влијанието на луѓето, индивидуално или колективно, во одлуките и процесите кои се однесуваат на нив и за придонес во доброто владение со јакнење на локалната самоуправа (вклучувајќи граѓанско учество во локалната демократија). Аце Коцевски во својата долгогодишна активност како пратеник, јавен службеник и градоначалник дава посебен придонес во вклучувањето на граѓаните во одлучувањето. Една од клучните активности е поддршка на граѓаните на Велес во учеството и влијанието на прашањето на Топилницата во Велес (МХК Злетово). Заедно со локалните граѓански организации „Друштвото на родителите за грижа за здраво поколение“, „Здружението на родителите на децата заболени од церебрална парализа“ и „Порака“ учествуваат во разрешување на најголемиот еколошки проблем во Велес (и Македонија), преземаат иницијативи до највисоките владини институции и на меѓународно ниво, како и преземаат конкретни активности за подобрување на квалитетот на животната средина во Велес. Аце Коцевски, како јавен службеник и градоначалник, даде голем придонес во јакнење на локалната самоуправа и децентрализација. Велес е избрана „општина за пример“ каде се реализираат сите пилот проекти од децентрализација на власта.

Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) е добитник на Наградата за граѓанско општество и демократија за придонес во претходната година. Наградата е доделена за придонес во граѓанското општество со  јакнење на капацитетот на луѓето да ги одредат сопствените вредности и приоритети и да се организираат за да дејствуваат кон остварување на тие вредности и приоритети. ЕДРМ во 2003 дава посебен придонес во афирмација на европската идеја и евроинтергарциите. Тоа низ активностите како „Европа-нашата иднина“ (двонеделни манифестации низ Македонија по повод 9-ти мај – Денот на Европа) и Европска недела во средните училишта - „Знаејќи повеќе за Европа и Европската унија, знаеме повеќе за нас“. Во јуни 2003 година ЕДРМ беше иницијатор и организатор на меѓународен настан на Претседателите на Европските движења на земјите од Југоисточна Европа за соработката во процесот на евро-интегрирањето на која беше усвоена заедничка Резолуција во пресрет на Самитот на ЕУ што се одржа во Солун.

ОЖ „Радика“ е добитник на Наградата за граѓанско општество за  соработка. Наградата е доделена за придонес во градење  врски, мрежи, размени, комуникација меѓу организациите во граѓанскиот сектор и со државниот и приватниот сектор. ОЖ „Радика“ придонесе за градење мрежи, размени, комуникација со месните заедници (12 ограноци) и општина Ростуше, и Македонското женско лоби. ОЖ „Радика“ работи во исклучително пасивно подрачје (реканскиот крај).

 Виолета Томовска е добитник на наградата за унапредување на развојот на луѓето, со локални и национални иницијативи во сектори, како образованието, здравствената заштита и социјалната грижа. Таа како претседател на „Животна искра“ и во соработка со низа други граѓански организации, како и поради личното искуство, активно е вклучена во поддршката на жените заболени од ракот на дојката, насочени во борбата за превенција и намалување на заболувањата.

 Д-р арх. Михаил Токарев е добитник на наградата за промоција и поддршка на развојот што води во долгорочни резултати за луѓето и за околината, без притоа да се создаваат обврски и дисбаланси за идните генерации. Од 1989 година па наваму, Михаил Токарев со голема упорност и знаење се залага за спроведување на одржливиот развој во РМ, како во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, така и во заштитата и ревитализацијата на градителското, културно-историското и природното наследство. Тој е главен иницијатор и прв претседател на ДЕМ, кога во рок од една година Движењето беше омасовено (од 10+3 на 20+6 членки) и кога беа организирани меѓународни активности за заштита на Дојранското и на Охридското Езеро, а по неколку години и на Преспанското Езеро.

„Специјална олимпијада“ – Македонија е добитник на наградата за промоција и поддршка на правото на поединците, групите и луѓето да учествуваат, да придонесуваат и да уживаат во континуиран економски, социјален, културен и политички развој, во кој сите во потполност ќе ги остварат своите човекови права и фундаментални слободи. Во текот на 2003 година „Специјална олимпијада“ иницира кампања за вклучување на лицата со ментален хендикеп во секојдневните текови на живеење преку нивно активирањена разни спортски активности. Досега повеќе од 600 лица активно се вклучени.

 

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA