среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Јуни

   

Екосвест

СООПШТЕНИЕ ЗА ИТНА ОБЈАВА

Campagna per la Riforma della Banca Mondiale (Кампања за реформа на Светската банка)
CEE Bankwatch Network (Bankwatch - мрежа за централна и источна Европа)
Friends of the Earth International (Меѓународна мрежа на Пријатели на земјата)

*** Фотографии од акцијата ќе бидат достапни во 14:00 на: www.bankwatch.org/issues/eib/mcampaigns.htm  ***

Потребно е големо чистење на Европската инвестициска банка

Луксембург, 2 јуни 2004 - Активисти од граѓанските здруженија од Европа денес делеа метли на гувернерите на Европската инвестициска банка (ЕИБ) на годишното собрание на банката во Луксембург. Гувернерите и министрите за финансии на 25-те земји членки на ЕУ беа поканети да го зачистат нередот во ЕИБ и да ги започнат реформите на моќната, но тајна европска институција.

Денешното годишно собрание, прво по зголемувањето на ЕУ ги пречека новите 10 члена на ЕУ како акционери во банката. Сепак, причината за прослава не ја одобрија граѓанските здруженија кои го обележија моментот со започнувањето на новата кампања „ Јавни пари за јавен добробит: ЕИБ треба да ги поддржува луѓето и животната средина“ [1].

Кампањата е поддржана од 58 национални и меѓународни граѓански организации.

Магда Сточкиевич која ја води кампањата за реформи на ЕИБ на CEE Bankwatch Network и Friends of the Earth International коментираше: „Моќта во комбинација со тајност воопшто не наликува на современата институционална политичка практика. ЕИБ мора итно да си го обели образот, а доаѓањето на новите гувернери претставува идеална можност за значајна реформа. Што се однесува до институционалната отвореност, достапноста на информации и други прашања, ние даваме реалистични препораки кои само би го подобриле начинот на кој функционира банката.“

Новата кампања на НВОи ја повикува банката да примени мандат за развој базиран на безбедни правила за инвестирање надвор од ЕУ, секторска политика за заеми безбедни по животната средина, развиток на механизми за жалби на засегнатите страни, ефективни мерки за борба против корупцијата и перењето на пари и стратегија за социјално и политички одржливи инвестиции во приватниот сектор.

 

За повеќе информации обратете се на:

Magda Stoczkiewicz, CEE Bankwatch Network/Friends of the Earth International, +31 652 41 03 23

 

Martin Koehler, Campagna per la Riforma della Banca Mondiale, + 32 478 309894

 

Greig Aitken, CEE Bankwatch Network, + 420 605 216 705

 

Белешки:

1) Документот за кампањата „Јавни пари за јавен добробит: ЕИБ треба да ги поддржува луѓето и животната средина“ се наоѓа на страницата на Еко-свест http:\\www.ekosvest.com.mk\materials\EIB_1june_mac.htm

 

 



1 јуни 2004

 

Јавни пари за јавен добробит

 

Европската инвестициска банка треба да ги поддржува луѓето и животната средина

 

Европската инвестициска банка (ЕИБ) стана најголемиот светски позајмувач. Секоја година таа позајмува околу 40 милијарди евра, главно за проекти на земјите членки на ЕУ, но и сe повеќе на земјите од Медитеранот, Африка, Карибите и Тихиот Океан, Латинска Америка и Азија.

ЕИБ се смета себеси за финансиска институција на Европската Унија, но всушност таа се однесува како независна банка која одговара исклучиво пред нејзините акционери, односно владите на 25те земји членки на ЕУ. Од денес ЕИБ мора да е најнетранспарентната, најнеодговорната и најмалку демократска институција во семејството на агенции доверени со примената на политиките на ЕУ и меѓу јавните финансиски институции. Како „домашна банка“ на ЕУ, ЕИБ треба наполно да ги почитува и применува клучните цели на ЕУ како промовирањето на одржлив развој, намалувањето на опасностите од климатските промени, заштита на биодиверзитетот и зголемување на вработеноста. Но реалноста олицетворена во нејзиното портфолио на заеми дава поинаква слика.

Преку огромното позајмување во енергетската и сообраќајна инфраструктура, ЕИБ стана најголем придонесувач на климатски промени во светот. Со нејзината филозофија за „огромно инвестирање“ ЕИБ финансира големи меѓународни компании на кои најмалку им требаат јавни пари, а кои најмалку придонесуваат кон јавната добробит.

