|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ИНТЕРВЈУ: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Нема прекумерна употреба на сила, жими мајка!
Преземено од Вечер
Го критикувате предлог-законот за полиција во своите извештаи. Според Вас, отсуствуваат прецизни одредби со кои се регулира одговорноста на полицијата. Велите полицајците се привилегирани со тоа што се казнуваат само со дисциплински мерки за дела за кои обичен граѓанин би одговарал и кривично. Самата намера да се донесе ваков закон и работата на неговото формулирање, веќе претставуваат огромен чекор напред во развојот на демократијата во РМ. Критиките се прават со цел да се обезбеди фактичка применливост на одредбите на законот и тој навистина да обезбеди постоење на полиција чија основна цел е заштита на човековите права и слободи. Во законот се дефинирани многу обврски на полицијата и начин на постапување кој се очекува од секој полицаец во текот на остварувањето на своите работни задачи, меѓутоа не се прецизирани начините на кои граѓаните ќе можат да се заштитат во случај кога полицаецот не ги почитува овие законски одредби. На пример: "Кога лицето кон кое се применети полициските овластувања согласно со овој закон, смета дека полицискиот службеник ги повредил неговите слободи и права, има право на претставка до Полицијата" - прашање е, што да направи граѓанинот ако никој во полицијата не сака да му ја прими претставката; или, "Во извршувањето на полициските овластувања полицискиот службеник е должен да постапува хумано и да ги почитува достоинството, угледот и честа на лицата како и основните слободи и права на човекот и граѓанинот" - прашање е, што може да направи граѓанинот ако полицаецот не постапува на пропишаниот начин... Проблемот на кривичното гонење на полицаец е многу покомплексен и тој е поврзан со отсуството на надворешна и независна истрага која би можела да се спроведе во врска со секој конкретен случај. На пример, кога полицаец е обвинет дека применил прекумерна сила и постои пријава до јавниот обвинител, тој нема можност самиот да направи истрага, туку може само да побара од органите во самото МВР да спроведат таква истрага. Вообичаен резултат е одговор во кој се тврди дека соодветниот орган направил таква истрага (жими мајка) и нема прекумерна употреба на сила (пак жими мајка).
Во тој контекст, го посочувавте случајот Бекиров, но завршницата како да се заташка. Ги обвинувавте Алфите, вашите докази паднаа или... И во случајот Бекиров станува збор за споменатиот проблем. Имало полициска акција, по која едно дете исчезнало и по 18 дена е најдено мртво. Според податоците од направената истрага (жими мајка) се е во рамките на законот (жими мајка). За да отидеме барем чекор понатаму од жими мајка и да иницираме воспоставување односи во кои секој независно од функцијата која ја зазема е одговорен за прекршување на законот на еднаков начин, направена е втора обдукција, поднесена е кривична пријава до Јавниот обвинител и доколку тој не го преземе гонењето, случајот ќе продолжи со поднесување приватна тужба.
Деновиве е актуелна снимката на двете момчиња што се принудени да си удираат шлаканици, со веројатност дека тоа се случило во некоја полициска станица. Запознаени ли сте со случајот? Немаме директни информации за конкретниот случај, меѓутоа во Комитетот доаѓаат информации за многу случаи во кои полицијата се појавува како прекршител на човековите права. Проблемот со водењето на овие случаи е тоа што најчесто жртви на несоодветното дејствување на полицијата се лица кои припаѓаат на чувствителните групи од населението (сиромашни, со низок социјален статус, корисници на дрога, сексуални работнички). Овие групи се чувствителни токму заради тоа што се немоќни, а спрема нив генерално се врши дискриминација или се предмет на поопшти предрасуди. Тоа значи дека лесно можат да бидат заплашени, а јавноста не застанува на нивна страна и немаат сила да издржат долги процеси против полицијата. Резултатот најчесто е откажување од гонење на сторителите на кривичното дело, а тие продолжуваат да живеат со убедувањето дека имаат право да тепаат, да малтретираат, да навредуваат и да понижуваат бидејќи никој ништо не им може.
