|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Во организација на студентската организација EESTEC LC
"Plone My Web"Студентската организација EESTEC LC Skopje при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) - Скопје, организира работилница на тема "Plone My Web" во периодот од 1.12.2007 до 9.12.2007 |  |
Кампања 16 дена активизам против насилството врз жените
ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА КАМПАЊАТА ЛАБИНА МИТЕВСКАНационалниот Совет на жените на Република Македонија – СОЖМ, на 25 ноември, Светскиот ден на борбата против насилството врз жените, се вклучи во меѓународната кампања: „16 дена активизам против насилството врз жените“ со мото, “Еднакви можности за сите - живот без насилство“. |  |
Кампања: Еден до друг – различни, а еднакви
Иницијатива на граѓански организации за недискриминацијаДенес, 9 декември 2007 година, во 2007 година Европска година за еднакви можности на сите, пред 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, повеќе граѓански организации одржаа прес конференција на која беше промовирана заедничката иницијатива за недискриминација „Еден до друг – различни, а еднакви“, чии цели се јакнење на свеста за недискриминација и концептот на еднакви можности, донесување на општ Закон за недискриминација и формирање на независна комисија/тело за заштита на човековите права.
|  |
КОНКУРС
За доделување грантови за истражувачки публикацииМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата “Институционален развој “ ќе поддржи публикување на 7 магистерски трудови кои ќе обработуваат прашања од областа на граѓанското општество. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|