Доколку ЕИБ стане позитивен Европски извор на јавно финансирање за јавен добробит во светот, мора да биде претрпи реформи, паралелно со зголемувањето на Европската Унија. Граѓанските здруженија ги повикуваат загрижените граѓани и донесувачите на одлуки во Европа да ги здружат силите и да ја направат ЕИБ институција која ќе ги поддржува луѓето и животната средина. Ја замислуваме ЕИБ како комплетно одговорна кон јавноста и отворена во своето работење. Ја замислуваме ЕИБ како позајмувач на исклучиво проекти кои се социјално и еколошки одржливи, базирани врз јасно дефинирани политики, стандарди и правила, во и надвор од ЕУ, која може да се гордее со поддршката на проекти кои уживаат полна согласност од засегнатите граѓани.

Ќе ја координираме и ќе ја зголемуваме подигнувањето на јавната свест и напорите за поддршка со цел да обезбедиме прифаќање и примена на следните клучни реформи од страна на ЕИБ. Ќе го информираме годишното собрание на гувернерите на ЕИБ за досегашното темпо на постигнатиот напредок.

     

1. Постигнување на стандардите на отвореност на европските институции

 

Во моментот ЕИБ е намлаку отворена институција од сите досега основани институции преку Пактот на Европската Унија, и покрај годините на „дијалог“ со невладиниот сектор и Европскиот парламент за можните реформи. ЕИБ смета дека нејзината затвореност е поради најзината функција како финансиска институција. Сепак, студијата на Bank Information Center (Центарот за информирање за банките) од Вашингтон и Freedominfo (Слобода за информацијата) од Њујорк (април 2004) открива дека ЕИБ е најнетранспарентната во споредба со другите јавни меѓународни финансиски институции како Светската банка и Европската банка за обнова и развој.

Бараме ЕИБ да донесе нов приод кон својата стратегија за достапност на информации усогласен со духот на Регулативата 1049/2001 на Европската унија и Архуската конвенција на достапност на информациите поврзани за животната средина, со што ќе се овозможи адекватно и слободно информирање и консултирање со заедниците и другите страни засегнати од проектите на ЕИБ за пред и за време на реализацијата на проектите. Ова вклучува:

·         Издавање на месечен извештај на активностите на ЕИБ кој ќе објави информации за името и местото на сите проекти разгледувани за финансиска поддршка вклучувајќи го и името на компанијата барател, големината и видот на планираната поддршка од страна на ЕИБ, категоријата на проектот според процената на влијанија врз животната средина и социјалниот аспект и планираните дати за одобрување на проектот од страна на Бордот при банката;

·         Достапност на сите документи поврзани со животната средина, социјалните прашања и човековите права и други информации поврзани со проектот во времетраење од 120 дена пред крајната одлука од страна на Бордот при банката;

·         Достапност на сите релевантни податоци на англиски и на соодветниот локален јазик до сите засегнати страни најмалку 60 дена пред почетокот на јавните расправи;

·         Јавна достапност на записниците од состаноците на Бордот при ЕИБ.

 

2. Развој на мандат основан на безбедни заштитни политики за позајмување надвор од ЕУ

 

Во моментот ЕИБ нема политички мандат за нејзиното позајмување на земјите во развој. Таа одбива да се нарече „меѓународна банка за развој“ иако работи во повеќе од 100 земји во развој и реализира значајни развојни програми на ЕУ во земјите од Медитеранот, Африка, Карибите и Тихиот океан и земјите партнери на ЕУ. Што е уште пострашно, сегашната практика всушност на ЕИБ u дава „бела карта“ за инвестирање надвор од ЕУ каде не е јасно какви социјални и еколошки стандарди таа применува во проектите или ткн „глобални фондови“ за различни медијатори.

Бараме ЕИБ да ги постигне глобалните развојни обврски на ЕУ и стандардите поставени од другите меѓународни банки за развој. Ова подрзбира:

·         Проектите поддржани од ЕИБ во земјите во развој мора да покажат како придонесуваат кон посигнувањето на „милениумските цели за развој на ОН“ и обврските на Европската унија за хармонизација на политиките, вклучувајќи ги и намалувањето на сиромаштијата и барањата за заштита на животната средина и социјалните прашања;

·         Строги забрани мора да ја спречат поддршката на ЕИБ за проекти кои: подразбираат значајни промени или деградација на критични природни хабитати, вклучувајќи ги и хабитатите на сите загрозени растителни и животински видови во светот; поддржуваат нелегално искористување на природните ресурси; подразбираат производство на супстанции кои се забранети или се планираат да бидат отстранети од произведство; или кои вклучуваат изградба на големи брани кои не соодветствуваат со критериумите на Светската Комисија за брани;

·         Стоги забрани треба да ја спречат поддршката на ЕИБ на проекти во региони каде прекршувањето на слободата на изразување и друите граѓански и политички права им ја ускратуваат можноста на заедниците да покренуваат прашања за проектот или да учесвуваат во неговото планирање и реализација;

·         ЕИБ треба комплетно да ги донесе препораките изнесени во „Прегледот за рударските индустрии“ изработен од Светска банка од јануари 2004 година.