Често пати потенцирате дека секое ограничување е лишување од слобода. Што со можноста за неоснован притвор? Одредбата во законот за полиција со која се утврдува дека граѓаните можат да бидат присилно приведени во полициска станица ако не се одзват на повикот да дојдат на разговор и давање информации е резултат на истата формулација дадена во Законот за кривична постапка која е спротивна на Европската конвенција за човековите права. Ваквата одредба значи дека секој граѓанин (кој не е осомничен дека сторил нешто спротивно на законот), мора да дојде во полициска станица кога на полицијата ќе и текне дека нешто сака да го праша. Доколку не дојде ќе го приведат, не затоа што сторил нешто или затоа што е осомничен дека сторил нешто, туку само поради тоа што не сака да разговара со полицијата.
Транспарентност Македонија ја изгуби лиценцата. Ве загрижува ли тоа? Дали е ова прв отворен знак дека НВО-секторот не е ништо поефикасен од властите во државата - секој може да раководи со невладините организации, никој не го контролира нивното финансиско работење, не се почитуваат правилата на игра... Сметам дека станува збор за едно многу покомплексно прашање кое заслужува поширока расправа. Начинот на кој се реагираше на случувањата во Транспарентност е во голема мера поврзано со базично неразбирање на јавноста (особено на медиумите) за тоа што претставува невладиното организирање и обидот на невладините организации да се пресликаат правилата на работење кои важат за државните органи. Невладина организација можат да формираат 5 полнолетни лица кои решиле дека имаат некој заеднички интерес и сакаат нешто заедно да направат или сакаат нешто заедно да му кажат на светот. Значи, тие можат да си прават што сакаат и како сакаат се додека со тоа не го кршат законот и не прават некое кривично дело. Во одделни држави и верските заедници претставуваат невладини организации (пр. во Австралија и Канада) затоа што луѓето можат да си веруваат во што сакаат, а не во она што им го наметнува традицијата, околината или етничката припадност. За невладините организации не важи поимот непотизам. Една невладина организација може да биде составена од членови само на едно семејство. Може да биде наклонета кон конкретна политичка партија, да соработува со неа и да поддржува одредени политички опции. Единствено не смее директно да учествува во изборна кампања и да прибира средства за финансирање на изборни кампањи или политички партии.
Ќе следува ли проветрување во НВО под директива на светските централи бидејќи општ впечаток е дека се дадени големи пари, а отчет и резултати нема? Во невладините организации остварената добивка не смее да се користи за други цели освен оние што се запишани во програмата на организацијата. Внатрешните односи невладините организации си ги решаваат според правила кои сами си ги пропишуваат (во рамките на законот). Доколку постои хиерархиска структура (централа и дисперзирани единици), прашање на внатрешните односи е како ќе се справат со проблемите кои се појавуваат. Но, финансиското работење во рамките на проектите го контролираат донаторите. Тие се единствените пред кои се дава отчет и кои можат да кажат дали се задоволни или не се задоволни со резултатите, а пошироко, контрола врши самата држава преку сопствените инспекциски служби. Можноста за несоодветно работење со парите во невладините организации е многу ограничена и мала, за разлика од можностите за злоупотреби кои можат да бидат направени во фондациите (кои се појавуваат како имотни маси кои стекнуваат и управуваат со имот). Правилата на играта се дадени во Законот за здруженија на граѓани и фондации каде што се предвидени и казнени одредби за нивното прекршување. Се она што се случува во самите невладини организации (а не претставува кршење на законот) си е нивна сопствена работа и воопшто не треба да не загрижува. Она што сите нас треба да не загрижи не е колку е ефикасен невладиниот сектор, туку можноста невладиниот сектор да се покаже како поефикасен од државата. Е, во таква ситуација дефинитивно сите ние имаме голем проблем, бидејќи тоа ќе значи дека сме ја загубиле државата, а без држава нема кој да го гарантира практикувањето и заштитата на човековите права и слободи.
Дејан МИШЕВСКИ
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|