МЦМС
Конкурс за обука во програмата ОЗИ Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во програмата Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ) организира курс за Интегрирано раководење со проектен циклус (ИРПЦ) од 26 до 28 март, 2003
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржлив развој, градење на свеста и социјално – хуманитарна (основна) помош.
Целта на МЦМС е поттикнување, поддршка и развој на локални, национални и меѓународни иницијативи за унапредување на одржливиот развој на човечките ресурси во Македонија и надвор.
Во рамките на програмата Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ), МЦМС предвидува обука на заедниците и НВО за Интегрирано раководење на проектен циклус (ИРПЦ).
Право за учество имаат членовите на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), месните/урбаните заедници (МЗ/УЗ) и локалните невладини организации (НВО). Принципот на аплицирање е партнерски односно задолжително е конкурирање на 2 учесници од ЕЛС или МЗ/УЗ и 2 учесници од НВО кои доаѓаат од иста општина. Тоа значи дека на обуката можат да учествуваат по 2 учесници од иста единица на локална самоуправа или месна заедница и 2 члена од локална невладина организација кои доаѓаат од иста општина, а учесниците ги предлага организацијата или локалната самоуправа. Задолжително е пријавување на сите 4 кандитати заедно, во тесна меѓусебна координација и соработка. Нема да се разгледуваат партнерски пријави каде што се пријавени 1, 2 или 3 кандидати.
Избраните учесници ќе бидат опфатени со други три пооследователни обуки: РПЦ (Раководење со проектен циклус) модул 2 (процес на формулација на проекти) и модул 3 (процес на аплицирање); ИР/ОЈ (институционален развој и организациско јакнење) и административно работење. Овие обуки ќе бидат спроведени во наредните 4 месеци и тоа: 16-18.04.2003 (3 дена); 21-23.05.2003 (3 дена) и 5 и 6. 06.2003 (2 дена).Локациите на обуките ќе бидат дополнително утврдени.
Цената на чинење на курсот Интегрирано раководење со проектен циклус (ИРПЦ) изнесува 8.675,00 денари. Во цената се вклучени: обуката, материјалите за работа, сместување и храна за учесниците, вклучувајќи и освежување за време на паузите.
Претставниците од урбаните заедници имаат можност да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот, односно партиципацијата по учесник да изнесува 870,00 денари. Претставниците од руралните заедници имаат можност да конкурираат за покривање на 100% од цената на курсот од страна на МЦМС. Патните трошоци ги покриваат учесниците. Обуката ќе се спроведе во Охрид или Скопје.
Формуларите за пријавување можат да се подигнат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, или преку електронска пошта.
Краен рок за пријавување е 20.03.2003 г. (четврток).
Лице за контакт: Александар Јовановски, е-пошта: ajv@mcms.org.mk; тел: 02/365 381
|