 

3. Секторска политика за позајмување безбедна по животната средина

 

Во моментов, позајмувањата на ЕИБ не се базирани врз секторска политика, која всушност би требало да биде основа за нивните одлуки поврзани со инвестирањето. Со оглед на тоа дека таа генерално е водена од политиките на Европските институции, ЕИБ досега се воздржуваше од развивање на јасни цели во секој сектор, иако најголемиот број на европски политики во секој сектор, посебно во полето на животната средина, треба да бидат јасно определени за функционирањето на банката.

Ние бараме ЕИБ да развие секторски политики за инвестирање во енергетиката, шумарството, сообраќајот, управувањето со водите и отпадот, како и во другите клучни области кои се во фокусот на европските политики за животна средина, базирани врз постоечката Европска легислатива и политики. ЕИБ би требало да воспостави советодавно тело за одржливо инвестирање и заеми, составено од претставниците на банката, европските институции, владите на земјите членки, невладини организации и индустријата задолжени со основите на развојната политика за инвестициите на ЕИБ во енергетиката, шумарството, сообраќајот, водите и други проекти. Работата на советодавното тело треба да е целосно отворена и сеопфатна.

Сектор енергетика: ЕИБ би требало да престане со финансирање на нови проекти поврзани со фосилните горива до 2008 година, заменувајќи ги со програми за обновливи енергии и програми за ефикасно искористување на енергијата, како и да се осигура дека сите компоненти за заштеда на енергија во било кој индустриски или енергетски проект се максимално применети;
Сектор шумарство: ЕИБ би требало да ги зголеми заемите за реставрација и конзервација на шумите кои ќе се базираат врз критериумите за заштита на животната средина и социјалните критериуми, развиени од страна на сите засегнати страни. Таа би требало да финансира единствено проекти кои придонесуваат кон спречување на нелегалната или уништувачка сеча и промовираат управување од страна на заедниците или одговорно управување со шумите преку соодветна квалификација. Таа не би требало да финансира „понори на јаглероден диоксид“ бидејќи тие не се трајни складишта на јаглеродниот диоксид и ги насочуваат ограничените финансиски ресурси подалеку од обновливите извори на енергија;
Сектор сообраќај: ЕИБ би требало да го зголеми финансирањето на градскиот јавен транспорт, железничките линии и велосипедите, а би требало да престане да го поддржува ширењето на автопатите и аеродромите;
Сектор за водоснабдување: ЕИБ би требало да ги зголеми заемите поврзани со конзервација на водите, третман на отпадните води и да спроведува интегрирана проценка на влијанието врз водните ресурси за сите проекти поврзани со индустријата, земајќи ги во предвид потребите за вода на природните екосистеми од целиот регион од каде се зафаќаат водите;
Сектор за управување со отпадот: ЕИБ би требало да ги зголеми заемите за одржливо управување со отпадот, ставајќи го во прв план минимизирањето на отпадот на изворот на неговото создавање, како и технологиите за рециклирање и реупотреба.
 

4. Создавање механизам за жалба на засегнатите граѓани

 

Во моментов, само на граѓаните од Европската Унија им е дадена можноста за приговор околу активностите на ЕИБ преку Европскиот народен правобранител. Покрај тоа, приговорите за евентуалните грешки на ЕИБ се разгледуваат исклучиво според нејзините правила.

Бараме ЕИБ да донесе добро развиен механизам за одговорност и приговори, кој ќе обезбеди еднаков пристап за граѓаните надвор од Европската Унија. Механизмот би требало:

Да биде целосно независен во истражување на фактите и да има право да истражува околу сите аспекти поврзани со внатрешните правила на ЕИБ и проектите поддржани од ЕИБ;
Да дава гаранција дека активностите поддржани од ЕИБ се задржуваат на човековите права, социјалните политики и политиките за животната средина и воопшто дека проектот ги почитува правата и животната средина на засегнатите граѓани;
Да им овозможат на засегнатите заедници ефективни решенија;
Да имаат право на компанијата клиент да применат низа санкции, вклучувајќи ја и укинувањето на идна финансиска поддршка и ставање на „црна листа“ доколку некое од горенаведените правила не се почитуваат.
 

5. Ефективни мерки за борба против корупцијата и перењето пари

 

Во моментот, ЕИБ е подложна само на ограничено надгледување на коректноста на нејзиното финансиско работење преку Канцеларијата за спречување на измамата (Anti- Fraud Office- OLAF). ЕИБ досега се воздржа од било какви изјави дека ќе ја повелче поддршката од проекти каде се замешува корупцијата.

Бараме ЕИБ да донесе ефикасна стратегија за спречување на корупцијата преку:

·         Клиентите на ЕИБ мораат да покажат дека тие и нивните агенции и финансиски агенти работат во согласност со препорачаните меѓународни практики за сметководство и дека применуваат програма за корпоративно следење која овозможува адекватни системи за внатрешни меахнизми за откривање на подмитување и корпуција;

·         Ветување од страна на ЕИБ дека ќе поддржува исклучиво договори добиени преку отворен и јавен тендер;

·         Истражување на сите обвинувања за корупција и автоматско пренасочување на ваквите обвинувања до соодветните законски агенции и престанок на преносот на сите заеми додека трае истрагата на наводната корупција;

·         Употреба на санкции, како укинување на правото за финансирање во следните 10 години и плаќање на казни како и објавување во јавност на исходот од истрагата на поткупот.

 

6. Социјално и политички одржлива стратегија за позајмување во приватниот сектор

 

Во моментот ЕИБ нема критериуми за најзиното позајмување во приватниот сектор со исклучок на основните финансиски стандарди. Освен тоа, ЕИБ нема ефикасни алатки за следење на крајниот корисник од нејзиното позајмување во приватниот сектор.

Бараме ЕИБ да развие политика за инвестиции во приватниот сектор која во целост ќе ги почитува човековите права и ќе има програма за активна корпоративна социјална одговорност, и ќе вклучи:

·         Донесување на разбирлива група на обврзувачки правила и стандарди за животната средина, социјалните прашања, човековите права и економскиот развој кои ќе се применуваат во сите нејзини активности и проектни партнери, и кои ќе бидат во согласност со Европската легислатива и постоечките меѓународни инструменти;

·         Поставување на соодветен механизам за следење за да се обезбеди дека компаниите кои добиваат поддршка од ЕИБ работат согласно со законите за животна средина, човекови права и одговорност пред јавноста во земјите на нивното седиште и работа, како и меѓународните обврски за човекови права и животна средина на земјите каде компанијата работи без разлика дали овие обврски се вклучени во домашното законодавство;

·         Компаниите- клиенти на ЕИБ треба се придржуваат кон принципите на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) за меѓународни претпријатија и да известуваат за нивното исполнување на истите преку редовни извештаи;

·         Компаниите- клиенти на ЕИБ треба да покажат дека поседуваат применливи механизми кои ја обезбедуваат заштитата на значајните инструменти за меѓународни човекови права и ILO стандардите за труд.

 

Кампањата Јавни пари за јавен добробит е поддржана од:

 

Потписници:

 




A SEED

Birdlife International

CEE Bankwatch Network

FERN

Friends of the Earth International

International Rivers Network

Royal Society for Protection of Birds (RSPB)

WWF European Policy Office

 

Atgaja, Литванија

Asociacion Civil Labor, Перу

BUND _ (Bund fur Umwelt und Naturschutz Deutschland), Германија

Campagna per la Riforma della Banca Mondiale, Италија

CEIE, Бугарија

CEPA, Словачка

Centrum pro dopravu a energetiku, Чешка Република

Clean Air Action Group, Унгарија

Eco-sense/ Еко-свест, Македонија

Environmental Defense Fund, САД

Euronatura Centre for Environmental Law and Sustainable Development, Португалија

Finnish ECA Reform Campaign, Финска

Friends of the Earth England, Велс и северна Ирска

Friends of the Earth Естонија

Friends of the Earth Гренада

Friends of the Earth Шкотска

Friends of the Earth Словачка

Green Alternative, Грузија

Green Federation 'Gaja', Полска

Hnuti Duha, Чешка Република

Institute for Environmental Economics, Полска

Les Amies de la Terre, Франција

Milieudefensie, Холандија

National Ecological Center of Ukraine, Украина

National Society of Conservationists, Унгарија

Polish Green Network, Полска

Quercus, Португалија

REDES, Уругвај

Urgewald, Германија

VAK, Латвија

WEED, Германија

Za Zemiata, Бугарија




 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA